Ме топлиш и од внатре и од надвор. Па тоа е подобро и од термо ќебе, термофор, радијатор, шо да е.... И да врне и да вее и бура да коси На Ариел не и треба шалче зошто Душан си го носи! Енд нау самтинг комплитли диферент! Сречо моја највеча, ти не си тип што се откажува, и затоа прибери се. Без разлика колку си надрндан, не барај оправдувања, затоа што оправдувања нема. Не можеш да се однесуваш неодговорно - не ти личи ни на карактерот, ни на годините. Срамота е, голем си. Освести се.
сонце не можам да живеам без тебе,неможам да си го замислам животов без тебе.ти си ми се.со тебе повторно почнав да живеам знаеш ти за што! ТЕ САКАМ !!!
многу сум несрекна покрај тебе антиромантично вошле ги бројам деновите кога ти КЕ ИСЧЕЗНЕШ од мојот живот, и јас од твојот секако не ми е јасно како те трпела таа некоја си 5 години(за толку време со тебе, има во бардовци да завршам, без можност за вракање на нормала ) ти НИКОГАШ нема да се смениш, а сега приметуваш дека и јас се менувам
Ај насмеј ме. Собери ме вечер и однеси ме некаде. Овојпат непланирано и сосема спонтано. Преку глава ми е од планови, особено од оние неостварени, а толку силно посакувани.
Зошто морав да те сретнам вчера?Зошто мојата судбина се бори против мене?Зошто не ми дозволува да те заборавам?Таман ќе ги отфрлам сите чувства кон тебе, ти се појавуваш од некаде...Епа знаеш што?Нема повеќе да ти дозволам да си играш со моите чувства.Вчера, кога те видов, кога разговаравме, сфатив зошто некогаш си значел многу во мојот живот, сфатив зошто долгите разговори со тебе некогаш вредеа многу, ама сфатив и дека ништо од тоа не е битно повеќе.Во мене разбуди чувство на возбуда, па разочарување, за на крај се да премине во целосна индиферентност кон тебе.Се збогувам од тебе...Се надевам, овој пат ќе биде засекогаш!
Ахх губре мое животот си ми ти, мирот и спокојството ми ги даде ти, ништо не би имало смисла кога не би постоел ти.. Те сакам.
ццц нонстоп лајкови од женски не сум љубоморна многу,но пред да се смириме имав и машки другари,бев со нив во контакт,а сега ни здраво не ми викаат кога сум со тебе,ниту лајк се осмелуваат да стават па ти божем си толку страшен
Знаеш, вчера ме удри суровата реалност. Уште само четири дена. Ноќите со вкус на карамела, твоите отпечатоци врз мојата кожа. Изгубен здив и моменти кога ми се пресекуваа нозете. Изненадувања. Од моментот кога ни се сретнаа погледите, до моментот кога повторно си кажуваме чао. Не сакам да си одиш, не сакам да си одам. Ако јас бев јануари ти ќе беше снегулка. Без тебе не сум комплетна. Но ако нешто знам, тоа е да бидам сама.