Те сакам ама навистина те сакам. Нема да соберам храброст да ти признаам исто како што никогаш нема да се одделам од гордоста и исто како што никогаш нема да се вратиме назад и исто како што времево лета а можно е никогаш да немам шанса да ти го кажам ова како што имам сега. И не ја искористувам. Се плашам од твојата реакција,а не знам од каде овој страв во мене. Порано имав толку многу доверба во тебе, можев да ти кажам буквално се, секој ден Те сакав. И да, исти сме, и колку што е благослов толку и ме убива истото. Ме убива што и ти не попушташ. Ме убива и што знам дека сакаш и знаеш дека сакам и пак сме истите будали. Ти ме убиваш и ме одржуваш во живот. Целосно се пронаоѓам во тебе и ова што имаме. Нерешено, во борба со реалноста, постојано во конфликт со постоењето, ко мене. Но, од другата страна, цврсто ме држиш, не ме пушташ. Знаеш дека е обострано нели? Само сакам да бидам сигурна дека знаеш, иако не ти кажувам. Јас знам... Моментот, ме држи.
Ни ти, ни Џо, ни пак јас, не сум свесна и не можам да доловам колку сум тоа најсреќна што постоиш во мојот живот! Господ да ти даде здравје после се по ред, заслужуваш ти дожд од здравје, радост, љубов и пари, за да те извади од целава посрана ситуација во која заглави! Те сакам пијавичко моја, ни тоа незнам колку, само знам многу, многу...
И покрај тоа што имам еден куп обврски, и еден куп материјал за учење обожавам кога цел ден го поминувам со тебе. Но, искрено многу ми е криво кога си одиш . Многу ми е празно без тебе, толку многу се имам навикнато на твоето присуство. Никогаш, ама баш никогаш не ми било толку убаво како што ми е сега со тебе. Сакам ова да потрае, да остане засекогаш! А, да ... и уште нешто, ми се допаѓа детето во тебе , затоа си unique! Многу те сакам
Абе море ејјјј... Однадвор делуваш толку празно, гордо, препотентно, неподносливо... а одвнатре си како мало контејнерско маче желно за љубов. Другите те доживуваат така, а единствено јас те познавам вистински и целосно. Ахх бре море Петко, Петко, да не напраевме толку муабет првиот пат, сигурно меѓу нас немаше ништо да се случи, зошто вака на прв поглед сме земја-ваздух, а уствари јас и ти неверојатно многу си одговараме, и меѓусебно се надополнуваме. И то. Ајт со здравље.
Baby, we would have made great friends if we weren't so good at the benefits part! Чекам понуда, да знаеш! Ќе ти надокнадам за пропуштеното,и тоа баш онака како што ти сакаш
Кај си пиле сега да ме видиш, да ти се појавам пред врата со индексот со деветчиња, десетчиња, по некое осмиче. А? А не кога бев со тебе, од љубов што цветав, мочана 6ка не можев да добијам. Ц ц ц убаво си викам јас,факултет и љубов не ми иде заедно. Туф што ми е криво ова што не можам да ти го кажам.
Би и' кажал... Ах мори Нине, пуста да останеш! Со тој бел, убав лик и заводливиот, интелигентен став, шармираш ли шармираш... А јас се најдов од другата страна, во онаа низа од дечковци кои го „положиле оружјето“ токму пред тебе.
Хммм....епа добро ако е така. Рече дека плановите никогаш не ти се остварувале....Епа овој е пола мој, па ќе гледаме да го оствариме. Ќе дадеме се' од себе. И повеќе од тоа ако може.
Оти не ми се јавуваш бе? знаеш и самиот што ден е денов...Ај може си заспал сепак болен беше денеска така да оправдано нека ти е ако спиеш, ама ако не ќе видиш ти убаво
кај се најде пак пред моите очи зошто ми излегуваш на моменти ЗОШТО???? таман те заборавив пак пред мене се појавуваш....неможам да престанам да мислам на тебе само едно не ми е јасно од твоја страна зошто ми даваш лажна надеж и се губиш?? ако си машко остани до крај и одиграј како што занеш и умееш....
Ќе си дадеме време мило. Да се сталожиме од секаквиве чувства. Ако сме за заедно, ќе бидеме. Колку и да не им е логично на другите. Ама ти мораш да поработиш на себе. Ми велиш дека сум ти инспирација - тогаш изрази го сето тоа! Сакам да бидеш задоволен од себе. Тоа ќе ме направи среќна.