оф душичке, што ли му е на татко ти вчера добро му беше,се надевам дека нема да го испратат на гастро т.е на гастроскопија(подобро да му направат приватно, отколку на клиника оти кутричок човек ке се мачи-без анестезија е) а очигледно ке му треба,зал ми е што вака ти се случува, знам како му е , поминав низ истото пред неколку месеци
Ти си мое ноќно мумлавче! (не знам ни јас од каде ми текна зборов, ама таков си!) Вака те сакам кога се тегнеш: http://www.youtube.com/watch?v=XU2EtLHVoiI
Душичке моја убава колку само ми те сакам. Колку ми фали во моментов да те гушнам,колку ми фалиш,колку ми фалат твоите прегратки и милувања.. Фала што постоиш во мојот живот и што му даваш смисла на секој мој потег,на секоја моја воздишка. Денеска сватив колку е се безвредно без тебе. Ајде нека дојде утре да те видам мило,мило,најмило мое..
Tи ме научи да бидам таква, зашто залудно ме бараш кога ни самиот не сакаш ништо да смениш? Останав сама, сосем сама, освен неколку виртуелни пријатели кои доста ги ценам и почитувам. На лицево имам насмевка, но таа не е доволна да ги прикријам тагата и црнилата во мојата душа. Тешко ми е. Ме извиси и денес. Ти благодарам што не дојде, барем сега сум сигурна дека не заслужуваш друга шанса. Времето лета, а мене чувствата ме доведуваат до ситуација каде станувам сноб и слепа на убавината на животот. Ме уништуваш со секоја постапка и секој кажан збор. Ах колку ми е потребна една скромна прегратка, нечие рамо да се исплачам.
Се чувствувам смирена после убавата вечер што ја минавме заедно ....посакувам секоја ноќ да заспивам во твојата прегратка ,секое утро да ме разбудува твојот бакнеж ...можеби мислиш дека не ми значиш ништо затоа што не ти зборувам за своите чувства но јас тоа го правам за да се заштитам себе си,за да не ме повредиш ,но има други ситници кои ти покажуваат што чувствувам кон тебе ...
Убаво ми е кога знам дека се разбираме со поглед, понекогаш нема потреба да отворам уста за да дознаеш што во моменот сакам да ти кажам. Среќна сум бидејќи врската од ден на ден ни е се поцврста и поцврста! Во овој пост нема многу да те фалам или ќе се потрудам да не те фалам толку многу , ама ти си совршен во секоја смисла на зборот... совршен за мене те сакам