Многу ми е мило што се слушнавме и што имаме толку многу да збориме, не знам зошто ама изгледа ке ми треба мнооооогу време да се опуштам пред тебе.. п.с не знаев дека ке ми честиташ ама сепак На бившиот не знам зошто ти звонев можеби едноставно ме фаќаат кризи да те слушнам, требаше да претпоставам дека нема да ми кренеш и дека ке испаднеш кретен.. Не знам зошто уствари од време на време дури и се надевам?? Кога ништо нема да се смени..
Фала што не ми честита,фала ти....илјада пати фала.Само на крај немој јас да бидамкрива,можеше барем да се обидеш. Оди и не се вракај повеке.Замини си Не ми се верува дека заради некоја девојка си спремен да ги загубиш сите пријатели па дури и мене,твојата принцеза. Ме разочара комплетно. Збогум.
Можеше да ми вратиш на пораката, иако можеби не требаше воопшто да ти пишам. Не знам каде си, а уште помалку со кого, но искрено не го очекував ова од тебе... Некогаш посакувам да ти признаам се`, речиси сум спремна на разговор во четири очи без маски, меѓутоа секогаш правиш нешто што ме разочарува и ми ги расипува сите мечтаења. Откако ќе помине извесен период, ја добивам истата желба повторно, но потоа се појавуваш (или некогаш воопшто не се појавуваш и ме забораваш) и ме премислуваш. Не знам до кога ќе трае, но ме уништува. http://www.youtube.com/watch?v=J-RD2M6uF6s
И во моментот кога ќе речам дека повторно правиш да се затрескам во тебе, ти ќе ми го скршиш филмот! Епа мајку му стара, зашто мислиш дека не знам дека лажеш? Ти личам на будала денес или што е работава? Маааалку фали да те захејтам пак, да знаеш дека ќе ме изгубиш. Ајде оди легни си, да не кажам оди си во тоа шминкерското 69 со другарите твои и нивните другарки, дека многу ти се спие де, не за друго.
Јас не заслужувам? Јас што сум правела се и сешто? Што за тебе сум спремна на се? Што ако плачеш ти плачам и јас, ако се смееш ти се смеам и јас? Што те ставам пред се и секој? Што со години се борам за нас против сите? Ало, греота е тоа и да го помислиш а не па да го речеш ... немој да бидеш гад ... Секој ебан дел од мене е вложен во нас ... Ништо не постигнуваш што ствараш оклопи околу тебе не давајќи на никој да ги помине. Аман за аман освести се дека ништо добро не си правиш на себеси... И нека ти е среќна новата година, имај здравје, повеќе памет, среќа, и многу љубов ... се со мене. Па наредната е надежно да си ја дочекаме заедно ... Можеби не можам да ти кажам во живо пошто зашто сме скарани, ама јас барем на форумов ќе се олеснам ... а ти ... не знам, но колку ти е тешко знам ... и жал ми е ама сам си правиш се. Те сакам. Еве ти го и првото те сакам годинава вол еден.
Од вчера од 23:58 до 19h денес цело време си мислев како ја сум една будала шо прва ти пратив порака и шо ти честитав НГ, и како сум едно заљубено девојчиште шо светот го глеа со розеви наочари. Како сум само глупа шо прва направив чекор и ти пишав и како само глупо очекував да добијам од тебе одговор... АМАААааааа there you are од коа почна да шкрабаш низ онај скајпон и низ камерана мислев ке ми се извинуваш дека си немал кредит и сите други изговори, ама одкако ми ја покажа пораката шо си ми ја пишал ... Се истопив, мислам не ми се веруваше дека ја глеам твојата порака која ете неможела да се прати... Оххх Оххх да сум до толку блесава и храбра и овде би ја ставила поракаа од пуста среќа . Како само било напишано дека си сакал со тебе да сум заедно да кулираме .... И да, во оваа година мора да се видиме. Ама уше поголемо сонце беше ко те покажав на очувот мислам извини ама морав да му се пофалам дека си прам муабет со симпатијата ми мој Душа си цела, само те молам, остани ваков ко што си, Ваков ми требаш. Ваков сакам да те сакам. На ваков Тебе сакам да му ја дадам љубовта. Со ваков Тебе сакам да поминам бескрајно многу ноќи .... Уште е рано и е прерано, ама одвај чекам да ти ги изустам зборовите Спојлер Те сакам
Година и пол, ихааааа. Кад је прошла, јеботе. Лепо смо је дочекли, мхм да. Грррррррр, си сакам грубоќа, си сакам да си викнам, си сакам да си кажам, па си сакам бре! Еј да ти кажам дека најмногу те сакам, тоа го знаеш. Да ти кажам дека ужасно ме возбудуваш, I hope so знаеш. Ме излудуваш побогу, аааааааааах. ТЕ САКАМ!
