Што би му кажале...

Дискусија во 'Врски' започната од Lilit, 13 декември 2009.

  1. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Не знам што точно да ти кажам.
    Преморена сум знаеш? Буквално преморена ...
    Дури и од тебе, дури и од нас ...
    Дали вреди кажаното те сакам повеќе од се, кога веќе наредниот ден двајцата правиме драстични постапки одејќи од крајност во крајност со цел да промениме некоја работа кај другиот ... и никако нема успешен резултат ...
    Дали треба на некој што се сака да му се тера инает?
    Епа зошто ти терам постојано?
    И зошто ми се инаетиш постојано?
    Толку ли сме сигурни дека нашето засекогаш ќе трае? Толку ли сме препуштени и сакаме само да биде како што сметаме дека треба да биде?
    Кога е убаво убаво е, кога е за нигде е стварно за нигде ... рај и пекол, се додека сме заедно.
    А до кога ќе бидеме заедно? До кога ќе имаме сила да се сакаме? До кога ќе трае љубовта и до кога ќе можеме да затвараме очи на меѓусебните пречки и недостатоци?
    До кога будало мое човече?
    Вчера се каравме, вчера се смиривме, зошто денес пак се инаетиме? Зошто со вакви постапки се обидуваш паметот да ми го дотераш? Нема, нема и нема. Јас сум јас, таква иста со години, таа што ја сакаше и што ја сакаш, не се сменив, ниту ќе се сменам, јас стојам цврсто зад моите желби, и зад она што го посакувам во врската ...
    Зошто ми викаш дете?
    Дека ти се качувам на глава понекогаш?
    Дека се дерам кога ќе ме повредиш со ситница?
    Дека те напнувам и ти досаѓам кога имаш најмногу работа?
    Дека наместо да ти речам ми треба да те гушнам јас те навредувам и се карам?
    Дека треба да имаме еруптивна расправија за да извадиме огромен бес од нас, па да се смириме и да кажеме што ни лежи на душа?
    Сите се против нас, буквално сите ... треба ли и јас и ти да бидеме против нас? против она што го имаме? Зошто?
    Затоа што сакам да биде како што на мене ќе ми прдне, и ти го сакаш тоа истото во еден одреден период од месецот ...
    И еден период е се супер, па еден период онака се океј, па еден период е за нигде ...
    Затоа што не можеш да сфатиш дека во врска човек има и обврска.
    Тогаш не се обврзувај, ама не ме терај да сфатам дека е нормално да не се слушнеме два дена ...
    Во ред, ден, два, три, пет да не се видиме, ама дека ти е тешко една слушалка да кренеш еднаш во денот барем не можам да поверувам, и нема да се навикнам на тоа. Џабе се трудиш, џабе ми збориш, џабе напразно ми ветуваш.
    Јас сум дете да, јас знам да збеснам, знам да се испонашам, знам да се раздерам, знам да направам непромислена постапка, знам да плачам за ништо, знам да преувиличувам работи, и исто така знам дека те сакам со целото срце и душа, и дека си ми единствениот со кој толку сум се препуштила, и јас сметам дека така треба.
    Јас не сакам да ти досаѓам или да ми досаѓаш кога сум со другарки, ниту сакам животите на страна од врската да ни запрат, само сакам во врската да сме двајца ...
    И ме повредува твоето не е голема работа бе мече, што ако не сум ти се јавил еден ден.
    Епа лајна. Не може така. не може и не може и не може и не може. Тешко ли ти е?
    Ако ти е тешко, тогаш фрламе во вода се. Секоја година, секој месец, секој убав момент, секој спомен, се што сме поминале ...
    Можеби не сега, но некогаш во животот ќе најдам некој што ќе ме сака.
    И не е толку битно се што кажувам, колку што сакам да покажеш дека ме цениш, и не тоа да го покажеш еднаш, туку да го знам тоа, не да се посомневам во тоа ... никогаш.
