Ќе се начукам и ќе ти вратам ... Кога со мене се договараш , ДОГОВОРЕНО Е !!! у остало ти напна да ми праиш романтики што јас не ги барав . Не ме заболе дали си се испијанил , издрогирал те згазила кола , или те нападнале вонземјани . Јас не се малтретирам за џабе . А ако мислеше дека со тебе заедно ќе правам осмици по улици епа видиш си се заебал . Ај земи шљокај уште кога ќе треба вотката залапај ја и легни ја . И така ја одбра неа место мене . Ќе те реметам психички , пошо си заслужи . Се додека не се наситам . И немој да му продаваш муда за бубрези . Најсериозно уште една грешка лошо ќе биде . Не планирам да се замарам ! И немој да ми се лигавиш по телефони или кога ќе ме видиш , зошто бетер ме провоцираш ! Ај биди таков , никаков
Те сакам повеќе од мојот живот, те обожавам, едноставно не можам да живеам без тебе! многу ми недостигаш злато мое. ти си мојата единствена љубов
Јас стварно не сакам да замарам, ама многу е јак моментот кога човек ќе сфати дека веќе не гив а фак. Ни за тебе, ни за кој било друг. Па уште и ми викаш ,,Не знаеше ?!,,... Не бе батка, јас знаев, ама не ми беше гајле ти да знаеш дека јас знам. Налет, барем те видов и не беше со лаптоп и згора на се си испаднал од дома. НАПРЕДОК! п.с. Морав некаде да го кажам ова!
Те мразам исто колку и што те сакам... Ќе има ли ден кога се ќе биде нормално со тебе? Т.е. кога ти ќе бидеш нормален, и ќе покажеш чувства како секој нормален човек, а нема да глумиш ладнокрвно копиле? Ама акоооо, кога можеш ти, можам и јас, а кругот се врти, знаеш. Се сврте неколку пати, ќе се сврти пак. ГЛУП си, што да ти кажам друго.
Кратки моменти, некогаш убави некогаш ужасни.. Грешка или искуство? Понекогаш жалам, а понекогаш заборавам.. знам и понекогаш си викам дека сепак беше добар чекор.. И воопшто не се прашувам дали ке прогонува таа грешка или ке остане во минатото кое набрзо ке избледне.. Веќе почнувам да се навикнувам ... Мојата љубов кон тебе беше многу голема, но не сакаше да ја имаш, не сакаше да бидеш сакан, не испочитува ниту една од тие работи што ги направив за тебе.. Не се каам, биднало што биднало, ова ке ми биде лекција за друг пат ... се надевам само дека некој ден ке се сетиш..
Многу ми е мило што заедно ја прославивме Новата година! Бев исполнета со емоции,цело време затоа се лепев за тебе,не,не,не можеше да и избегаш овај пат Беше прекрасно и ти благодарам за се што направи за мене! Не ми фалеше ништо! Се чувствував сакано и заштитено во твојата прегратка И тоа што ме зеде во раце и се препуштив на тебе исто така ме натера да се почувствувам како да горам! Бакнежчињата ме дрмаа Да,јас сум твојата малечка И прстенот на моето раче што ете ми го врати,веќе означува нешто повеќе Ми рече да не го вадам веќе... Ако,прифаќам Солзите во моите очи сами ти го кажаа тоа! Беа од среќа! Сега уште повеќе ќе имам сила за се да доучам и да завршам со се. Мило ми е што го покажа она што го чуваше во себе. И се надевам ова да ни донесе добра иднина! Па така,сега,утре ќе те прашам уште нешто,но сепак можам да кажам дека ме побара Веќе сите ќе знаат,но ќе е и поголема одговорност. Ова ми е најубавата Нова година некогаш помината! Ќе ја памтам!