прекрасно е да се разбудам покрај тебе се надевам дека оваа година ќе имаме многу заеднички убави моменти...а секој ден исполнет само со љубов,разбирање,и слога
Знаеш понекогаш мислам дека сме премногу блиски, и дека еден без друг не би преживеале долго. Само со тебе можам да се глупирам, да трескам зелени, да се смеам ко луда, да плачам, да кажам се што ми лежи на срце, а да не се плашам што ќе помислиш за мене. Знам дека ме сакаш највише и кога се смеам, и знам дека си секогаш тука за мене кога сум тажна. Само оваа близина ме плаши, па шта чу сречо ако ме икада оставиш? Како минуваат деновиве сфаќам дека сум навлечена на тебе, како на некоја опојна супстанца, и како минуваат годините сфаќам дека среќните моменти ги имаме во изобилство, а лоши спомени можеби само два или три. И кога ќе ги ставам сите овие работи на кантар сфаќам дека вреди да се вложам себеси во оваа врска, вреди во името на мојата и твојата среќа, вреди во името на иднината која не очекува. Ова е трета година која ја започнуваме заедно, за некое време ќе ги заокружиме двете што ги поминаа, двете најубави години во мојов живот, кога сум целосно исполнета, кога некој сакам и кога тој ме сака. Безусловно. Те сакам без оглед на се, те сакам и со сите твои мани и доблести, зошто личност како тебе е она најдоброто што некому може да му се случи. Вчерашниот новогодишен бакнеж беше магичен, завршивме едно подглавје и една година, и започнавме ново и заедно усни на усни влеговме во новата година. Ветивме дека ќе ја направиме подобра од претходнава, само се прашувам дали воопшто постои нешто што треба да го поправаме? Ме правиш среќна, ти си моето светло на крајот од секој тунел и си највредното нешто што го имам. Во новава година ќе се потрудам да те сакам повеќе отколку во минатата, но незнам дали ќе можам зошто во претходната година, а и таа пред неа, те сакав со целото свое срце. Те љубам !
Ме мачи, и постојано си го поставувам прашањето дали некогаш ме сакаше? Дали барем МАЛКУ ме сакаше??? И пак послем некое време ке дојдам до заклучок дека не си ме сакал, и никогаш нема да ме сакаш.. И пак не е важно, пак времето ни помина.. Ама боли... многу боли да сакашш а да се помириш со тоа дека никогаш нема да ти биде возвратено..
И тебе ти е тешко и мене ми е тешко, но што да правам сакам да шетам ајде, ајде уживај што се 8 дена? пссссс ништо одма ќе летнат
Во еден момент се чувствувам очајно,но во друг момент se чувствувам како да е јули и ти си дома и јас едвај чекам да дојдеш и да те видам.Како ти реков порано,кога е се ок,ми е убаво и сакам да правам муабет со тебе,но кога не е ок,тогаш уште повеќе сакам,така и сега.Но има време за тоа,ке трпам,минатиов пат прерано се одлучивме пак да се видиме,сега сакам да помине подолго време,да видиме тогаш што ке се случи,дали ке ми недостигаш пак толку неиздржливо како во јули. Поминаа 6 месеци,ајде уште долго да сме заедно,да не речам засекогаш,и кога ќе размислам ти намерно вчера ми го пиша тоа ,за да не ми дадеш медал ,зез буб.Еднаш пред точно 2 месеци правевме муабет и ти реков јас дека треба награда да добијам,но ти ми рече,не буб,награда ке добиеш кога ќе бидат 6 месеци.ТЕ САКАМ сонценце мое малецко,убави ми беа овие 6 месеци,но да не бев толку комплициран колку што сум,ке беа уште поубави Веќе чувствувам потреба од тебе,ке оставам да поминат недели и да видиме што ке се случи тогаш,само немој ти до тогаш да престанеш да ме сакаш .И да,те молам ако не правиме муабет до тогаш,пиши ми порака за роденден,каде било,тоа ќе биде најголем поклон за мене
Чекај,чекај.. Таман се загреа и тука иде онаа јас која носи кочан ладна вода,малку да те изладам.. А уште не сум почнала со тактиките.. Ами тогаш за кај си бе? Гомно некое,ти ќе ми се правиш мене многу јак. Еден ми се правеше така,па еве денес му се 40 дена.