Срце си најголемо и сум пресреќна што те имам. Да не беше ти сега со мене знам точно како ќе ја пројдев вечерва. Ама само помислата дека те имам ми го разубавува животов и фала му на Господ што ме спои со тебе. Те сакам сонце, едвај чекам да дојде утре. Ми фалиш премногу. love you.
Не ме нервирај! Знаеш што сакам, знам што сакаш. Зошто не се стремиш кон тоа? И дај да направиме некако да се видиме. Па еден месец не сум ти го видела лицето..не сум го допрела.. Признавам..ми недостигаш..многу.. Ту! Убаво да спиеш.
Нема зошто јас да молам душава сè уште е твоја но ти друга љубов бараше Заминуваш и пак се враќаш но секогаш јас те сфаќам A ти, дали знаеш каде си http://www.youtube.com/watch?v=NpOkateh ... re=related
Ми требаш, онака, најпросто на свет. Да те гушнам силно, да те стиснам така, како што во спиење знам да те опфатам и со раце и нозе како бубалка и сонуваме заедно. Чуден е овој наш свет, се’ повеќе ми личи на нешто што и двајцата сме доволно зрели да го издржиме и одржиме. Биди добар, знам дека сега хрчиш како глувче, а јас за тебе пишувам цели редови. Не знам ни како се случило, ова. Да се заљубам пак. Растење. Со тебе е полесно. Зошто сме искрени. Фала ти што се појави токму кога си требавме!
лепото ни денес не те видов сепак те мислам цел ден....ке се видиме во недела најверојатно ајт поздрав и
Од саботата па наваму си шкрткам денови на календар, уште вечерва и утре конечно ќе те видам. Ама не ти кажувам дека ми фалиш, ниту ќе покажувам емоции кон тебе. Само ќе ти се насмевнам и ќе те прегрнам. А уствари срцево од внатре ќе лупа како лудо и одвај ќе чека да ги започнеме нашите филозофски муабети и да кукаме за изминатава недела(доколку имало тапа мигови) Мутав си, на моменти дури неподнослив ама мил си ми
Ако спиј само спиј никогаш да не се изнаспиеш кретеноид еден И нека те болат сега забите кога не си одел толку време на забар па ќе запаѓаш у депресија и ќе ти биде тешко и ќе ти биде потечено цело лице така ти е . Не , не се лутам не мора нигде да одиме , ни да се шетаме , ни да купуваме нешто а и не мора ни да одиме негде да славиме нова година ќе се однесувам како да ми е сеедно и кога и да ме прашаш што ми е ќе ти се насмевнам и ќе ти речам НИШТО! Ќе ни биде ко секој ден исто и ќе се задоволувам со тоа ништо не барам повеќе од тебе нема потреба да одиме ама баш нигде па ќе видиме до кога вака.. Како што и рече ниту за мене ниту за никого нема да останеш буден ако ти се спие , не е проблем воопшто ако е така . . не е фрка ако јас пак ќе те сакам
http://www.youtube.com/watch?v=FlsBObg-1BQ „Магичен“ си знаеш? Како успеваш да ме поттикнеш да изрежирам толку филмови, човек да помисли дури и дека си инспиративен. А не си, воопшто. Знаеш, јас имам една навика да ќутам кога некој ме прави будала и ме лаже во лице, и да му го истерам филмот, и после злобно да си се смешкам. Ете така е и сега. Само знаеш што ме боли? Што ти мислиш дека навистина си ме направил будала. Искрено, не знам зошто сум со тебе, најверојатно е некоја проклета навика што ја стекнав последниве години. Грдо е така, да не знаеш дали сакаш некого, а уште полошо кога не знаеш дали некој тебе те сака. И што е најтрагично, колку и да сум ти лута, кога ќе те видам правиш да заборавам на се. До толку си ми слабост. И не мора да дојдеш да се видиме, не мора ништо да превземеш за нашата моментална ситуација, продолжи си како и секогаш, и после лигави се додека не се среди повторно како што знаеш, и после пак продолжи си по старото. Не превземам подрастични мерки зошто те научив веќе, а и тешко ми е без тебе. Ситуацијава ми е буквално ни со тебе ни без тебе. Те сакам ама одвратен си. А тоа не се однесува на твојот надворешен физички изглед. А задодуше и ПМС-от игра улога тука. Најповолен период за Оскари. Како и да е, прекини со што и да правиш, освести се на време зошто лошо ќе биде, а јас уживам да бидам злобна и подмолна. Let it burn. Бар јас би, да можев. Ау да, знам дека покажување емоции и не ни е баш јака страна, и нели не можам да барам од тебе ако и јас не давам, ама...прво ти
не, јас не сум глупава да станувам свесна што сум имала откако ќе го снема. јас многу добро знам што имам, а имам и страв голем 10 планини тоа нешто да не го изгубам.