    Не да ми викаш извини за да не се караме, кажи извини ако го мислиш тоа, ако сметаш дека сум крива за нешто кажи го и тоа ...
    Знам дека сум чудна, и дека се ми се насобира во овие денови, ама така е ... и тоа.
    Од мене тоа е ...
    Што треба? да си правиме обратни психологии на секои две недели? Да се караме секој трет ден, зошто како кој и колку се јавил или пишал? колку сме се виделе и со кого и како и што ... за глупости? за да биде по твое или по мое?
    Ако ништо друго, јас барем се трудам со сите сили да ги сменам барем малку работите што ти сметаат кај мене ... нема некои драстични резултати ама се трудам. Иако се инаетам, иако се понашам како да си не знам што, се трудам, и никогаш нема да знаеш колку те сакам, затоа што никогаш нема да изнајдам зборови за истото да го кажам ...
    А понекогаш не знам дали е и од твоја страна исто, едноставно се плашам ...
    А после се, најголемиот страв ми е дека ќе те изгубам, можеби затоа упорно те туркам од себе, можеби затоа од глушец правам слон, можеби затоа хистеришам, можеби затоа се кочам, можеби затоа правам непромеслени работи ... затоа што полесно ќе ми биде доколку јас те оттргнам од себе, а не ти сам да се тргнеш од мене.
    Те сакам секогаш до мене, сакам секогаш да ме смирува твојот допир во најголемата нервоза, сакам секогаш твоите раце да ми ги бришат солзите, сакам секогаш твојата прегратка да ми е најбезбедна, сакам секогаш да сум со тебе, зошто колку и да ме нервираш, колку и да те мразам, колку и да се вадиме од такт, колку и да се инаетиме, јас те сакам најчисто, најдетски и најискрено.
    Што да ти кажам повеќе? Ако дозволиш такви глупости да ни ја однесат врската во пропаст тогаш си недозреан, недоквакан, прост, идиот.
    Ако дозволам јас да ме кочи проклетиот страв од утре, и што може да е утре, и ако продолжам да се однесувам како што сум тргнала, тогаш јас сум нешто полошо и од работите што за тебе ги наброив ...
    Зарем созреваме? И зарем така нагло се променуваме? наеднаш ти гледаш толку сериозно на врската и толку лабаво и сигурно дека сме заедно, а јас како мал уплашен зајак би била со тебе 24 саати за да не ми избегаш ...
    Не сакам уште еден период без тебе, затоа што проклето боли. Сме издржувале по месец, два, а боли толку факинг премногу што се чудам и како функционирам тогаш ... и кога ќе се наместат коцките со тебе во мојот живот, се друго е небитно за мене.
    Затоа што ти си ми се, затоа што душата ми е на место само кога ќе погледнам во твоите очи и кога бакнувајќи ме во чело ќе ми речеш те сакам ...
    И јас те сакам, повеќе од се на светов ...
    И мразам што толку ме познаваш а јас си мислам дека воопшто не ме познаваш ... но кога подлабоко ќе размислам, знаеш и како дишам.
    Справувај се со мене, како и до сега, затоа што стварно добро го правиш тоа. Можеби ќе дојде ден кога ќе се помирам со твојата преголема доверба и се друго што ми смета, и можеби ќе дојде ден кога ти ќе се помириш со моите мани., што и не се баш малку на број, ама самиот рече, ме сакаш повеќе од се, ме сакаш со сите мои мани, и јас тебе, грешката е само што се трудиме да ги промениме. Ама тоа е, пмс не фаќа во исто време.
    Пошто знам колку искрено ме сакаш, и знам колку искрено те сакам, длабоко во срцето знам, ама знам дека се ќе биде добро, и утре пак ќе се мушнам во твојата прегратка гризејќи те и закачајќи те ... да ми се полни срцето додека се смееш, и да уживам сега, во моментот, без да ме интересира утре, и се поврзано со утре. Ти од мене го вадиш најлошото, но и најдоброто ... а тоа да, се викаше љубов.

