Го изгледав филмот, но не со тој елан со кој сакав. И пак прочитав се. Сега знам дека не требаше. Секако не ми влијаеше позитивно. Само ми го врати гневот од прееска. Дури и кога го гледав филмот, мислев на тоа и ми излеваше нејзиниот лик. Не можам. Едноставно, не можам. Мислев оти можам, но не можам, премногу боли. Воочивме дека не сум силна ко тебе па да поминам преку кажаното. Не можам Скоро никогаш не сум била љубоморна, но сега сум. Мој си, мене ме сакаш, но сепак сум ... И тој 1% или колку и да е што ти летаат мислите таму, пак ме прави љубоморна. Те повредив, знам, но јас не можам да го поднесам тоа. Јас плачам и за најмала караница, а не за вакво нешто ... Се надевам дека со тек на време ќе помине, иако нема да го заборавам, и постојано ќе се прашувам. Но како што викаш ти, ќе се навикнам. Да, веројатно ќе се навикнам, но јас не делам. Себична сум, сакам се за мене. Кога ќе се видиме, ќе можеш да ја бакнеш мојата прва лузна. Потпишана е од тебе, теле мое
Оооо, туго...... Зошто ли се согласив на таа совршена анти-комбинација? Си знам каква after-party ми предизвикува на дигестивниот систем, ама ете...... Ако, така ми е, денес место тебе ќе си гушкам нешто друго. А тебе казната за ова допрва ќе те стигне, има на рати да ја отплаќаш и да се искупуваш за ова
После вчерашната вечер не знам дали ќе продолжи нашата врска.Не знам ни дали сакам да продолжи,можеби сакам можеби не.Знам само дека тоа се што ми тежеше на душава од изминативе две години ти го изнареков.Жалам што така се разделивме нема да те видам долго време,за мене долго, недела,две три.А можеби и никогаш повеќе. Јас разбирам и во право си за тоа,но што да правам,татко ми е и мора да го слушам додека живеам под негов покрив.Вистина имам 19 години,полнолетна сум ама мора да ги слушам Од тебе ништо не барав,само за тоа да не ми викаш,многу беше?? Срце те сакам тешко ми е без тебе но еден е животов а јас не сакам вака да го поминам. АКо даде Господ врскава наша да продолжи верувај дека нема да биди вака како до сега. А сега убаво да си поминиш таму,го пишувам овде не можам да ти го кажам лично ветив дека нема да ти се јавувам и прва да те побарам имам уште малку гордос што не сакам да ја прегазам.
Што ми е на мене ич не ти обрнувам внимание како замаена сум ,прости не е ништо сериозно онака чиста замаеност .Како да не сум своја
Здраво говно. У случај да те интересира, вчера имав ужасен ден благодарение на тебе. Само сакав да те прашам, дали некад некој у живот ти кажал какво говедо си? Гррр големо! Си испоначукал 22 години ама мозокот изгледа ти има пречки во развојот. Па ти бе срце си немал муда бееее! Пичкетино една, да знаеш колку ќе бидам среќна ако останеш со неа! Ха! Да, да, баш ќе бидам среќна. Само таква клошарка е за тебе, да те брука кај и да одите. А јас...па ти кажав веќе, заслужувам многу повеќе од фетус како тебе, и верувај ми, ќе го најдам тој некој и кога ќе ме видиш со него ќе те боли. Оооо како ќе те боли, зошто ќе знаеш дека можеше да ме имаш, ќе бев само твоја срце, да беше малку попаметен. И кога ќе дојде тој момент, те молам дојди и поздрави се. Сакам да ме погледнеш и да видам каков ќе ти биде погледот тогаш. Беден. Фала ти за сите нервози, ми го раздрма малку животов, а сега сакам само да заборавам дека некогаш си постоел. Можда ќе ми треба време, ама барем научив дека за некои работи мора да се чека. И ќе дочекам.
Играш топло-ладно?Е па отсега само ладно ќе добиеш. Ќе те игнорирам, па ти мисли се зошто. Се правиш женкар...ама кога ќе дојдеш до жена, се губиш некако. Ете колку си слаб. Твоето набилдано его од една страна, а твојата „минијатурна машкост“ од друга страна те прават најголемото лигле што сум го запознала. Па уште ми се криеш на чат од ФБ...ама те провалив веднаш. Мислеше дека ќе ти досаѓам?? Не,,,не сум од таквите што на фб се лижат. Ама ок си е....Вака ми се намали желбата да те сретнувам секој ден...И многу подобро се чувствувам вака...Знам на што сум...Отсега можеш само да ме викаш другарче..Тоа и ќе ни остане...Затоа што поинаку и не може.