Се лутев,плачев,се нервирав,пушев цигари,не искачав од дома,мислев дека ќе умрам,бев исплашена ничија помош не ми помагаше,мислев дека нема да се опоравам...потоа ти викав,те навердував,ти кажав се што ми лежеше на срце НА НЕА ТИ ЗАВИДОВ,неможев да ве гледам,повеќе плачев... Излегов,видов,се насмеав,ми беше тешко,ме водеа,не ме оставија сама,ме сакаа,ми покажаа дека вредам повеќе,ми покажаа за што толку сум дала,а не вредело,пополека се опоравив,никогаш нема да те заборавам,секогаш ќе постоиш како мал пламен во мене,можеби и си ме сакал,незнам,несакам да знам,повеќе ништо не е важно... Нема повеќе што да кажам кажав се што имам,направив се што требаше... сега е само мртвата точка,погоре и подоле нема... Помина,незнам како,покрај сето тоа време,покрај сета таа болка,покрај сите изгубени моменти и можности помина,помина се...преживеав. Ова е нешто што нема да му го кажам и никогаш нема да му го кажам,не го заслужил ова признание,само сакав некој,било кој случајно да знае...сакам да знае дека поминало
Сонував дека си ме побарал, и јас сум прашала кој е и ти си рекол јас сум.. во тој момент изрипав од сонот и срцето ми чукаше 100 на саат Не знам што значи ова...
Два дена без контакт,некогаш помислувам дека можам да издржам,некогаш сакам да и речам да заврши оваа пауза уште сега зошто неможам без неа,а и се плашам да не се оддалечи од мене додека дојде периодот да одлучиме што ќе биде.Меѓутоа ќе оставам да помине повеќе време,времето лечи се,ќе видиме во наредниов период од месец-два дали ќе се намали потребата од неа,или ќе се зголеми,во двата случаи ке знаеме кое е решението,но ако не се промени ништо,тогаш ке продолжи сагата. Те сакам,би сакал ова да можам да ти го кажувам како порано,без да имам некој страв.
Имавме тешки моменти но ги поминавме. Кога заедно одлучуваме подобро е. Неможам да ти се лутам. Кога го видам тоа лице, тие зелени очи, се топам! Да можев денес коските ќе ти ги скршев од гушкања. И да ти кажам денес беше посебно секси во оние панталони! Што мислиш ти, зошто ти велев чекај да видам дали се извалка кога седеше на клупата .
Тикво,рече ќе си одите денес,коа видов дека си се пуштила на форум си мислев дека си отишла дома вчера,но од тогаш се немаш пуштено,ако не те видам онлајн на фемина до утре до 14h, е тогаш ќе мора да те барам на телефон,ме загрижуваш вака
Се е убаво кога сме заедно. Се е убаво затоа што не мислам на ништо, освен на ликот кој го гледам пред мене. Не го сакам времето поминато без тебе, ниту пак времето кога збориме на мобилен. Го сакам времето кога те имам пред,зад,во,над мене. Го сакам времето кога можам да те допрам, бакнам, гушнам. Го сакам времето кога сме заедно. Те сакам тебе.
Искрено понекогаш посакувам да ме снема! Изгледа сум постојано Вишок... Изгледа е време да Исчезнам?!
Се чувствувам ко да сме 5 годишни деца што си фрлиле око едно на друго и срам им е да го направат првиот чекор, па се погледнуваат срамежливо, чекаат другото да дојде и прво да изреагира, и кога нема никој, се држат за рачиња а по некое време си разменуваат по едно цмок во образ. И не знаат да кажат што чувствуваат па измислуваат некои големи зборови Еее колку вистина има во тие нивни зборови. Најубаво ми е кога ќе забележам дека индиректно сакаш да ме пофалиш, или кога ќе направиш нешто несвесно што ми потврдува дека ти значам, кога во муабет ќе спомнеш нешто што сум го кажала пред 2 години и гледам дека помниш такви глупости поврзани со мене, ми прави повторно да се заљубам во тебе.