Хехехе дојде специјално. Ќе дојдеш ами не?! Па може и така нели, само не знам од каде ти е тој страв врежан во главата дека ќе те оставам или дека не ме интересираш повеќе. Мислам не сум покажала такво нешто, знаеш дека си единствен. Немој да се плашиш, зарем не ти покажувам колку ми значиш?
http://www.youtube.com/watch?v=oKY7qWnF ... re=related И би ти рекла да ми каснеш од задново месо, но знам дека со задоволство би го направил тоа, па затоа не ти велам. Да си пукнеш. И немој така друг пат да се опушташ. Сам си ја зае*а работата, сега немаш право да ги бакнуваш моите усни.
Не сакам да се правам недостижна ..ког ами се допаѓа некој му го кажувам тоа ....Но ти едноставно не ми даваш простор за да ми се допаѓаш!!! Преубав си ама карактерот ти е 0 ...Врв на моите симпатии беа кога дознав дека си ја тепал бифшата. Се откажувам од тебе ...не планирам за 5-6 месеци да шетам модра .
Глуп еден најглуп си море идиоту. Многу си зеде за слобода ама немој ни случајно да си помислиш дека можеш мене да ми наредуваш. Како шо ми се сака на п... така ќе си правам. Ти си последнио од кого треба да побарам дозвола за нешто (за дечкото). А ти топче извини шо те остајв вечерва. Требаше да дојдам со тебе и да го исклучам и телефонот и на се да заборавам. Цел живот ќе бидам пишман што не заминав со тебе, а 10 пати ми рече. Барем најпрекрасно ќе си поминев со тебе и со насмевка ќе заспиев и ќе се разбудев. Те сакам најмногу на цел свет.
Жал ми е за се што се случи и за работите кои не истраќаа од земја во последно време. Не сакам да ни се повторат такви неубави работи, бидејќи си ми многу мил. И гушка сакам, брееееееее!
д.кога мислам на тебе осекјам некоја кнедла во грлото ...ова не е на арно...знам дека треба да те заборавам ама неможам и сеа пак треба да одам кај тебе .... стварно незнам неможам ни со тебе ни без тебе... ке ти кажам отворено шо осекјам за тебе затоа шо векје неможам да го држам тоа во мене па ти како сакаш...може така ке ми биде полесно
Иако немаш љубовни чувства кон мене и иако јас немам љубовни чувства кон тебе,само едно знам.Проклето многу ме привекуваш и проклето многу се палам на тебе. А од твоја страна,кога станува збор за мене знам дека го губиш паметот и полудуваш.... Вчера беше wow,така ке биде и уште подобро,. наредниот пат. Ке летаат искрички
Веќе ми е сеедно. За тебе, за другите, за се. Не можам повеќе да се трудам за ништо... Сакам овој пат да биде поинаку. Некој за мене да се труди. Но разликата ќе биде во тоа што јас ќе дадам шанса.
Дечко 1-ете некако кругот се сврте. Не те посакувам повеќе. И сега гледам како полека се затрескуваш се повеќе и повеќе во мене додека јас барам прилика да ти раскинам. И да, ти не ми здосади, туку ми се одмили. После толку нервози не можам да осеќам било каква наклонетост кон тебе. Едноставно е, ме изгуби. Сега труди се колку сакаш и лижи гз. Дечко 2-знаев, знаев дека ти се допаѓам. Знаеш и ти дека се палам ко млад мајмун на тебе. И премногу, ама препремногу сакам да сум со тебе, кој знае дали ќе може, како што сме срамежливи и двајцата, може нема ни муабет да си правиме од понеделник И не ми е јасно како може дечко како тебе да се комплексира покрај девојки...АЛОООООО совршен си.Ти фалат едно две години, ама и јас не сум уште полнолетна така да не идам у ќорка сега за сега Срце бе, му било срам и не знаел што да ми збори зошто сум била постара. Абре ќе те здробам убавино!!!
Инает ќе тераме, а? а?А? Лошо, бејб, лошо. Знаеш дека ти попушташ секогаш. Ај јави се/пиши ми. Знаеш за колку работи испушти деновиве?
Сакам да дојдеш кај мене, да ти направам чоколадни колачиња и какао со цимет. Сакам да ми ја видиш елката и да ми оставиш пакетче под неа. Сакам да седиме гушнати да се топлиме под милка ќебенцето и да гледаме новогодишен филм, а надвор да снежи. Сакам да ме галиш и да ми ја бушавиш косата, сакам да се лапаме. Сакам да ти зборувам глупости, а ти да се смееш. Сакам повторно да ти ја читам приказната и потоа да водиме љубов баш како што е опишано во неа. Сакам да се шетаме и да се тепаме во снег. Сакам да се смеам на цел глас и да те држам за рака. Сакам да ме носиш во раце и да ме вртиш на сред плоштад. Сакам сите да не видат колку сме среќни. Сакам се, се со тебе.
Мајка ти и татко ти ме бендисаа за снајка. Aј сега признај и чесен збор не замарам повеќе. Па ми треба екстра топлина бре човече, и самиот се увери колку беше студено синоќа.