ти благодарам што се однесуваше толку мило денес со мене,иако јас не се однесував коректно,знаеше дека сум преморена од се а сепак се потруди денот да ми го разубавиш
Ало...што ти е бре тебе во последно време ? Неспособен си еден најнормален разговор да направиш ? Што мислиш ќе се расправам со тебе ? Се лажиш. Не си ни свесен колку брзо можи да ми се одмили некој. А тогаш за се ќе ти биди касно, дури и за најобичен муабет, како што требаше да биди овој сега. Пет минути океј, пет минути не ? Не те толерирам веќе. Уште еден ваков кикс и ќе те испратам да бркаш пајки.
Не жалам за ништо, баш напротив мислам дека ти беше тој што погреши.. И имаа сите право ете признавам по толку време.. Не ми е срам, не ми е ни страв, не се сменив. Истата сум.. Она што зависеше од мене, го направив, дури денес се вратив на сите спомени.. за мене прекрасни а за тебе ужасни! Ти беше тој што беше склопчен ко желка. Затоа за ништо не се обвинувам, толку многу пати пробав да направам асален муабет со тебе а ти не сакаше ништо да превземеш во врска со тоа! Епа јебига, ти играше игра.. П.с Можеби ке те видам за скоро време, чуствувам! П.с Имам симпатија
Ti shto si eden i edinstven, Ti shto si biten i najvazhen .. Ti shto si eden vo iljada.. Ti shto si radost i nasmevka.. http://www.youtube.com/watch?v=zzmb4CeU ... re=related
Едвај чекам да помини досаднава Среда. Сонце се гледаме в Четврток премногу ми фалиш. Ќе те гушкам и бакнувам до сабајле. Те обожавам
Неможам да живеам без тебеее..ти си ми се,со тебе сакам да имам дом,деца сеее..ТЕ САКАМММ НАЈВИШЕ НА ЦЕЛИОТ СВЕТ(сепак детето постои во секој од нас ^^)
Те Сакам беее ! Многу Те Сакам! И ти си единствената причина поради која утре несакам да си одам Скопје. Знам дека еден ден или два ако не се видиме не се многу, ама едноставно неможам да издржам. Се навикнав и ти да си ми таму.
Се би дала да не сме во моментов скарани, и да не ги слушам песните кои ги слушаш од другата страна на ѕидот.
Аххххх вчера бев толку преплашена,а денес ми го разубави денот.Да,сакам да бидам со тебе,тоа ми е најголемиот сон,ништо друго не ми е потребно повеке....Ништо друго,ни пари ни патувања ни благо,туку тебе. Ти си моето најголемо благо.Ми ја зададе најголемата лекција во животот.Да знам како да се однесувам достојно,како дама а не како 5 годишно дете. Извини за сите напади,за сите обвинувања и лажења,и го прифакам твоето извинување Ми недостигаше твојата реченица:Добар ден моја принцезо,јас се разбудив имај убав ден Мелиса .
Грешка си ... Не те убил , те направил посилна !!! А кога раните ќе зараснат ќе сфатиш како, зошто и колку . Еден ден ќе му заблагодариш ... тивко во себе
Зошто морам пак да врвам низ истото ама знајш што поќе не ти се враќам паа ако сакаш биди последен на светот сама ќе шетам цел живот ама повеќе несакам да поминувам низ истото ти си една будала и ништо повеќе....не можам со тебе на крај да излезам..си мислиш ке најдиш некоја подобра од мене се лажиш злато то шо го праев јас за тебе никоја не го прај така да си знајш
Ме здроби... Колку сакам да ти се осветам не си свесен... Ама нема да можам, ма да не се секирам, се ќе ти се врати... не мора дупло да ти се враќа. Доволно е еднакво да ти се врати... Мизеријо движечка.
Сакам да и кажам дека таа е најубавото нешто што ми се случило и дека сакам да продолжи да биде и најубавото нешто што ке ми се случува,кога го пишувам ова ми навираат солзи,но и ми се измамува насмевка на лицето,најверојатно тоа се случува така бидејќи сум тажен што го повредив моето буб4е најмило,сонце најсветло и теленце најсакано,но и зошто знам дека ја сакам.Таа е мојот немир и мојот спокој,мојата радост и тага,таа е мојата среќа,но штета што луѓето го согледуваат тоа во моментите кога ке изгубат некој или кога се на прагот да го изгубат,јас само сакам да си мојата радост,среќа и спокој,ништо повеќе,зарем е многу ова што го барам.......но ако нема дожд,нема да знаеме колку е убаво сонцето,ако нема немир,нема да знаеме колку ни е потребен спокојот,ако нема тага,тогаш ни радоста нема да биде тоа што е,ако го нема сето ова,тогаш нема да се викаме луѓе.Пробав да учам и уште на стартот на темата најдов една мисла "Животот би бил неподнослив за човекот кога би знаел што го очекува.Би ги открил идните јадови поради кои опднапред би страдал и не би можел веќе да ужива во благодетите на сегашноста,бидејќи би им го видел крајот.Незнаењето е битен услов за човековата среќа и треба да се признае дека луѓето овој услов речиси секогаш го исполнуваат". Еднаш ти реков:"Љубовта се мери во болка,зошто само човекот кој го сакаш може да те повреди доволно за да пуштиш солза",јас пуштив солза за тебе,и ти го стори истото за мене.Зарем мислиш дека не те сакам?Зарем мислиш дека оваа солза што капнува додека го пишувам ова не е од љубов?Зарем ти не ми рече дека знаеш ОТИ те сакам?Неможам без тебе,но и неможам со ова што ми се случува,само сакам да те сакам без ништо да ме кочи,сакам сонцето да изгрева во твоите очи.Прости ми што те повредив,се надевам дека ќе имам прилика да ти надоместам и дека ке биде се во ред
Пијам какао и мислам на тебе. Френк Синатра како кец на 10ка ми дојде во моментов (лилитка ме зарази)! Глеам датава 21.12.2011 ајде мајкаааа уште точно 1 година до "крајот" на светот хахах. Мене искрно ич не ми е гајле, пакувам куферите и идам со тебе на Барбадос , пред тоа ќе си нарачаме неколку кари пици- како таа што ја јадевме пред малце , за секој случај, може тамо немаат хахахаха те сакам најмногу
Ох, како ме имаш разгалено, чак и си ме запоставил, сакаш да ми подариш нешто. Знаеш дека си мојата маленкост, што и да ми подариш се радувам како мало дете, на една свеќа миризлива се радувам ако е од тебе, се што е од тебе го сакам, и бескрајно се радувам. Колку си ти посебен, те сакам многу ... Ме знаеш и познаваш целосно, кога ме гледаш, како да ги имаш сите мои мисли и душата на тацна, ете толку добро ме познаваш. Толку добро ме дополнуваш, дел си од мене, па како да не сме поврзани кога си ѕвониме во исто време, како ?