До кога ќе функционираме на "Ќе ти се јавам во Недела?" а јас да чекам? И еве и понеделник ќе помине. Лута сум ти, лута. И не ми кажувај дека ќе ми се јавиш, а не го правиш тоа. А само требаше да се чуеме, а за да се чуеш со некој тебе ти треба термин. Ти од нигде никаде ме извести за тој термин, а не се придржуваш. А јас будала. РРрРР.. а да, имам друг дечко што ми се допаѓа, во фаза на запознавање сум, остави ме овој пат не ме враќај назад.
Знам дека крајот се ближи, си предосеќаш и ти.. барем уште едно видување и разговор во очи, извини ..
Што ни се случува? Немам храброст да ти кажам дека ми треба промена, нешто што ќе ја разбие монотонијата. Немам храброст ни да ти кажам дека тој се прави за да го добие моето внимание и знае да изненади со малецки работи и да ми измами насмевка, додека ти си спиеш на уво дека веќе е измината година ипол и ме имаш во твои раце, на сигурно си со мене. Што ти се случи? Не беше ваков. Зашто ваква промена преку ноќ? Зашто стана скржав, зашто престана да ми ги пружаш оние топли прегратки? Знаеш ли дека ме буткаш од тебе, и веројатно за твоја несреќа има друг кој ме чека со отворени раце.. Незнам колку приметуваш но од петок на петок се гледаме, каде сум јас во текот на твојата недела? Нешто не ми е наштимано тука. Туку, ајде, нека ти е. Ќе те оставам неделава, не те чепкам. Па во петок јово на ново. Барем знам дека сеуште треба да ќутам, рано е да вадам карти на маса.
Премногу ми е мило што во живо ти кажав се што ми лежи на душата иако веќе знаеш, ама друго е кога ќе го изговорам ... Понекогаш мислам дека не те заслужувам ... а понекогаш сум сосема свесна дека те заслужувам. Мислам дека ни е убаво ... со преубави, лесни па и некои потешки периоди .. со сите се сносиме, после сите сеуште се сакаме, и еден на друг целосно си припаѓаме ... да.
Немој да ми го правиш тоа, те молам! Јас цврсто бев решена да ставам крај на нашата врска, затоа што беше без врска. А ти сега стана упорен? Сега ти текна енос да ми кажуваш дека ме сакаш? Ах, каков идиот си! Ти реков да ме оставиш, а не да ме бараш назад! Не сакам да се враќам, не сакам пак да минувам низ истото, не сакам пак да се мачам. Те молам да оставиме се како што е. Кога ќе бидеме малку по големи и ќе размислуваме поубаво тогаш ќе сме заедно. Сега не.
Што значат тие погледи ???Знам дека беше осамен и ти беше глупо шо седеше сам...посакувам да можев да дојдам да те гушнаммммм...ама...
Тоа е тоа. Не би рекла кажано е се, пошто некои работи сум ги преќутела. Ќе си останат мои, мали, слатки тајни.
Сеуште живеам во некој полу-сон, несакајќи да се вратам во реалноста веќе втори ден. Мислејќи дека ќе заспијам во твојата прегратка додека се обидуваш да ме стоплиш. Дека ќе се разбудам до тебе и ќе се протегнувам со часови. Дека ќе бидеме само јас и ти.