Знаеш мило нема потреба да се грижиш,тука сум до тебе и тука ќе останам. Ми фалиш. Да и еден ден е многу кога не си до мене,затоа утре ќе те изгњавам саламски за 2та дена. Те сакам срно. Со љубов,твојата газела
Мнооогу те сакам кога си ваков. За момент се вратив во некои минати, убави денови... Само немој пак да ме разочаруваш. Добро знаеш што најмногу мразам и што ме вади од такт.
Би и’ кажал: Поминува и четвртата календарска година откако последен пат јас и ти бевме заедно; Август, 2008. година, ти текнува? Јас, ти и нашите безброј нереализирани мечти, романтики, страсти, фантазии... А, да, да не ја заборавам и чистата, совршена, неприкосновена љубов, наша на дофат... Или така само ние мислевме. Имавме некој наш свет, кој посветено го градевме и љубоморно си го чувавме, само наш! Но, на крајот лесно дозволивме да се сруши, до темел, до непоправливи димензии. Ама сепак, знаеш што е работата? Што воопшто не ми е криво што, еве, 4 години понатаму, јас не чувствувам ама баш ништо за тебе! Верувај, не ми е, зашто да останевме заедно, ќе изгорев покрај тебе и твојата мрежа од (не)намерни околности, сплетки, па и лаги. Се појавија 3-4 девојки и по тебе, од кои со едната го надминав она што го изградивме ние. И таа е сега минато, но со неа и двајцата бевме подеднакво виновни, не само едниот (читај: ТИ)! Но тоа што би сакал за крај да ти го кажам е дека, независно од тоа што во тебе ја гледав својата идеална партнерка на времето, сега те сметам за проклета. ДА, ПРОКЛЕТА! Хм, сакаш да знаеш зошто? Затоа што од тебе се’ очекував, освен тоа дека на крајот толку негативно ќе влијаеш на мојата самодоверба, што буквално ќе ја уништиш, смачкаш, здробиш. И на моменти уште страдам од тоа, уште собирам парчиња од земја, 4 години подоцна; Oсобено во оние, „клучните“ моменти со девојка, кога е се’ или ништо. Сето тоа заради тебе. Чувствувај се почестена, зашто тоа е и најголемата почест што ќе ја добиеш од некој во животот, ти го гарантирам тоа; Повеќе не ни заслужуваш!
Како да не те сакам толку многу кога ги трпиш сите мои налудничави и хистерични ПМС моменти и денови. Што би правела јас без тебе?Несакам да знам,несакам ни да помислам.Ти си редок примерок,ќе те задржам засекогаш само за себе.
Кога ти реков дека намерите со тебе ми се сериозни, толку мило ме погледна, толку топло ми рече "Навистина"? што се изгубив целосно..сватив, го мислиш истото што и јас. Ах...те сакам бескрајно многу
Ќе ти се качам на глава со ова. Нема од уста да го извадам. И уште кога ќе ти спомнам прв пат ќе бидеш свесен што те чека затоа што ме познаваш. Уште не знаеш ништо, можеби не си ни крив, не ни слушна, не ни виде, не ни беше тука ... Ма не може да ми е помалку грижа. И додека другите прават да ме боли, и додека секој некој околу нас се осмелува да брца кај што не му е местото да брца, ние ќе се караме. И ќе се караме и караме. И да раскинеме сеедно ми е веќе ... барем во моментов. Тогаш барем ќе бидеш ист како и сите нив ... можеби и така е подобро, затоа што тие сите се слободни а ти единствениот во врска. Долга врска. Не ми е јасно со кој памет се дрзна да го рече тоа пред сите... со кој??? со никој нажалост ... Боли човеку. И ти тоа не го знаеш зошто не сакав да ти ја расипам вечерта. А јас страшно се нервирам што ни еден од твоите другари нема девојка ... еден барем да се најдеше у пичку матер да не е слободен како гојдо на ливада што би рекол маријан!!!!!
'Cos I'm strong enough To live without you Strong enough , and i quit crying Long enough , I 'm strong enough To know you gotta go There 's no more to say So save your breath And then walk away Ете тоа би ти го кажала !!!
Постојано ми викаш дека од Утре не сакаш да се караме.. Не си помислил дека можеби ти си тој што ги почнува тие без смислени караници? Па преку глава ми е зошто вака зошто така ае више