Ај еден групен говор, предновогодишен....обраќање до симпатиите за изминатата година хм хм.... Spoiler 1. Те нема реално одамна, а и виртуелно те снема.....којзнае што се случува во твојот живот, ама кај мене остана само блед спомен на твојот лик, 2 слики и штиклите кои се поврзани со тебе Еднаш мислам дека те видов во диско, те препознав во гужвата и матното светло, а можеби беше привидение....незнам, ама не се вознемирив скоро ич. 2. Пред 2 години, ова време се договаравме заедно да ја дочекаме новата, ги шокиравме сите тогаш се чудев на твоите постапки, но потоа сите те научивме каков си, не си личност од збор.....најголемиот пад во мои очи ти беше оној со договорот што го извиси, сега се појавуваш одвреме-навреме, ми делиш и пријателски совети.....твојата слатка мала која секогаш со 2-3 збора изнудува насмевка од тебе касно мече, каснооооо......падната ти е маската пред сите кои те познаваат, а јас сакам емоциите да ми се на сигурно не на неизвесност со тебе 3. Оф леле, што ќе се прави со тебе.....како стар брачен пар се расправаме и инаетиме некогаш. Лани во 00.00 помина возот и ти не се качи во него, продолжив сама, сега нема назад.....иако секој втор муабет ти е за тоа. Единствено ќе ти кажам браво за тоа што виде дека позади ова што го покажувам има нешто друго. Премногу го фураш филмот на мачо-мен (а не ти доликува) и си ми смешен, но додека не се стабилизираш и муабетите на шала ќе останат. 4. Беше ти новогодишно пакетче, магијата на новогодишната ноќ Беше и остани таму, можеби некогаш ќе ни се вкрстат патиштата пак. 5. Кај се појави пак, како успеа да ми го превртиш светот.....ми влезе под кожа, неверојатни работи се случија во мојата глава и срце, размислувања и ставови кои никогаш не би рекла дека ќе бидат својствени за мене, незнам кај тебе што се случуваше......но на крај еве што се случи, така требало да биде и сега треба да се чекори подалеку од тебе. Штета, а можеби и подобро е вака, којзнае.....се појавив во погрешно време.....ќе видиме што ќе донесе времето! 6. Зошто сите околу мене имаат визија, освен јас......никогаш не вели никогаш, но моментално чувствувам дека е речиси невозможно. За тебе незнам, едноставно премногу е чудно.....без разлика на твојот одговор, мојот е НЕЗНАМ. 7. Што ми требаше ТИ не беше грешка, беше искуство, ама надвор од оние на кои сум навикната. Не не и не, доста беше иако гледам дека на секој можен начин се обидуваш да се приближиш и да ги оствариш твоите намери, но те прочитав и сега те знам, а тоа што го знам е доволно за да не продолжам со тебе. 8. Абе фин си, малку ќе си погазам некои ставови.....ама интересно ми е и не е исклучена можноста за некогаш, нешто. Уф се изморив, многу биле Тоа им е од мене за оваа година, наредна година се надевам со нови ликови и нови постови овде. Стариве доволно беа експонирани. Потребна е свежина Дај Боже наредните постови овде да бидат исполнети само со вакви анимациии.....дури и да не се потребни многу зборови
Сакам да се сретнеме и да се изнапрајме муабет. Искрено, слободно, како и секогаш. Добра ноќ... каде и да си..
Среќна сум Конечно да те гушнам и да тонам во твојата прегратка За Нова година со тебе сонце! Уште утре ќе почнам да се спремам,едвај чекам да ме пречекаш на автобуска,ќе се сетам и на првиот пат Сакам вака да сме среќни секогаш! ТЕ САКАМ! Знам,пак ќе сум вљубена во тебе како и првиот пат,пак ќе треперам... А ииии две тела подобро се греат во зима,така? Да не ти студи,барем колку што ќе имаме време А за понатаму незнам,од двата зависи http://www.youtube.com/watch?v=CP6LQjJo7eY
Религиозна определба - Манијак !!! е можеше ли повеќе да ме изнасмееш будалетинко една... ти посакувам пријатна работа во студио
Ќе ти дозволам да ме сакаш, знаеш дека сакам да сакаш. Ќе ти дозволам целосно да ме имаш, знаеш дека сакам да сум твоја. И уште милион ствари знам, а и ти исто, и за чудо и после скоро цели 2 години, ниту за момент не зажалив што те пуштив во својот живот. Кога ќе се поклопат стрелките ќе ти скокнам во прегратка, силно ќе те стиснам, ќе те бакнам, и ќе посакам чувствата помеѓу нас вечно да траат. Зошто јас без тебе сум обична девојка, а ти секој ден ми правиш да се чувствувам толку посебна. Нема да ти кажам дали те сакам или не, ќе те оставам да почуствуваш, ќе продолжам да те сакам, и ќе уживам додека те гледам среќен и исполнет. Можеби не си совршен, но и несовршен, идеален си за мене . Spoiler И дај однеси ме на крилца, веќе еднаш, ама молим теееееее, па ми се јадат , плиссссссссссс мацо, плиссссссс .
И кажав прееска на С дека си вратен и дека се видовме. Ми рече: Немој пак. Шо знае она... За времето кога цртавме ангелчиња и ѓаволи по прозорците од колата, кога јадевме милка и се лигавевме. Времето кога студените скопски вечери ни ги гризеа обравчињата, а ние се држевме за раце. Минатиот Божиќ започна се, овој Божиќ...ќе видиме
Изгледа ке го јадеш ти дечко и не искачам следен пат ако не ми дозволиш јас да платам, а знам дека има компромис помеѓу нас, па не можам да дозволам цело време ти да плаќаш, па ми стана непријатно више.. На бившиот ... не сум те заборавила, ама треба! И фала му на господ што никогаш нема да ме споредуваш со твојата бивша дека и послем цела година не си фатила дечко.. Don't you ever think you're irreplaceable така дааа... Ах и заборавив ова да ти го кажам I'm just gonna sit here and watch how Karma is beating the shit out of you ...
На бившиот - „Хтео то не хтео, звачеш је мојим именом“ А на моето ангелче - Ајде доаѓај веќе сакам да те гушнам и да почувствувам струја која ќе ме здрма од глава до пети и ќе ме стопли и едно искрено и топло... многу те сакам
Те љубам едвај чекам да се НАСПИЕШ (тоа мислам дека никогаш нема да се случи ) нооо јас се надевам хиихихи да бидеш освежен и да те бакнувам цееела вечер мил мој
Со тебе е или црно или бело, или џа или бу, од крајност во крајност ме носиш. Одамна ќе не немаше да не знаев како е на убавата страна. Изненади ме.
Ти благодарам што ми ја држеше раката додека ги слушав моите омилени песни,додека го живеев мојот музички сон