Вечерва беше врв над врвовите......... Нема збор со кој би можела да ти опишам колку ми беше убаво вечерва
Понекогаш се чувствувам како да те знам 1 ден, а не 2 години. Кога би можел да бидеш пак како порано, да сакаш да ја поминуваш секоја секунда од денот со мене, да сакаш да одиме на кафе, да ќиснеш по цела вечер на мојата маса .. а јас тогаш се нервирав затоа што си постојано со мене. Е така е душо, кругот се врти. Не дека не ми е убаво со тебе, убаво ми е и знам дека ме сакаш, само не сум сигурна дека се би направил за мене. Што се однесува до мене, јас СЕ, ама баш СЕ би направила за тебе. Ти ми го кажуваш тоа со зборови, цитирам би убил некој за тебе, но никако на дела да ми го покажеш тоа. Еј, да се разбереме, не сакам да убиваш за мене, сакам само секогаш кога ќе ми требаш да си тука. И тоа што сакав да го кажам е дека те сакам и ти благодарам што постоиш во мојот живот. И ти ја мразам работата, сега ќе си бевме заедно.
Знам дека те боли тоа што те избришав од секаде. Знам дека не ти е сеедно па затоа ме преплави со повици. Кој е пробллемот?Не знаеш?Размисли убаво,паметен си ти Не сакаше да сме заедно порано?Сега и јас не сакам Уживај во твоите години без мене,знам дека ке ти е подобро како што ми е мене сега.
Знаеш како ми е. Заплакав од среќа, заплакав од убавини и милост. Сексот не е само секс, со тебе ми е чиста вистина и причина плус за насмевка во душава. Се надополнуваме како две различни миризби што заедно се егзотични. Сакам да те сакам, сакам што плачеш, сакам да е љубовта вечна. Сакам кога мирисам на тебе и кога солзиве ми навираат кога мислам на тебе. Сакам кога ќе ми речеш дека ти фалам за да живееш. Ја сакам твојата упорност да ме задржиш, го сакам твојот инает и твојот страв. Те сакам како што заслужуваш, ме сакаш како да сум единствена. Ми оставаш парчиња од твојата душа на мојов врат и знам, ти си ми ТОЈ! Се му кажав, додека лежев во неговите раце.
Не ми обрнувај внимание кога тресам зелени ... остани таков каков што си колку и да барам да се смениш не ме слушај ... затоа што си човек, затоа што си совршено суштество со толку добра душа, што ме сака толку многу на свој сопствен начин и јас тоа го ценам премногу иако ретко знам да покажам. Извини за секоја кавга предизвика од мојот страв. Извини за секое мое напнување и качување на твојата глава ... извини што некогаш не знам да си ја затнам устата. Извини што сум понекогаш дете. И знам дека не ни има потреба да речам извини затоа што знаеш дека ми е тешко кога и да те изнервирам ... И фала ти ... фала ти што постоиш во мојот живот и што ме сакаш и поддржуваш. Што ми веруваш и почитуваш. Што не дозволуваш никој да се испречи меѓу нас. Фала ти што ми ги исполнуваш желбите и фала ти што ми дозволуваш да плачам врз твојот дуксер и не ти е грижа што се лее мојот римел врз тебе ... и трпеливо чекаш и чекаш за да го најдеш точниот момент кога можеш да ме бациш и да почнеш да се смееш.... и јас заедно со тебе. Колку и да кажувам глупости во кавгите никогаш не би те повредила, никогаш не би ти сторила нешто зад грб, никогаш не би сторила нешто за да патиш затоа што те сакам толку многу што не ни имам зборови да ти опишам ... ама нема ни потреба затоа што знам дека исто се чувствуваш. Ти си мој исто колку што сум јас твоја. Целосно.
