Што ќе биде со нас? Што ќе биде од нас? Што ќе остане од нас? Имам лошо претчуство дека овој пат јас ќе расипам се затоа што мислам дека не вреди да жртвувам пак некого заради тебе. Еднаш го направив тоа и изгубив прекрасен човек, а сега, кој е прекрасниот човек кој што ќе мора да го изгубам? Ти или он?
Ти мислиш веќе еднаш да се одлучиш што сакаш?Или чекаш јас да се одлучам што сакам.Ти кажав што имам да ти кажам,направив што требаше да направам,од сега натаму оставам на тебе.Имаш една недела да се одлучиш што сакаш од мене,па фала богу не си едиствен на светов такви како тебе ги има на секој чекор,а јас како по дифолт секогаш налетувам на такви како тебе до кога..........
се надевам дека се разбравме јас и ти околу темата брачни односи, дечиња и такви работи и не ми е јасно како можеш да ми спомнеш такво нешто после 2 месеци и некој ден заедно чисто информативно тоа ја виде мојата (ептен бурна реакција, ама на крај ти објаснив како јас замислувам брак и брачен живот, и дека сум малечка уште за тоа )а сакаш да се запознаеш со моите -малку е проблем оти тато и братче сакаат, ама мама не сака-нешто ке мораме да смислиме да ја убедиме најважно од се е дека моите имаат доверба во тебе, а јас сакам уште долго време да бидеме заедно(секако и за Нова година) мислам дека НЕ ПОСТОИ друга личност на планетава со која што би сакала да бидам за тој ден
Во такви моменти како вчера кога се смеевме и глупиравме ко деца,те гледам како најдобар другар,пред се друго. И затоа Те сакам,затоа што си се што ми треба,во едно.
Поголемо изненадување од тоа што те видов денес? Не постои!!! По речиси 8 месеци! Мора уште да чувствувам нешто ако затреперив на твојот поглед. Колку не си изменет ама тоа е добро! Еј, среќна сум!!!
До најновата љубов моја... И ти ми се допагаш но не сакам да избрзувам овој пат.Не сум спремна за уште едно страдање.Не сакам и ти да страдаш заради мојот шуплив карактер.Те знам само два дена а веке ми влегуваш во кожа и мислам на тебе. Не,ова не ми се допага.
Ич да не ти е гајле што си пушти стомаче. Па и јас си го пуштам, па ќе го раснеме заедно. Море прибери се таму, не се опуштај многу.
Да, да. Со истиот тој тоналитет. И гомце си ама не можам без тебе Still I can't escape the ghost of you