Да не се правам фраерка,се уште те сакам и се борам со чуствата.Да не имаше некоја друга во животот до сега може ке попуштев ама преку тоа не можам да поминам. Пред една година те запознав,пред 6 месеци последен пат те видов.Пред 6 месеци ми кажа ништо нема да не раздели. И сега?Се криеш, а јас се полнам со тага и размислувам кој пат да го одберам.Страв ми е од иднината,што ке се случи. Но едно знам,дека повеке нема да отклопам телефон,ни да ти пишам порака. Не дека не смеам туку не сакам,не е само заради гордоста. Барем знаеш дека те сакам. Но запомни ја песната. http://www.youtube.com/watch?v=ofDPsIQ2iNI
Знам дека по 100ти пат го кажувам зборот КРАЈ, но искрено додека ме бакнуваше ми се гадеше. Самата помисла дека можеби синоќа си ја бакнувал НЕА, не можев да ги поднесам твоите бакнежи. И не, тоа што не сакав секс не беше инат, туку ми се гадеше од тебе! Не може кога ти ќе посакаш тогаш да ме имаш. Каде беше синоќа кога ми требаше? Не можам веќе да те поднесам.. не можам, не сакам.. Те молам остави ме да бидам среќна! http://www.youtube.com/watch?v=sC3_gTmsg-M
вчера и денес размислувајки и разгледувајки се околу мене, сватив дека ТИ сакам да си до мене и еден милион машки, како и покани за кафе/пијалок и сл да одбијам нема да жалам, се додека сме заедно, и се сакаме те сакам ти си моето сонце кое свети во моето срце
колку ми е убаво немаш претстава!!! се гордеам со себеси што успеав без тебе. едвај чекам да дојде Нова Година па да видиш во што прераснав. без тебе многу повеќе вредам. и не сум повеќе таа што би направила се за тебе, сега сум таа што не би помрднала ни со прст за ти да бидеш задоволен. ПОЗДРАВ ДЕЧКО! и бај д уеј речникот ти е на многу ниско ниво,а ти си ми бил академски граѓанин. хаха.
Не ми се верува дека постои човек како тебе. Не ми се верува дека некој може да сака на тој начин. И не ми се верува дека 4 години имав сосема поинаква претстава за тебе и не сакав да ти дадам шанса. Ти благодарам што беше и си трпелив, што ме сфаќаш, што немаш преголеми очекувања, што не сакаш да ме брзаш во ништо. Сакам кога ќе скараме и не размислуваш ни 5 секунди дали да дојдеш, иако не дели толкав пат, само да ми објасниш во очи, само да не се нервирам. Сакам кога ме гледаш со тие заљубени очички и знам дека јас сум ти доволна да бидеш среќен. Сакам кога ќе ми се јавиш и ќе ми кажеш "Симни се, јас сум пред врата". Не сакам кога се мрзнеш со саати на автобуска, само за да ме видиш. Ми е страв дека толкава љубов ќе ти наштети. Фала што сите овие години не го смени мислењето за мене, се бореше за мене и покрај сите мои одбивања. Секој на овој свет заслужува да биде сакан на начинот на кој ти ме сакаш. Тоа е чиста, искрена љубов, без финти...кога човек заборава на себеси и прави се за да не ја повреди саканата личност, без оглед колку таа го повредува и колку пати ради неа. Извини за мојата грубост досега, никогаш не сакав да те повредам. Ама знам дека го знаеш тоа, ти знаеш како дишам и размислувам. Свесен си дека не сум премногу заљубена, но јас сакам човек како тебе до себе. И се надевам дека ќе потрае и искрено овојпат ќе се потрудам. Зашто не сакам да страдаш. Ти си едно мило суштество кое заслужува се најдобро. И јас ќе се обидам да те направам среќен, да ти пружам барем мал дел од она што си го направил за мене.
С. ти текнува на песната ? Прв пат ја слушнав кога ти ми ја прати, од тогаш ја засакав песнава од тогаш .... ти смени толку многу нешта во мојот карактер, успеа да ме сменеш .... а пак не сме еден покрај друг, пак многу нешта стојат помеѓу нас... а најголема пречка е мојата нерешителност, мојот страв од нови нешта. Помогни ми можеби ќе успеам да го пребродам овој тежок период. Пробуваш гледам, знам , осекам но се плашам пак да се приближам до тебе не поради мене туку поради тебе, тебе да не те повредам .. Многу пати и многу нешта претрпи поради мене, можеби ке кажеш тоа останува во минатото но не е така знам дека така било,сум грешела и се секавам на тоа-се срамам од тоа. Постојано мислите ми навракаат кон тебе и посакувам да си близу да те гушнам во твојата голема прегратка но се плашам, бегам. Зошто е тоа така ? не знам ниту јас. Кога сум крај тебе чувствувам дека нешто внатрешно не спојува, но во тие моменти крај тебе чувствувам како зборовите ми заглавуваат на врв на јазик и имам страв од зборување, чудно се чувствувам. Толку многу за кажување во исто време, а толку малку храброст. Би сакала да те видам. Би сакала да те гушнам. Би сакала да те слушам како ми зборуваш. Би сакала да имам храброст . Би сакала .... http://www.youtube.com/watch?v=MY4YJxn- ... TvzGUQAMAA
Дечкооооооо, бива да те сакам ? Фала ти дечко, многу си љубезен. Ај сега чао, и пожелно е да ме љубиш брзо, зш журим.
Само се прашувам,како не ти е мака од нешто што не сум го мислела,сум го кажала,да измислиш приказна и да си го протолкуваш поинаку?Зошто во се бараш нешто како да не сакам да сум со тебе,како да те одбегнувам,а не е така? Зошто по ѓаволите еднаш не си кажиш таа е со мене,ме сака,се грижи за мене,сака да ме слушни,прави се за да сме заедно и после се? Зошто? Не сум имала лоши намери,ниту па сум помислила да лажам или да се кријам. Аман! Зошто такви мисли не ми е јасно...Не се слушаме ли секој ден по сто пати? Од кај да памтам после се што сум кажала? Ете,можи сум заборавила дека сум ти кажала,па ти кажав пак,за да знаеш каде сум,а не со намера демек не се јавувај... Јави се кога сакаш,не ми пречи!Напротив,мило ќе ми е. Само сакај ме,не прави од игла слон!