Јас замислувам разговор со тебе, некакво правдање, некакво објаснување. Јас смислувам прикладни зборови, вистинити, топли, искрени докрај. Можеби јас би ти кажала во тој дијалог дека, и покрај сето, ти си повлекол виножито над мојот живот, дека ти си ме вклопил во некаква неповторлива целост, така што се` добило своја смисла, како само по себе да се создало чудо. Можеби малцина, а можеби и никој не се измислил така себеси како што сме се измислиле ние двајцата. Па сепак, и покрај тој голем подем по гест и збор, на крајот заклучувам дека е подобро да не дојде воопшто до тој разговор. Го оставам Конески да зборува наместо мене
Само да ти кажам дека не знам дали ќе продолжиме понатаму. Сега знам што ќе се случува 2-3 дена со нас. Нема да се јавиш, нема да се јавам, нема да се видиме и проблемот само ќе се зголемува и ќе се влошува. Тоа што го направи вчера нема да ти го опростам да знаеш! Не знам ни дали сакам да сме повеќе заедно. Што ако сме заедно само ќе се измачуваме и двајцата, а и не знам зошто би биле заедно. Никогаш не сум ја имала врската што ја сакав со тебе. Понекогаш и љубоморам на сестра ми да знаеш. Да и љубоморам, затоа што таа има врска каква што сакам јас! Ти никогаш нема да биде романтичен, ти никогаш нема да се ПРОМЕНИШ! Зошто да го губам времето со тебе а?? Ајде кажи ми зошто и ќе го губам. Затоа што те сакам? Е извини цуцо не е доволна само љубовта овде. Треба да има доверба, треба да има добра комуникација и многу други работи. Се тоа во нашата врска го нема!! Да ти го кажам на тебе оваа сега ќе ми кажеш секакви навредливи зборови и ќе ми кажеш дека јас сум КРИВА за се! Е не сум крива душо. Кажувај што сакаш ама овој пат ќе видиш кој е крив кој не е.
Ништо не би ти кажала. И да сум во моментов до тебе, најверојатно би молчела. Би дозволила мојот поглед да ти каже се. Чудно ти е?
Мноогу се разочарав, да си знаеш кај најде тој човекот да прави свадба.. баш следната сабота? Кај те немам видено цел месец, ќе мора да одиш таму. А договорот за палачинка? Едвај чекам да те видам, а ќе мора да почекам уште еден ден дури? Не е фер па
Сакам да збориме убаво. Само јас и ти. На некое тивко и топло место. Сакам подобро да те запознаам, без проблем да ми кажеш се за тебе, сакам да ми веруваш, да можеш да ми ги довериш твоите тајни знаејќи дека се на безбедно. Сакам да се смееме како порано. Имаме толку многу да надоместиме. Се уште се сеќавам кога те запознав, уште тогаш осетив нешто но дури сега сфатив . Не можеш ни да замислиш колку сакам да седнам со тебе и да збориме, еве не мора ни да збориме можам само да те гледам , доволно ми е и тоа... И те молам од време на време смеј се, тешко ми е да те гледам намуртен... Те мачи ли нешто? Можеш да ми кажеш се... Но најверојатно ова ќе останат само мои скриени желби, бидејќи немам сила да направам нешто за да се остварат. Да знаеше колку сум срмежлива и колку ми е глупаво можеби ќе превземеше и ти уште нешто. А и мислам не е фер спрема тебе се ова што го правам (доколку воопшто чувствуваш нешто спрема мене се надевам дека не си замислувам), но навистина ми е тешко.. Ветив одамна дека ќе пробам, и се уште стојам на тоа... Те молам стрпи се уште малку, се надевам ќе се исплати... http://www.youtube.com/watch?v=RB-RcX5D ... ure=relmfu Tell me your secrets And ask me your question... Nobody said it was easy No one ever said it would be this hard
Како и секоја недела и оваа си го обработи своето. Денеска некако денов си `летна`,а не се ни слушнавме како што треба. Утре ќе биде подобро...