понекогаш навистина треба да ги гледаш работите и од другата страна,навистина не знам што ти е...само знам дека не ни иде,се надевам дека ситуацијата ке се поправи
зошто секогаш ти викам НЕ, не можам, немам време... кога нешто од внатре сака да каже ДА? ме изненади твојата порака на која повторно морав да одговорам негативно, стварно сега не можев не те излажав ја сакам твојата упорност
Мислам дека конечно ја помина таа глупава, недорасната фаза во твојот живот од кој си самиот свесен дека не ти носи ништо добро. И мило ми е поради тоа. Мило ми е дека порасна, за нареден пат јас ќе се прашувам, ако воопшто го има. А ако го има тој нареден пат само ќе ти речам *Преку моето мртво тело* Па ти како сакаш, и како ќе одбереш, твое е Ќе бираш, јас или тоа. О ќе видиш што е поважно. Нека е сурово од моја страна, баш ми е гајле, како сакаш така сфати го
http://www.youtube.com/watch?v=ox646eqw ... ture=share I belong to you And you You belong to me too You make my life complete You make me feel so sweet така да си знаеш
ЗОШТО мораше да ми кажеш дека ти се допагам бе скапаницо една ЗОШТО ако те видам некогаш, жими се ке те пукам сериозно да се појавеше пред некое време ке ти дадев шанса да те запознаам подобро(компатибилноста на знаците е супер) ама сега верувај дека со сите сили ке се обидувам да те заборавам поранешен колега
Ооо љубов, зошто олку ме мачиш... Ми фали споделување на некој уникат. Ми фали случајна филозофија во муабет. Ми фали тупење без потреба. Ми фали заедничко откритие. Ми фали искашлана статија во 3 саат. Ми фали возвишување. Ми фалиш ти. Еј абе знаеш дека требаше да пишуваме книга? М? Уствари пардон, студија беше Пре би да ми посветиш рандом реченица отколку да те видам во сегашново издание. Јас и носталгијата сме втори братучетки, знаеш тоа. Ако, добро е и сега. Барем сакам така да мислам. Кога не си расположен да превземеме нешто околу тоа, само тоа и ми останува. Ама покрај се, знаеш...
И после се, на нова година ќе сме заедно. И те имам, повеќе од било кога. Само не знам дали ти ме имаш мене. Се сеќавам пред месец-два, колку ми значеше, мислам дека ќе полудев да те имам, и успеав, дури и повеќе отколку што очекував ми припаѓаш. Се измени само мојата затресканост, ја снема по малку. Може ќе се врати, може не. Сега нека е вака, барем ми рипа егото, а и крунава богами ми се зацементира на глава И само да знаеш, не, не сакам ако одиме 3-4 години да се земеме. Ми е гајле ако тогаш ти е тебе време
Не е ВС, ама изгледа дека е многу подобро... А богами овде изглед не вара. Не се секирај што не ме фаќа еуфорија, што не сум припотресена. Се чувам за воздишките и стенкањата утре. Wake me up when tommorrow comes!
