Еехххх да знаеш,неможам да споделам со тебе ама би сакала да знаеш,ти всушност се знаеш за мене освен ова што ме пецка во градите.Само брат ми знае,го замолив да се колне дека нема да каже на никој.не мил мој нема друг во животот мој само ти си,не е тоа не се плаши.Премногу ми е лично за да ти кажам...страм ми е. ке дојде ден ке дознаеш, и знам ке бидеш до мене со секој изминат миг а дотогаш не ме пршувај зошто моиве очи тажно гледаат.
те сакам, вечерва конечно ќе те помирисам и ќе ти се пикнам во врат. Недела дена, многу е тоа без тебе.
Не мора да биде исто, ама ќе биде добро???Нели? Кажи ДА! Колку што сум прилагодлива, толку сум и исплашена од промени кога знам дека следуваат. Те сакам.
Сакам да те засакам, многу. Многу вредиш! ПРЕМНОГУ. Ајде, ќе биде кога- тогаш. Едвај чекам среда, да те видам и гушнам. Мило мое Ама да знаеш, прво на Фемина ќе и кажам кога ќе те засакам
ти благодарам за откривањето на долго чуваната машка тајна(дека на едно машко не му е доволна една девојка)оти имате некоја погрешна зица во главата , а ти велиш дека јас сум ти доволна и дека не би ме заменил со друга, леле бе што си ти...
Посветено до мојата најголема симпалтија воопшто во животот мој ... Епа драга симпатијо фала ти што ми даде до знаење дека уште ми се криеш во срцево ... И после толку време ми се појави јасно сликата кога за прв пат се видовме на факс ... Онака филмски ... Ко љубов на прв поглед ... Сега пак ко да те видов истиот тој ... само во мозочето мое те видов ... Оххх како само не се каам за тоа шо ти признав дека имам чуства кон тебе ... Како само ми е мило што знаеш ... Како само ми беше мило што си прашал за мене кај сум ... Факт е дека имаше некоја хемија меѓу нас, ама и факт е дека не ни дозволија нечии очи да бидеме заедно ... Едноставно знаеш , не можев да избегам од таа сенка што не следеше тогаш ... Неможев. Сега кога коначно ја снема сенката пак ни е џабе ... Ја стварно незнам зашто нон стоп се будат овие вибрации во мене , овие чуства во мене ... Баш сега сфатив дека само пред тебе треперев ко лист на ветер... Џабе ни е сега .. Ке си треперам со моја имагинација, ке си треперам со мои мисли и спомени . Ке си треперам и треперам ... Уште си ми симпатија две години веќе
СељАк, куче едно, езЕрски кит, дОмашен пингвин, жЕна кокОшка! Spoiler За поголема драматичност акцентот паѓа на големите букви.
Како би ти ја влепила една. Мерачки. Со една проста реченица ми го крена притисокот. Ќе видиш вечер. Уствари нема да видиш пошто нема да дојдам. Седи си сам.
Мило суштество !! Не го очекував ова, со секој потег покажуваш дека си совршено несовршен. Се надевам дека ништо нема да ни го расипи викендот.
Би и’ кажал: Па, па, па лажга со тапија ејјј... Па уште кога ќе речеш дека мажи немало, вакви биле, онакви... Море, моме едно младо ем убаво, со тој „шуплив“ карактер ќе си останеш forever alone level 9000!
Tи си...ајде нема да те навредам овој пат.Не ја заслужуваш мојата нервоза.Не заслужуваш ништо од мене .Денес ме загуби комплетно.Ајде кулирај.Во ред е да пошуштам еднаш двапати ама повеке не можам.Постојат граници на нормала ама ти одамна ги помина.Одамна Толку од мене имаш.
Мислиш дека ако не ми се јавиш фраер си. Туку ај јас сум добра па ќе се правам дека ми си се јавил, ама ќе се разбереме ние утре.
не сакам да изгледам очајна, ама ужасно ми недостигаш.. немам храброст да признаам дека јас ја утнав работата... ама барем насмевни ми се кога ќе ме видиш..дај ми некој знак дека ме сакаш назад..
И веќе сум сигурна, моето расположение целосно зависи од тебе. Ако со тебе е се океј, функционирам совршено. Ама затоа кога нешто ќе се случи помеѓу нас, јас се губам. Станувам друга личност, смотана, наивна, заборавена, нервозна, со бубуљици(за нив сум ти особено лута). Од кога те знам до ден денес живеам во емоционален, психички или како и да го кажам, ХАОС. Никогаш не сум се осеќала вака, никогаш, не можам да разберам што е тоа што ми го правиш, како можеш толку да влијаеш на мене, психички, физички, секако, ме менуваш, јас повеќе не сум истата. Среќата што ја осеќам кога ќе ми пишеш, кога ќе те видам од далеку, кога ќе ме бациш, кога ќе ме гушнеш, кога ќе ме погледнеш, кога си лежевме онаа вечер...не се опишува. Сеуште не ми е доволно јасна за да ја опишам. Како струја да поминува низ мене кога си блиску, како цело мое тело неизмерно да посакува да е до тебе, не знам како да објаснам, малку ми се сите зборови. Ама затоа кога ќе ме изнервираш или кога се сомневам во нешто...тогаш мислам дека нешто ме кине во гради, како некој притисок, како да носам 3857 кила олово на раменици, ми тежи на душата, ме мачи. Што ли ќе е ова, не можам ни да претпоставам. Во моментов ми е битно само тоа што сум со тебе, што си ти со мене, што се трудиш да не' биде и што постои мала надеж дека ти се осеќаш бареееем приближно вака како мене.