Како како можеше цело благо да го изедеш А за менее ништоо?? Како и да е знам не ти е лесно со мене , ни на мене самáта бе не ми е лесно Хормони јебига
Ееее па видиш како убаво ти исчистив ти средив се а ти компјутерот не си ми го исклучила тиии ми рече да не ти го исклучуваам ама не си ти крив спиеше Ако не сакаш ти мајка ти ќе ми свари чај срцка е жената си ја сакам Едвај чекам да те видам не ми е јасно како може да ми недостигаш а секој ден сме заедно ? ? ? Не е на почеток па да ми фалиш толку многу Те сакам беее
На секоја твоја употреба на зборот ПРЕТЕРУВАШ, ми се спојуваат жичките, знаеш оние во главата плус и минус. Можеш да се обидеш место претеруваш да го употребуваш зборот извини, ќе ја избегнеш можноста од добивање електрошок и дополнителни кавги и нервози.
http://www.youtube.com/watch?v=vwcZE0cPlME Dobro je kad u životu za nesto se boriš rukama stvoriš dobro je kad u životu nekoga voliš, neko te voli Dobro je kad u životu neko te sluti, ti nekoga slutiš ali je najbolje kad u životu imaš nekog s kim možeš ovako da šutiš...
Нема такви зборови со кои можам да опишам колку те сакам. Порано се обидував да те сакам со некоја доза на резерва, едноставно се плашев од толкава љубов... Ама не се може против тоа. Сега само се плашам од тоа што дозволив толку ирационално да те сакам. Без кочници. Да не ми се врати. Да не ни се врати...
Побрзо да оздравиш. А се надевам дека и што побрзо ќе превземеш нешто околу исполнување на твоето ветување.
Немам зборови. Немам сила. Зошто се вртиме во ваков круг? А ветивме се` непријатно ке остане зад нас, зарем не? Тогаш што е ова што ствара несоница и што стега во гради? Не, не ни чинеа постапките. Сметав дека еднаш веќе платив за детските, ненамерни будалштини, ме убеди дека тоа поминало, зошто тогаш беше сево ова? Пак да го преживувам(е) истото? Јас јавно се извинувам за она за кое реков дека нема да се извинам. Но и тебе навистина не ти требаше тоа. Првичната грешка била моја, знам, но откако увидов, знаеш дека никогаш не би постапила така што да ти вратам на начинот на кој најмногу мразиш, а и знаеш дека немам потреба макар и на шала да ти „враќам“ преку некои си непознати, безвредни тофтаци. Никогаш, апсулутно никогаш. Не е вредно да уништувам нешто свето што го имаме за да ти вратам 2 реда муабет. Се ставив на твое место. И самиот ме стави на твое место. Знам како е. Знам дека и ти се стави на мое и се надевам знаеш како е да имаш детски памет и да занемаруваш работи небитни за тебе кои ете, за жал, несвесно повредуваат друг. И тоа не било кој друг. Не знам јас да бирам зборови за да доловам порака и најчесто ги избирам погрешните, но знам дека не требаше така да отидеш. Ти реков да останеш, побара причина и ти ја дадов онаа која сметав дека ке е доволно силна да останеш...рече дека веќе не е. Ако ***** се доказ за љубов и внимание, ке ти ги дадам сите можни, само те молам од 3-4 реченици не донесувај заклучок дека некој непознат друг е пољубезен и повнимателен од мене. Јас ти ја дадов сета љубов што била сочувана за машки член во мојот живот. Количински ти ја дадов љубовта која девојка би ја поделила на дечко, брат, татко и најдобар другар. Сум немала ниедно од тие (барем не заслужиле љубов) и одеднаш се појави ти и знаев дека си единствената личност што ке го заслужи тоа. И можеш да замислиш колкава количина е тоа, нели? Од кога те запознав, јас сето свое внимание и љубов ги свртев кон тебе. И не ми треба никој друг. Бидејќи другарството и онака е лажно и преценето, други машки не се вредни да трошам муабети со нив кога можам да ги трошам со тебе, семејството и сам знаеш колку ми е „богато“ со членови...само ти ми остануваш се` на светов вредно за внимание. Ти си ми светот. Насабајле се будам со помислата за тебе, преку ден - само ти, пред да заспијам - исто, во сон - пак. Брзам од секаде и баталувам се` што можам за да стигнам побрзо дома, да ти се израдувам и да имам што повеќе време поминато со тебе, бидејќи секоја секунда ми е скапоцена и неповторлива. Ако ***** и неколку порачиња се повеќе внимание од сето ова...не знам што да кажам. Изини. Не сум цвеќе, мутава сум на моменти, грешам, ги признавам грешките и веројатно никогаш нема да ти поправам колку и да се мутави. Ама те сакам најискрено што може да се сака. И да, себична ке сум, не сакам да те делам макар и на секунда, бидејќи добрината и наивноста што ја имавме во семејството многумина ја искористија и еве сме денес дома. Уништени. Затоа на секого гледам како потенцијален „одземач“ на среќа и не сакам тоа да се случи и со тебе, доволно го губев она што ми било најсакано и најпотребно во животот. А сега тоа за мене си ти. И среќата и животот. Ноуп. И пак не ме бива за бирање вистински зборови, но се надевам од ова што е кажано од срце ја сфаќаш вистинската порака. Може и никогаш нема да го видиш ова, но ако да - побарај ме. Знаеш дека секогаш ке сум тука...