I just want you for my own More than you could ever know Make my wish come true All I want for Christmas is YOU!!!
Извини извини извини знам дека бев сурова а и знам дека ти тоа не го заслужуваш,незнам како ми дозволуваш толку многу и како се согласи на тоа јас да ги имам сите права а ти ниту едно,извини што те навредив и испадна на крај ти да ми се извинуваш... сега си ладен поточно навреден и уште не признаваш уште си добар и срцка ветувам за во иднина ќе се сменам на добро и не не сум без срце само што ми треба време и нема да се лутам ако ми завртиш грб тоа го заслужувам ама немој
Откако те изгушкав и те истискав синоќа, твојот мирис остана на мене. И го вдишувам со полни гради, па барем за момент замислувам дека си тука. Знам дека ова не сум јас, учена сум да бидам ладна, да не се замарам со романтични глупости, изразување чувства, ама ти ме менуваш. Љубовта твоја ме менува. И првпат нема да размислувам околу иднината, нека тече времето, а јас ќе уживам. Во нашите мигови заедно, во ова чудно чувство што се јавува во мене. И знаеш, еднаш реков, ќе видам Бог каков човек ќе одбере за мене, за да знам дали добро Му служам. Сега знам дека сум на вистинскиот пат, зашто подобар човек не можев ни да замислам. Само нека потрае...
Среќна сум кога знам дека и ти си среќен, дека ти е убаво... Другото не е толку важно, ќе помине, што и да е. Јас се научив да преминувам преку толку нешта, сакала или не. Научив и дека туѓата среќа понекогаш ми значи повеќе од сопствената. А ако ти не си среќен, ништо друго не ми е важно. Те сакам.
Не ти треба паричка тебе, кога веќе ја ти паднав бе срце Уште една недела ни останува. Не ме интересира што понатаму, се додека сега ми е убаво.
Од каде сфати дека те мразам? Не те мразам, воопшто... Само доколку би се запалил и гориш под оган, а јас имам бокал со вода, би го испила целиот.
Добро, признавам дека е до мене! Моите големи очекувања и големите експлозии кои знаат да извршат инвазија над мене, една по друга, ме уништуваат. Знам, знам сама на себе си вршам теротистички напади и се бомбардирам и сама си се обвинувам за сенешто, па се чини дека во таа војна нема доволно место за тебе. Хах можеби зашто ти не си доволно садист. Не, стварно извини. Извини што наметливо упаднав во твојот свет, што ти бев како остар, студен воздух. Извини што навалував да бидеме заедно и да заборавеме на години, на целиот универзум, на сите безначајни кои шетаат како паразити, не способни да љубат како нас. Извини, океј? Те извлеков од самиот себе, те фатив за рака и те донесов на нашето место, една шума голема. Верував во нас и трчкав околу тебе како мало детенце, занемарувајќи ја на моменти твојата горчина, исрцпреност и неверување. А кога почна да живееш, кога почна да враќаш на моите стисоци со дланката, кога почна да веруваш дека секој заслужува втора шанса... и трета, и четврта, и петта... оти животот е полн со шанси, кои ние не знаеме да ги искорисиме; нешто пукна во мене, меланхолијата ме голтна, а со тоа умре и некој дел. Изгледа не сум толку јака и секси како што се правам Извини и фала ти што ме љубеше! И што веруваше во нашето постоење и што ја поднесуваше оваа хаос од девојка! Додека не пораснам ... На здравје!
Не ти пишам пораче на мобилен (ме мрзи ), ама овде ќе ти кажам дека Те сакам оти стварно те сакам заради тоа што сме ние . Спојлер Сликата вреди 1000 зборови
Зошто моравме да завршиме така ? Зошто мислам на тебе после 2 години ? Ме сакаше ли ? Јас тебе да, и жал ми е што не знаев како да допрам до тебе. Ми требаш, ми беше најголема поддршка, ми помагаше,знаеше кои се моите цели и покрај тоа што те болеше Што не си ми на прво место, ме разбираше и ме поддржуваше. не ти сметаше што учењето ми беше најголема преокупација во животот и што го немав целото време само за тебе. Знаеше дека тоа е за мое добро. Редев успеси, бев горда на себеси, имав големи амбиции.. Знаеш ли што стана сега од мене ? Не можам а да не го споредам со тебе кога прави грешки .. Многу работи би ти кажала ама .. Неможам,ме гуши груткава во градиве,доцна е .. Предоцна за нас
Ах дечко, зјапаше во мене ЦЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЛА вечер, знаеш како знам? зошто и јас зјапав во тебе Баш ми годеше да знаеш