За чудо денес ич не помислив на тебе, среќна сум и горда на то. Сепак си стојам на зборот. Имај убав помин утре. Чао.
Начините на извинување ми стануваат се пооригинални. Ама за да не ми се истрошат, треба да ги намалам причините за извинување. Знам, се ми е јасно. Тоа е.
Spoiler Више станав толку честа на темава заради ТЕБЕ. Ама само овде можам да ти кажам што всушност осеќам и што би сакала стварно да ти кажам а неможам... Абе чоек, незнам сам колку примети, ама една работа шо направив ми отвори очи, и да се запрашам До каде вака со моја ладнокрвност, и неискажување ни на најмали искри нити на најискрени желби што сакам да ти ги упатам... Значи да не ми кажа прв што посакуваш, и што ми посакуваш едноставно немаше да ти се отворам прва да ти ги кажам моите желби од се срце што ми се само за тебе. Ох чоек страв ми е бе, страв ми е и преку глава ми е више да бидам повредувана. Незнам кое оружје друго освен моја затвореност да покажам, за да не ме повредиш... Можда нема да ме повредиш, можда и никад нема да помислиш да ме повредиш, можда за секад ке ме чуваш во твоето срце... АМА ја тоа неможам да го знам, ок ? И фак го мрзам овој скептицизам у мене, и мрзам што сега сум песимист во се едноставно. Се плашам едноставно. Незнам искрено, идам степ бај степ, незнам нејќам да се заебам, сакам мирно да пловам низ оваа море во кое се најдов. Ме сфаќаш ? Ок нема везе, барем ке глеам да се опуштам малку, да не бидам толку стегната и затворена... Како само ни се најдоа енергиите . Сонце си коа несакајќи ке ми откриеш некои работи од тебе за мене . И да, утре ти праќам едно пораче зашто стварно од се срце ти посакувам да си среќен, и да имаш Мир и бескрајно многу љубов, макар и да не биде ништо од нас, од се срце ти го посакувам ова, и ти посакувам Среќна Нова Година и со поремногу успеси, а, да, и да биде успешен нашиот проект Посебен си, остани таков. Такво нешто ко што си ти ми треба покрај мене . Некој ко тебе. Леканоќ.
Никогаш не знаеше да ме сакаш како што јас те сакав тебе, не ме познаваше доволно а не ни сакаше да ме запознаеш а не ни дозволуваше јас тебе да те запознаам.. Јас сум ветер, возгух, тука сум и потоа ме нема, но затоа сум најдобрата пријателка на светот и најлошата љубовница на која некој може да налета.. Едно можам со сигурност да кажам МОЖЕВ да бидам многу добра.. Да ми дозволеше, да се поставеше како што требаше.. Ке ја почуствувам и јас љубовта, нема секогаш да биде мојата приказна тажна, насолзена и студена.. Можеби некогаш ке ти кажам дека колку и да те мразам, секогаш ке ми фалиш, колку и да ми е убаво, се каам за се ...Можеби некогаш ке се осмелам да признаам дека сум љубела посилно, но биди сигурен дека никогаш повеќе, никогаш на истиот начин на кој безусловно те љубев тебе..Тоа никогаш нема да се случи.. И дека понекогаш не си ми потребен, a некогаш те сакам повеќе од се друго замисливо. Но можеш да бидеш сигурен, дека поминувам часови барајќи го изворот на ова мое неверство... И дека веќе еднаш се збогував со тебе мисловно, и знам дека тоа за мене не би било толку тешко, тешко би било она што ќе следи потоа. И навистина мислам дека ми требаш зошто те сакам, а не те сакам зошто ми требаш, и ова најверојатно е најважно. И се надевам дека ќе ми простиш затоа што илјадници луѓе сега го знаат тоа, а ти можеби, еден ден ќе го дознаеш.....
И се надевам дека ќе ми простиш затоа што илјадници луѓе сега го знаат тоа, а ти можеби, еден ден ќе го дознаеш.....[/quote] .... машките се пропаст !!!!!!!!!!!!1
навистина ми фалат оние денови кога бевме најсреќни сега некако сме многу оладени...дали е тоа што премногу ме повреди... или е нешто друго во прашање јас не знам... само сакам да ни се подобри ситуацијата...
Еве и покрај се,после сите борби ќе ми се исполни желбата Пресреќна сум! Уште кога ќе те гушнам утре навистина,ќе сум пак три метра над небото Што да расправам,да пишам приказни,кратко и јасно ТЕ САКАМ САМО ТЕБЕ! Се надевам новата година да е подобра и за нас