После се што проживеав, после се што претрпев од тебе, лаги, чекања, глупости, откако ти се предадов, ти го дадов и срцето и душата на дланка, тебе целосно ти се посветив, дури и те запознав со моите, се зближив и со твоите, ти ми викаш дека ЈАС сум ти ги ставила тие контакти, јас сум правела лажни профили, а најверојатно баба ми ти правела профил на Кајгана нели? Уште излезе и некоја братучетка дуури од Нов Зеланд а? Ме правиш болна во мозокот, малоумна, па се осмели и да ми речеш дека јадам трици? И ова ли ти е некоја љубов тебе бе? Пу, после се што ти дадов ти мене ова ми го правиш. Поздрав, и најди си некоја позрела и некоја што нема да ти јаде гомна и трици.
Иксренооо лично, посебно никому ништо не би кажала ... Се што сакам е да се заљубам поново и поново и све од почеток ... И двете симпатии шо си ги меркам ми се свиѓаат ... паааа ... Only the best remain Абе чудно ова шо се дешава нели Искрено вака се осеќам ко у основно ко бев и ко си се замарав со симпатии Ме враќате у детство симпатии мои Ама убаво ми е
Секој изминат ден се повеќе и повеќе ми требаш..се повеќе и повеќе ми недостигаш...се повеќе и повеќе те сакам...
Ау, извини, треба да одберам момент за да те гушнам?? Море марш таму, носи се и ти и твоите моменти, теле едно неотесано!!
Ти си виновен што неможам да спијам. Ме галеше толку нежно и мило, ми зборуваше тивко, радиото шуштеше, ти заспав на гради додека ти си блееше во таван.. Ми направи некој муабет и кога да видиш дошло 1.30! Кога ќе ми се приспие и ќе решам да легнам, ќе ти ѕвонам и ќе те замарам во ниедно време.
иако ме нервираш некогаш иако си мн љубоморен,ти си мое златичко го сакам начинот на кој покажуаш колку мн ти требам и сакам да слушам кога ке ми кажеш дека ти сум цел живот твој,ама и ти знаеш бебушко моја дека и ти си ми мене се
Ете затоа си ја сакам темава, за да можам да ти кажам тоа што сакам да ти го кажам кога ти спиеш! Тапа ден, кај не те видов па и не те ни слушнав , цел ден спиеш,и не ми е гајле ако ми го прочиташ мислењето зошто знаеш како сум потпишана(иако не отвараш фемина ама што те знам) ама како мече во зимски сон си ми ! soooo fluffy I'm gonna die! Ми се допадна вчера вечерта како си поминавме, кога се гушкавме кај тебе, кога те разбудив и те чешкав, кога се тркалавме низ креветот ама буквално . Ти ја сакам насмевката, топлината на твојата прегратка, го сакам чувството кога си покрај мене. И јас како тебе ги сакам тие моменти! Можеби вчера не покажував многу од тие емоции, и сам знаеш бев нервозна, не знам како можеш и таква да ме сакаш ? Утре ќе те чекам кај мене, на добро филмче и пуканки, да си ги наполнам батериите со тебе за нареднава ХАОТИЧНА недела на факс! И уште нешто... си ја накитив елката, иако твојата ја неам видено мојата е сигурно поубава тралалалала ... се однесувам како мало дете, не ми замерувај тоа е можеби затоа што сум мнооогу сум вљубена во тебе
Синоќа ми ја исполни желбата дојде со мене иако воопшто не ти се одеше. Се трудеше али јас тоа не го ценев. Глумев дека сум премногу силна и дека се ни е најдобро. Но, не било така. Извини за сите лоши работи кои ти ги кажав синоќа, претерав, премногу те повредив Неозбилна сум, се сваќам на шала, но синоќа сватив дека не ти е тебе до шали. Многу ме исплашија твоите зборови, несакам да е крај. Знаеш дека те сакам и знам дека ме сакаш. Многу ми значиш иако малку покажувам Ти ветувам дека ќе се поправам.. Нема повеќе да те разочарувам!!! ТЕ САКАМ