Колку штуро се осеќам во врска со нашата поврзаност тоа е нешто невидено. Ти со игрите, јас со фемина, слушај се на два саати шалабајзерски муабети ќе си напраиме, абе па не сакам така. Сакам да се вратиш стариот ти, со милите зборови кои ми го разигруваа срцето, насмевката на лицето, слатките муабети до доцните часови. Сакам да се љубиме, галиме, лежиме, водиме љубов, па сакам ... Не знам зошто, но јас го чувствувам тоа. Се надевам дека вечерва со љубовните песни на Антена5 ќе дојде и тоа расположение. Еееее ми текнува лани кога тивко зборувавме додека во позади одеше Insatiable и уживавме во еротиката на песната. Или пак на „Слушаш ли“ во ВС додека страсно водевме љубов. Сакам време и простор само за нас, исклучени од се. Само да знаеш колку тоа ми фали. До болка. Е ај оди сега смири ми ги солзиве.
Ти си многу огорчен и лут на цел свет или мене така ми се чини? Како и да е не можам веќе да се трескам како порано, ако не реагираш ти има и други де. Местото нема да ти го земат толку брзо и лесно но реагирај дур не се случи тоа навистина бидејќи ќе биде касно малку.
Пред мене претстои период коој го сакам многу! Сета таа еуфорија што ја носат зимските денови испреплетена со дружење со блиските,вечерата на божиќ,бадник...можноста сите што ги сакам да бидат околу мене...Да! Сакам да бидеш овде,до мене,да правиме снешко,да се маваме со топки,да бидеме заедно аморе ...Дојди
Не можам да ти опишам колку многу ти ја обожавам сонливата насмевка насабајле пред да заминам на работа..... Фацата и ангелската насмевката ти се прајслес, во секунда ми го разубавуваат денот Just keep on smiling, love
Е многу те сакам,најмногу иако ми приреди мали стресови денес ама не си ти крив А знаеш кога си ми најмил,кога се трудиш да ми кажеш нешто на македонски е тогаш ми иде да те
http://www.youtube.com/watch?v=9OsYhHvG ... re=related И З В И Н И ..................... п.с. сеуште те сакам. И денес, вчера, секогаш......
Р е д а к т и р а н о ништо не би му кажала, освен дека е тенџере. и моментално не заслужува убав пост, посветен на него.
Би те рогала, рогала и рогала.. а, себе би си врзала два три шамара зошто упорно се надевам на нешто што нема да биде никад! Муко една, муко!
Единствен човек кој може да ме насмее во секое време си ТИ ! Главна,а и најјака особина ти е,.како што викаш ти, да ги забавуваш луѓето.Ама стварно!
Би можела да поднесам се, освен едно нешто-да бидам без тебе... Длабоко во себе знам дека е така, колку и да се правам силна, и знам дека нема да можам да го променам тоа во догледно време. А сакам, верувај. Понекогаш ми фали сето тоа што го имав пред тебе. Оваа љубов ме измачува, се повеќе. Се каам што тогаш не пресеков на време.
Ти давам уште една шанса(ветувам последна) и гледај најубаво да ја искористиш. Ако работите не се одвиваат така како што сакам и така како што ти вети ќе ставам крај на оваа врска. Знам дека секој пат го велам истото, но овој пат сум прв пат толку сигурна во себе и со толку голема самодоверба. Сега оставам на тебе. Пази што правиш.
Една од твоите особини која некогаш многу ја сакам, е тоа што не знаеш уста да затвориш! А со тоа знаеш да го живнеш друштвото, да отвориш теми на разговор, да разгориш дискусија. И тука како некој голем паметњакович да кажуваш твои ставови и мислења. И не знам како секогаш успеваш да ги убедиш сите дека си во право. Погодена ти е професијата