Ех љубов се ќе средам за утре мора да ни биде убаво иако ти си така ко нерасположен ама тука сум јас ќе направам се.. насмевката е најбитна
Спојлер Го напишав ова за еден и само за еден,на 18 декември. И еве дојде време да го ставам.. Да ти кажам.. Понекогаш се потсетувам на тебе. Посебно се сетив денес. На 18 декември. Недела. Излегов на цигара надвор и времето ме потсети. Оној дел од денот кога сонцето заоѓа,кога сте во онаа фаза кога си правите пресметки што сте изработиле во текот на денот. И додека ми се вртат такви мисли во главата,некаде таму,на некоја мозочна клетка и текна да ми ја пушти таа информација дека некогаш,токму периодов,токму во овој дел од денот сум била со тебе. Ау,колку само ми застуде наеднаш. Трпки ми поминаа низ целото тело, како да одбивав да се сеќавам на тој период. Или сепак, ми беше премногу болно за да почнам воопшто да се сеќавам. А сепак се сетив. Се сетив на нас. Јас го обожавав тој дел од денот и секогаш те убедував да излеземе токму баш тогаш. Тебе ќе ти беше сеедно кога е, само да си со мене. Го обожавав, сеуште го обожавам тој отсјај што го создава сонцето во очите на луѓето кога заоѓа. Тоа ти е како совршено време за да засакаш некого. За да бакнеш некого. Да те прегрне некој на кого ќе му значи и твојата прегратка. Совршено време за да уживате во взаемното присуство. И во молчењето. Совршено за едно те сакам,така од чиста мира. \ Совршено време за да заборавите на караниците, на тоа колку ви е всушност врската несовршена и малку да уживате. Ете на тоа ме потсети денешното небо. Како се одоколу мене да работеше против мене и ме убедуваше да го уклучам мозокот за да ми текнат уште мал милион работи кои ги имаме правено заедно на вакво време. Успеав,но не доволно. Беше пред само три години, а мене ми се чини како да беше пред сто. Беше совршено време за договарање што ќе правиме вечер. Совршено време за еден телефонски разговор, во кој нема да кажете ништо посебно, а сепак после истиот ќе се чувствувате како најпосебна личност на планетава. Совршено за да се измами една насмевка на вашето лице,од среќа. Совршено време за да Му се заблагодарите на Господ што ви го дал сето тоа. А денес, совршено за да Му се заблагодарам што ми Го дал тоа некогаш. А и недела е совршен ден за да се почуствувате толку проклето осамени. Каде отидовме..? Убава работа заврши времето денес. Ме потсети на тоа колку бев дете некогаш. Колку сакав некогаш. И колку всушност сум постанала монструм. Фала. И тоа е нешто. Одвреме навреме барем некој да ме потсети дека некогаш љубев некого толку многу, што дури и ми е срам да кажам дека после него уствари ретко и да дејствувам. Единствено постојам. Браво.
Тие три зборчиња ме направија најсреќна! Макар и да не ги мислеше , ми е гајле, still counts! Спојлер и јас многу те сакам
Има моменти кога сакам да земам борина и да ги бркам лошите денови. Или со лук да ги истерувам. Жалосно, но практично, а нефункционално. Сакам да ги нема тагата, загубата, меланхолијата. А доколку ги има, барем да постои и поддршката, тоа рамо за плачење, столбот на кој можеш да се потпреш, гранката за која можеш да се фатиш за да не паднеш во провалија. И додека некој со запалени жижици си посакува љубов во прегратка за новата година, јас само ќе посакам мир, и да го најдам своето место под сонцето. Нема да кажам дека all I want for Christmas is you, јас сакам да љубам, без страв, а со спокој. Двете зборчиња значат многу, но не се доволни.
Се' фино бе душо ова со „рамноправноста“ (или она што ние меѓу нас си го нарекуваме така ), ама......зошто бе барем еднаш не ме праша дали ми е ок, дали ми треба нешто, како стојам со пари, итн итн? М? Или тие муабети останаа во времето кога ги кажа? Ај да не ја расипувам НГ која и онака не ја славиме нешто посебно....ама после тоа следува муабет, да си знаеш. За озбиЉно. Те сакам, by the way!!
Ми недостигаш .. Не знам какво ќе ми биде утре без тебе. Дали цела вечер ќе мислам каде си со кого си и мислата дека можеби си со некоја ќе ме прогонува цела вечер или па ќе ми биде многу убаво без тебе и нема воопшто да мислам на тебе. Барем да се имавме на фејсбук да ти го гледав профилот, ако не друго. Не, не. Јас одлучив вака и ќе стојам цврсто на мојата одлука.. Не смеам да попуштам само поради тоа што ми недостигаш. Убав помин утре вечер. Чао.