Да раскинеме или не? Најлошо од се, можеби ми е сеедно. Многу работи добив со тебе, ни и многу изгубив покрај тебе...
И да седам до тебе,без зборови,без ништо продуктивно да се случува,пак ми е убаво.. ТЕ САКАМ,ама ептен многу....
Прво си помислив дали сеуште сме доволно блиски, дали сеуште можам да ти кажам се што мислам, и што не мислам, дали можам да си го дозволам тој луксуз да бидам своја пред тебе исто како некогаш, кога за нашите мисли не беа потребни зборови да се искажат, доволен беше само еден мал поглед; мала насмевка и веќе се разбираме за се. Сега ми е срам, зашто заборавив дека тоа си ти, таков ќе бидеш и по три-четири децении - мој човек, моја втора половина и моја сродна душа, мое се. Се сеќаваш кога веруваше дека ова моето е само тинејџерски занес, едно обично пубертетлиско пијанство, експериментирање и дека уште утре ќе отидам со некој друг да дивеам низ овие години? Искрено, јас се надевав дека ти ќе бидеш во право, но ова излезе многу поголемо, многу посилно и многу повистинито! Оти никогаш не сум очекувала човекот од моите соништа да е реален, никогаш не сум очекувала дека ќе постои некој пред кого можам да скршам ваза, да бидам таква хистерична, чувствителна, нестабилна, со манијакално расположение, па со меланхолија и некој кој ќе ги прифати сите мои лузни од минатото. Кога дознав дека си дванаесет години постар од мене и кога решив да направам се за да бидам и да останам со тебе, знаев дека повеќе нема назад и повеќе нема некој друг. Си ветив и дека ќе се променам, прво за мое добро, ќе станам по стабилна и посмирена, позрела и попримерна. И сега кога сум друга, кога сите тие срања се позади мене, кога конечно можам да седам мирна во својот дом и кога решив да се трудам да се прифатам самата, да бидам твоја жена, да бидам вистинска и да бидам храбара, твоја заштитничка, твоја најмила, твое се... нас повеќе не нема! Не нема? Неееее! Ти си тука, јас те чувствувам. И ти, кога ќе ја погледнеш мојата книга, кога секоја вечер се навраќаш на твојата проклета самотија, кога упорно лежеш на дното и ги слушаш нашите песни - ти мислеш на мене. И двајцата знаеме, дека добро направивме, дека ни е потребна оваа разделба, простор за нас самите, време за да се куртулиме од осаменоста и да ги прифатиме нашите слабости, зашто надеж конечно има! Еден ден, кога ќе бидеме подобри и посилни, пак ќе бидеме заедно!
http://www.youtube.com/watch?v=dBb_LLWTD-s Те сакам поради начинот на кој ме гледаш те сакам бидејќи не можам да замислам ден без тебе те сакам поради начинот на кој ме насмевнуваш те сакам бидејќи секогаш ми попушташ те сакам поради твојата внимателност те сакам поради тоа што се трудиш околу мене те сакам поради тебе ... ТЕ САКАМ ..
http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... gk9JYzSOuY песнава исто ко за тебе е пишувана зошто нејкиш да сум сама, ти недостигам и ти мене ми недостигаш
Знам само дека те сакам, те молам никогаш не се сомневај во мојата љубов кон тебе (без разлика каква и да е) Колку и да сакам да не признаам, Длабоко си ми во потсвеста, а тоа ме плаши... До кога ли ќе пишувам на оваа тема обраќајќи се на тебе? Сепак, подобро овде да пишам, отколку да направам некоја лудост додека сум вака очајна.. Јас тебе те нарекував мазохист но и јас станав таква, заради тебе! Се надевам ова е последно..
Ти си љубов, Ти си среќа, Ти си задоволство, Ти си убавина, Ти си насмевка, Ти си радост, Ти си топлина, Ти си мил, и Ти си дете... Ти си несовршено совршен, Ти си неподносливо мил, Ти за иритирачки драг... Те љубам и кога те има, и кога те нема, Те барам и кога не ми требаш, Те посакувам и кога те имам, и цврсто те држам... Зошто? Затоа што така е Убаво, така е Цело, така е Пријатно... и зошто сакам да те сакам, со цело мое постоење....
Дали воопшто постои поголем ласкач од тебе ?! Секој збор знаеш да го плеснеш секогаш кога навистина треба.. ! Можеш да ме изнервираш до бескрај а во исто време да ме насмееш до солзи .. Чаооооооо.
Хаахахахха сварно така мислиш? Мислиш дека имам друг? Луд си бре! И смешен Ме насмеа...Па уште и песнава си ми ја пуштил Е, ако ако,така треба за тебе http://www.youtube.com/watch?v=4lwjpmdQ8VM