Уф како би отерал еден у пичку матер него ај од љубезност На другиот .. ме изненади што ми се јави не знам што ке правам со тебе, но сакам да те запознаам подобро ..
Никогаш повеќе нема да направиш да се чувствувам виновно а виновникот всушност си ти. Се што имавме и се што чувствувам спрема тебе го завршувам со овој пост - последниот пост за тебе ! Следниот пат ќе биде за некој друг и ќе е позитивен . Збогум !
само едно Благодарам и само една поздрав песна http://www.youtube.com/watch?v=UQ07rgNp ... re=related Riblja Corba-Poslednja pesma o tebi
За се уште непреболената љубов:Те сонував во црква со нејзе,бев малку тажна но сепак помирена со судбината,не ти требаше и на сон да ме нервираш. На Г:Знаеш што?Ти благодарам што ме пронајде во најпотребниот момент.Нема да те пуштам да заминеш овој пат.Ако одиш на брод и јас ке одам.Ако одиш во пеколот и јас ке одам. Ми рече дека јас заслужувам место во Рајот а не знаеш дека со тебе ми е така.РАЈ.Се чуствувам како на 7мо небо..Нема да се залетувам овој пат но знам дека си вистинскиот кој го заслужува моето срце.И претходно го велев тоа но бев слепа. Се уште не можам да кажам дека те сакам како што би требало но биди сигурен дека ке се случи и тоа,наскоро.
Извини не сакав да те онерасположам и да ја упропастам вечерта ...се надевам дека ти се допаднал подарокот и дека нема да го фрлиш,не сакам да ме мразиш ,памти ги само убавите мигови поминати со мене жал ми е што ова заврши тек кога започна најубавото ,кога почнавме да уживаме еден покрај друг...јас не сакам да живеам без тебе ама не можам да те присилувам да бидеш со мене ти ќе останеш вечна болка во моето срце те сакам
само сакам да ти кажам дека ќе се заљубиш во мене злато...тоа си го поставив како цел за оваа година и да знаеш дека спремна сум се да направам...СЕ! ќе ме сакаш и оро ќе играш!
.... низ неколку топли здивови што го пресекоа студот ми рече дека јас и ти не сме за во јавност... Јас ти се свртев со насмевка и меѓу крстосници од светулки што не опкружуваа успеав да ти ги најдам насмеаните очи. Ме баци и ме боцна со брадата, а јас си ја ставив белата шубара и по стоти пат ти повторив, „веќе не те бацувам“... и те бацив.
трапавко мој охоооооохоооо ке те грицкаааааааам,душичката ке ти ја извадам сите коски ке ти ги искршаааам од гушкањеее тралалалаа среќна сум !!!!
незнам што ти текна да ме прашаш за резултатите од брисот за хламидија, ама убаво што се грижиш за мене и морам да признаам дека по некогаш ме изненадуваш со прашањата беше прекрасна вечерта помината со тебе, навистина знаеш да ме расположиш а тоа што запнав да направиш сида тест нема да се откажам, па ако треба за уши да те однесам во центарот јас имав храброст а сум женско, машко си па биди храбар бе сонце со тебе ке бидам јас те сакам-знам дека и во твоето срценце се крие нешто за мене, иако ретко го искажуваш тоа со зборови
Колку и да те сакам, доколку утре се појавиш во шест сабајле кај мене на Коледе ќе бидам принудена да те претумбам по скали. Срамота е, голем си.
добро бе екс ексосан низаеден КАКО МОЖЕШ да чепкаш по телефонот , и СЛУЧАЈНО да ми се јавиш мене значи мојот број ти е за резерва нели (бог да чува) прво порака за срекна нова година-воедно и берикетна да ми биде а сега ми се јавуваш да ми праша како сум, ти мене за малоумна ме сметаш ли бе, а зафатен бил дечкото, аха да ти верувам(како да не бе) а кога ми се јави, мислев дека некој од работодавците е , сериозен глас