eeeee да чуеше што ми рече еден твој другар ... ееее Не дека не си чул, ама повторувањето е мајка на знаењето Срце мое, многу те сакам! Ма и повеќе!
Немој бе немој, не ми давај причини да се сомневам. Не сакам, не можам... сакам да сум среќна со тебе, а се ми се чини дека пак ќе ми почнат нервозите. Немој бре злато, не ме нервирај....
Дали навистина те заслужив,несакам да повредувам навистина не ми е хоби како што ми велиш,дури размислувам како би бил посреќен без мене стварно не те заслужувам не научив да сакам со сето свое срце, резервно пружам љубов и гледам како безрезервно ми ја возвраќаш,не глумам не те лажам можеби и тоа ми е грешката барем некогаш да одглумам.... те сакам но .... што кога очите не лажат никогаш!!!
Едвај чекам да ти дојдам и да ти готвам. Знам дека со љубов ме гледаш, и тоа ме инспирира. Como agua para chocolate, ќе си го гледаме и ќе водиме љубов. Те сакам.
Добро,до кога јас треба да го трпам тоа твое однесување?Бетер си женско во пмс Или зборувај како што треба или не се осмелувај да ме бараш ако немаш што да ми кажеш.Нашето заврши.Изгледав како будала додека ти ги вадев зборовите со клешта.Наместо да напраиш асален муабет ти се однесуваше како шмизла.Мочле
Ова можеби е последниот сончев ден годинава,којзнае,а ти не можеш да дојдеш.. Како би те гушнала сега.. Али ај,ќе има и друг пат. Те сакам мачорче.
Полека, но сигурно се навикнуваме на заедништвото и се она што го носи. Се ускладуваме со обврски, со луѓе од страна....Почнуваме да се навикнуваме еден на друг, на сите особини кои досега не сме ги запознале. Се навикнав да заспивам во твојата прегратка, се навикнав да се будам покрај тебе, се навикнав да те дочекувам на врата после работа, се навикнав да правам нешто за нас.....Се навикнав на живот со тебе. Можеби е рано за ова, но лесно е човек да се навикне на нешто убаво. На нешто толку прекрасно како тебе никогаш не е тешко човек да се навикне. Напротив-од прв момент се навлеков на тебе, и на се поврзано со тебе. Секој ден поминат со тебе се повеќе и повеќе ми докажува дека овојпат воопшто не сум погрешила во изборот. И уште 100000 животи да имам, уште толку пати би те избрала тебе. Мислев дека никому нема да му ја посветам песнава, ама сум се излажала. This one's for you, baby http://www.youtube.com/watch?v=CP6LQjJo7eY&ob=av2e
Сакам да избегам некаде со тебе ... немора да е далеку, само надвор од куќава. Покрај езеро, на пример. Зашто .. смачено ми е. Од 8те страни што ги пишував по Право, целодневнава главоболка, нервозите, а и табу-темата за која по цели денови се зборува во дневна, која немам сила да ја слушам, и поради која сум приморана да седам во детска. Ова е трет ден кај што те немам видено ... и замисли, премногу ми е. Порано имало моменти кога не сме се виделе една недела .. а сега? Ми се јавуваш по неколку пати на ден, да провериш како сум, дали ми треба друштво за да дојдеш. Јас упорно викам: Не, не ми требит, убо ми е. А да знаеш, колку само многу ми треба. Но, неможам да си го приуштам тоа, неможам да излезам некаде, неможам да се правдам пред моите дома со кој и како ќе излегувам, макар и на кратко. Доволна е постојаната нервоза, не сакам уште јас да ја хранам. Ама да знаеш, под кожа си ми влезен, иту многу јако. Чудно ми е, но истовремено и прекрасно. Се гледаме нашкола .. Те гушкам.
После синоќешниот муабет со него, треперам драги мои, треперам како последниот лист во оваа студена есен. Тој, ме прави посреќна тоа сигурно. Мирна сум, спокојна, после толку долго...долго време.
ТЕ САКАВ ТЕ САКАМ И ЌЕ ТЕ САКАМ ЗАСЕКОГАШ Злато мое! Ти Благодарам овие 7 години што ми ги исполни со искрена љубов и среќа. Ти си моето најголемо богатство кое никогаш за ништо на светов не би го менувала. Среќна Годишнина http://www.youtube.com/watch?v=AuUHroIRY5E
Те загрижив знам, расипана сум ептенннн Абре срце, ручек праев, кој ќе ти готви тебе. Ама и ти си се загрижил, 4 пораки бре, ме умре. Те сакам најмногуууууу.
Реков нема да се нервирам,ама се ми се мота низ глава...Не само од тебе.И заради испитот,и заради ПМС,заради се. Знаеш,не е важно само некој да те слуша,не можи така да се понашаш ти.Треба да знаеш кога да застанеш.Прибери се малце.Треба да знаеш кога да простиш,кога да помогниш,кога да прифатиш нешто,кога да се извиниш,кога да љубиш,кога да покажеш нежност,а кога сила.Нема нешто да добиеш ако секогаш се правиш силен,кажуваш на некој како е правилно(ко демек само ти знаеш),судиш некого и не му веруваш.Не,не работи така љубовта... И ако не веруваш во мене,тогаш не останувај со мене.
Ти благодарам за овие прекрасни 3 дена. И кога бев изнервирана ти знаеше да ме расположиш. И кога плачев ти ми ги избриша солзите и ми рече дека ме сакаш најмногу на свет и дека не сакаш да ме гледаш тажна. Денес го поминавме цел ден заедно и прекрасно беше. Иако беше ладно ние си седевме на клупата и прегрнати се топлевме. Ах, злато мое, те сакам најмногу.