    :hug:
    http://www.youtube.com/watch?v=pjqre-8i ... re=related
     
    На Divinebutterfly, Peperutka90 и L-enna им се допаѓа ова.
  2. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Oтиде во историјата,жалам,те сакав и се уште те сакам но морав да те избришам од секаде веке еднаш засекогаш.

    Жал ми е што не си го одржавме ветувањето.Самиот си крив.Ти прв го започна ова.

    Се секаваш кога ти реков не,сакам да бидеме пријатели а ти што направи?ти беше упорен а јас ти се препуштив на крај.
    Се секаваш кога ми рече да те водам дома и да се венчаме?Ти реков ти си луд не го прави тоа не сакам да те загубам?Ти рече без оглед на околностите нема да те загубам.
    Кога ти реков дека те сакам?....

    Се е џабе...

    Мораше еден ден да биде крај...мораше.

    Збогум.Никогаш нема да те заборавам.Никогаш.Остави белег во мојот живот.Те молам чувај се. :doh:
     
  3. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.525
    Допаѓања:
    92.224
    Пол:
    Женски
    Знаеш, боли кога други луѓе ти ги отвараат очите. Денес ме здоболе кога ми рекоа- Леле како те остава по се што направи за него? Само реков - негов е животот.
    Мразам што сме сигурни во нас, а не знаеме што носи утре, наредниот месец, наредната година. Мразам што си убеден дека нема да те оставам без разлика на се, мразам што сум убедена и јас во тоа. Потребен си ми тука до мене. Мислам да не се твоите интервјуа нема со месеци да се видиме. Плачам понекогаш кога ќе ми текне дека ќе одиш, а пак понекогаш се чусвтвувам толку слободна. Не дека сега не сум.
    Ах, не знам што со нас. Не знам дали се потребни сите ветувања кога можеби нема да ги исполниме. Не знам дали е потребно расчистување или поголемо спојување. Не знам!
     
    На srcekrsacka и Adi888 им се допаѓа ова.
  4. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Немој толку да работиш. :(
    Забележуваш ли колку влијае...
     
  5. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    23.256
    Пол:
    Женски
    Не се баравме......а се најдовме
    И сега заедно како повторно ....да се бараме
    Можеби тоа е љубовната смисла
    Бескрајната љубов....или убавина во неизвесност
    Да се чека.....недочеканото
    Да се надеваме.....во безнадежноста
    Да се гушкаме......без прегратка
    Да се љубиме ....без бакнежи
    Се бараме во мислите....знаејќи дека сме тука некаде
    Толку блиску......а толку далеку....
     
    На L-enna и Lola-M им се допаѓа ова.
  6. Podarok

    Podarok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    76
  7. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Епа нема да биде се по твое!!! :@
     
  8. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Те обожавам едноставно!

    Не си свесен дека си ми во коски влезен...
     
  9. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Ме исполнуваш како водата што ја испoлнува чашата.
    Постојано си ми во паметот како што зеницата е вечно во белата празнина на окото.

    Посебен си.
     
  10. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    па со да му кажам,коа нишо не разбира ,со ке се мачам да зборувам :D :rofl:
     
  11. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    :hug:
     

    Прикачени фајлови:

    На IndieGirl и senjorita-v им се допаѓа ова.
  12. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
  13. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    а бе те сакам, те сакам и те сакам :lol:
    без тебе веќе не умеам ни воздухот сама да го дишам!!
    waaaaaaaaaah што ми направи ти на мене цццц :) :* :* :* :* :*
     
  14. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Треба психијатар да си побараш, сериозно мислам дека не си во ред!
     
  15. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
  16. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    23.256
    Пол:
    Женски
    Душа моја најјуба, знам дека нејќиш да се грижам, ама не можам таква сум.

    Толку ми си влезен под кожа шо незнам дали некогаш ќе те извадам.

    Ќе ги победиме сите препреки.

    Те сакам. :hug: :l:
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
  18. girl23

    girl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    33
    Како би ти дошла на работа и би те згмечила од гушкање :lol: :angel: Онака од љубов,..љубено мое!
     
  19. padme1517

    padme1517 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    14
    Не ти личи да се однесуваш како 3 годишно дете.ПОРАСНИИИИ!
     
  20. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Колку ги сакам овие срамежливи погледчиња,леле :wasntme: :$ :*
     
    На Elennaa и IndieGirl им се допаѓа ова.