Сонце од кога се немаме видено...од лани, ама за тоа утре ти идам на гости да си знаеш. Ќе бидеме 5 дена заедно Чекај ме, не знаеш што ти спремам (к)
Ми недостасуваш... Досадно ми е дома сама... Цела недела се грижам за тебе и се нервирам, а тебе пак не ти текнува да ми олесниш...
Ти си единственото нешто, НАЈСАКАНО во мојот живот. Замена за тебе нема, нема ни да има. Ти си единстевното нешто што ме тера да се насмеам, да бидам вистински среќна.
САкам сега да се топлевме заедно...И така сум настината Ама бакнежчиња немаше да ти дадам,да не те заразам...Само би се туткала во тебе Ми недостигаш!!!
Шо викаш?!Ти фалам сеа,а? Пффф,многу ми е гајле...Си ја имаш сеа неа…ТЕ САКАВ бе..а..знаеше и не ти беше гајле...
на момчето се надевам дека и се допадна подарокот на мајка ти, оти толку време се мислев што да и подарам,и се надевам дека ке го цени тоа знаеш дека беше мачкање на очи, ама со лизни мазни најубаво се поминува на бившиот јас и ти додека бевме заедно беше исто како во пекол, ама незнам што ти текна да ми честиташ Нова Година и да ми посакаш берикет убаво од тебе, не очекував од тебе такво нешто, искрено
Сакам да знаеш, а и сигурна сум дека знаеш, дека секогаш ќе бидам покрај тебе без разлика дали имаш работа или не, Дали си слаб или имаш стомак, дали си тажен или среќен, дали ќе викаш или ќе бидеш мирен, дали ќе спиеш или ќе бидеш буден... Секогаш ќе бидам тука покрај, до тебе! Те сакам премногу среќо моја.
Златце мое! Знаеш ли дека ме правиш посреќна? Знаеш ли дека ми ги осветлуваш и најтемните моменти? Знаеш ли дека посакувам ваквите денови вечно да траат? Зборувам за денешниов ден .. прекрасен беше. Прекрасни работи ми кажа .. за она што го осеќаш кон мене, за желбите за нас во иднина и за работите кои сакаш заедно да ги направиме. Ме расплака денеска повеќе пати, и тоа се‘ од радост. Плачев прееска .. а еве сега, само мислам на тебе и сами ми навираат солзи. Прекрасен си, знаеш? Ти го кажувам ова на некој скриен начин, но неможам да ти го кажам се ова што го мислам .. немам храброст. А треба да го направам тоа, знам .. за да дознаеш колку си само посебен, колку ме исполнуваш со твоите зборови и дела, колку ме усреќуваш и колкава е мојава љубов кон тебе. Што е до мене, нека ни е секој ден ваков, јас се‘ би дала да е тоа така. Но и самиот си знаеш колку ме плаши старата изрека „Многу арно - не е на арно“. Некогаш ни твоето „Се‘ е во ред“ не ме смирува. Знам дека е точна изрекава, бидејќи еднаш со една твоја постапка се уверив во тоа .. а верувај, никогаш повеќе не сакам да се повтори тоа. Еднаш бидна .. и болеше - изгор! Како што поминува времево .. односно како што поминува годинава, сфаќам дека си припаѓаме еден на друг. Во сите моменти, и во оние најрадосните кои сме ги поминале заедно, и во тешките моменти при разделбата, сфаќам колку те сакам и колку изгубено се чувствувам кога ти не си покрај мене .. Продолжи да бидеш она што си .. бидејќи и покрај фактот дека сме различни, на некој чуден начин или како што би рекол ти - со финта, си одговараме еден со друг. Продолжи да бидеш покрај мене и не оди никаде .. бидејќи незнам дали би можела повторно да го претрпам истото. Продолжи да си вака добар, да ме разбираш и да ме љубиш, па јас ќе ти вратам дупло. Само ти продолжи .. и ние ќе постоиме, ветувам.