Да бе смени profile picture на фејсбук веќе еднаш! Стави некоја од тебе. Вака изгледа дека Ana Karenina is in a relationship with a куче
се изнамачив додека стигнав кај тебе, ама важно стигнав(автобус чекав, чекав, никако да дојде, па за срека имав пари во мене, и си фатив такси)малку ми беше чудно, оти денски не сум доагала кај тебе дома, ама прашав некои луге и ми објаснија, иако никој не свати која сум јас (една жена мислеше дека сум ти роднина ) и така, дојдов кај тебе дома, мајка ти фина како и секогаш, ти се јавив, ти објаснив што ми се случи, а ти разбирлив, дојде, ме зема и ме донесе дома, срценце мило гледаш ли твоето маченце дека те сака највеке, и колку и значиш те чувам во срцето и со цела љубов топлина и нежност те покривам и мислам дека ке беше предоцна ако отидев утре оти цел ден и цела нок да ме нема, незнам како би реагирал ти, т.е. знам, ама ете те сакам, и не сакам да те повредам
http://www.youtube.com/watch?v=atUvZ0-A ... re=related (ммм шо да правам,на бугарско се удрив денес... )
Их да ми е да дознаам дали стварно ти пишуваш или барем суфлираш на другар ти што да ми пиши :geek: Ако е така ,маче не е без ништо работава а .. Се изладив малце , добро е што и да се прави ке се прави со ладно главче. А оној што не ми излегува од глава... ухх леле . Ајде ке го видам сигурно кога ќе се вратам од одмор .
Srcekrsacka баш си srcekrsachka ,мајке ми ме остави без зборови - додека не сум фрлена во грев ќе кажам дека те жалам колку си се намачила , а го жалам и дечкото . Е само да си кажам ти ми дозволи да влезам во твоите напишани мисли Уствари сакав да му кажам нешто на мојов, не дека ќе прочита но после ова заборавив за што дојдов јбг
Ах мило, дојди бе истепај го овој идиотов што ме нервира, ќе си пукнам бе пааа Инаку, одамна не сум почувствувала како е да се биде заљубена. Ти благодарам што ме потсети после толку време. Знам дека не секогаш ружи ни цветаат,дека мене ме пукаат некои страшни пмс-и, ама како можев да заборавам колку е добро да те имам тебе. Немој да си мислиш дека само моја била вината, знаеш дека што и да биде, ти секогаш ќе бидеш крив, ако ништо друго барем со 1% Ама да знаеш и дека колку и да се лутам, никогаш нема да можам да ти одолеам. Прекрасно ми е, и се надевам дека следниот пат кога ќе посакам да те треснам од земја ќе се сетам на ваквите денови колку ми е најубаво и колку ми го разубавуваш животот со твоето постоење. А да, ми фалиш!!!
А знаеш, можеби сепак сите околу мене ми зборат така зошто не се слепи на пример? Кај си цел ден, м? Или можеш на оној скакулецон да и лајкнуваш свашта и со таа свињата по ѕидови да си се лигавите за твоето најнајјјјслатко куче? Сакам да успееме, не знаеш ни сам колку, ама вака не верувам. Уште се осеќам незгодно кога треба да ти се јавам, да не те замарам, а девојка сум ти. Сигурно не се осеќам вака за џабе, правиш нешто што ме тера да мислам дека не сме на иста бранова должина со чувствата. Како што ми паѓа завесата гледам дека ти уствари мене ме купуваш со по некоја гушка и бакнежче, со сонце и срц во порака. Епа злато слепа и наивна да, ама ефтина не сум. Што ќе биде со нас не знам, и не сакам ни да мислам. Не знам дали чекаш јас да те побарам, али немам намера верувај ми. Јаките дечко и девојка, што не се слушаат и гледаат со денови. Пха-ха-ха.
Дали допира нешто до тебе?Рамнодушноста твоја ме убива и тоа го правиш на најболниот начин... Интересно како преку ноќ станавме странци кои не се ни среќаваат случајно на улица.. сакам барем на кратко да те видам.. верувај, нема да барам да бидеме повторно заедно! Можеби за последен пат ке се видиме. можеби последен пат ке стојам пред тебе, можеби последен пат ке видиш некој што те чека и толку те сака!
И? Искрена ќе бидам - уште не сум дошла во реалноста. Уште не знам што е. Прееска кога известив еден човек дека сме раскинале не се ни натажив. Очекував да се расплачам кога ќе изустам на глас дека раскинавме. Отпосле ми дојдоа многу работи да ти кажам. Немав прилика. Најверојатно нема ниту да ја имам. Ме остави празна. Без зборови. Без чувства. И дури не ми е криво колку направив за тебе. Го направив затоа што те сакав. Би го направила пак. Не се покаав. За ништо. А треба. Знам дека многу малку добивав за возврат. Знам дека и ти знаеш. Не ни барав повеќе. Бев среќна со тебе. Имав лоши моменти, ама секогаш ги поминувавме. Дојде денот и кога пукна. Мило ми е што не се скаравме. Барем во тој поглед созреавме. Или јас созреав. Тешко ми е кога го пишувам ова. Ама морам. Ти никогаш нема да чуеш ништо од ова. Додуша, ти ова го знаеш. И знам дека ти го пара срцето. Знам дека ти е криво. Ама во право си, вака е најдобро. И тоа подобро е за мене, отколку за тебе. Те сакам. Стварно болело. И стварно не е доволна само љубовта. Направи ми услуга, не ме барај назад. Остави ме да тагувам, остави ме да преболам. Не ме барај да ти се вратам, зашто ќе го направам тоа. А сфаќам дека не треба. Те сакам сонце. Извини што плачам, знам дека не сакаш да плачам. Те сакам. Имаш посебно место во моето срце. Како и да е, ќе се среќаваме. Колку и да не сакаме. Неизбежно е. Те сакам. Извини.
епа и ти го претера, па султан од Брунеи да беше, многу е. Сега веќе сме на како сакаш, па ти види, од мене толку, не мрдам ни со малиот прст веќе. Па спремна сум на се, изгубам - изгубам..
Извини што избрзувам со моите реакции и фала што и покрај тоа се обидуваш се да решиме и да си се вратиме во нормала, онакви какви што сме секогаш: среќни и заљубени со очиња што светкаат од радост. Патем, баш фино од твоја страна што гледаш романтични клипчиња и што ме нарече љубави иако несакам лигавење, ми дојде убаво чувство кога го слушав