Најмило мое, поминаа речиси 2 години како сме заедно. Во целиот тој период поминавме низ многу тешки моменти, но ги пребродивме. Како? Само заедно миличко мое...давајќи си подршка и утеха, доверба и разбирање. Пролеавме многу солзи, и горчливи и радосници. Од тебе барам само едно...не мисли на лошите нешта низ кои сме поминале. Мисли на оние добрите...оние кои тебе ќе ти подарат вистинска насмевка на лицето. ВЕРУВАЈ ВО НАС ! Верувај во мене ! Ти си мојот живот, ти си мојата насмевка, мојата единствена искра. Ти си она што живее во мене! Ти си она со кое заспивам, со кое се будам! Само ти ги имаш очињата пред кои треперам. Само ти...ти...ти си онаа што ќе ја љубам засекогаш! Твојот верен заштитник !
Овоа е еден од оние денови кога ме напаѓа тешка носталгија и ме зема целата и ме прави партали. Ме навраќа на некои денови на кои не сакав да завршат,а за кои толку многу сакам да ми се вратат барем со некој друг. Иване,целосно и тукуречиси секаде.. Ми недостигаш.
Ми ги разубави празниците, срце мое. Овој викенд ми беше најубав. Толку беше внимателен, добар со мене што мислам се заљубив одново у тебе. Те сакам кога си таков. Сакам кога сакаш да излегувам со тебе и со твоите другари. И сакам кога ми докажуваш колку ти значам. Сега немој да направиш нешто лошо и да го уништиш оваа убаво чувство во мене. А за сексот на масата ... Те сакам златце.
Ме расплака на третиот ден. Јас мислам јасно е каде води ова. Ти? Отфрлај добри, трчај по идиоти. Судбина, мој избор? Како да го дефинирам ова? Доста!
Беше тоа уште едно прекрасно утро...Незаменлив си...Но времето лета некако, ми бега од раце..Додека се свртам сите прекрасни моменти поминуваат...И сега повторно едвај чекам да те видам. Чудна работа, само што ќе ме оставиш пред мојата куќа, веќе следната секунда ми недостигаш и сакам повторно да се видиме... Убавино моја, само моја...
Сакам да можевме сега заедно да шетаме во снегот. Како малечки дечиња да се радуваме, јас да се лизнам, а ти да ме задржиш (или пак да те турнам во снегот ). Сакам да се топлиме гушнати еден со друг, сакам да бидам сега со тебе. Те сакам тебе и ми фалиш бе, многу ми фалиш. И сакам ова Спојлер
што да направам за да го чувствуваш истото што јас го чувствувам за тебе?????? те сакам, не сум ти кажала ама многу те сакам, и како да ти кажам кога ти е сеедно...ме убиваш, каде да најдам сила да го прекинам ова што го имаме, а немаме ништо, го немаме тоа што го сакам, го немаме тоа што ми треба....ми требаш да ме сакаш
http://www.youtube.com/watch?v=OMr9zCvtOfY Is it the look in your eyes, Or is it this dancing juice? Who cares baby, I think I wanna marry you.
Злато да знаеш како сум ти се дотерала Најискрено се надевам дека утре ќе биде експлозии, зошто јас поцркав, а знам дека има повеќе во тебе од што си покажал...само уште тоа, и жими се ќе се заљубам! Преминувам и преку тоа што не си воопшто мој тип и што не можам да се џанкам со тебе, преку тоа што не ми одговара твоето шминкерско друштво, и што си слаб, и што често ме нервираш, од некои непознати причини уште сме заедно и не сакам да престане ова во скоро време. Леле бре кога ќе те испобацам уф уф уф!!!!