Полека но сигурно чекориш по патот на успехот. Многу се радувам поради тоа! Сакав да бидам вечерва со тебе, како најверна и најголема поддршка, како најголема твоја обожавателка, но за жал од оправдани причини не можам. Знам дека настапот ќе ти е супер, не се сомневам во тебе и твојата способност да направиш вистинско шоу!! многу те сакам
And so it begins... Еј, ти!!! Што ми направи? Како мало дете се однесувам.. гласот ми трепери кога зборам со тебе! Следуваат кобните денови. Утре. Задутре. И тој ден по него..и тој по него.. Не се многу, ми викаат. Ама за мене ќе се чинат како цела вечност, знам. Ако не барем ќе гледам си олеснувам некако секој ден, по малку ќе си пишувам како ми е, по малку за тоа колку сум во исчекување на тој ден кога... оф. Не можам да чекам, а чекањето уште не започнало! Сите ме прашуваат што ми е, значи толку сум очигледна! Толку многу ми се чита од лицето. Не знам како ќе се воздржев пред тебе.. Има две опции, или вака секоја вечер ќе си тагувам и ќе те барам мижејќи со очиве или ќе си ставам лажна насмевка и ќе те замислувам пред мене. Не чини што многу се лигавам... значи дека предалку сум отишла со емоцииве. Само да знаеш за овие глупости, ќе ме оставиш на првата раскрсница, насред гужва во 16h со сите семафори вклучени на зелено. Посилно е од мене.
фала ти за се, екс слабо, повторно-дебелко суштество фала што беше, и се уште си покрај мене во овие мигови, знаеш дека нејзе и е мило, те сакаше ептен. Cега се дотера, се пицна, го тргна тој диоптерон твој :geek: кој бај д веј те прави многу грдичок,ама пак те сакам и таков, со брат ми на кафе шеткараш, по огнови одиш Aко шетај се, јас дома сакав да седам со тато да не биде сам
едвај чекам да дојде понеделник па да видиш што се вика шопинг тортура има душата низ г,з да ти излезе а мене нема да ми биде воопшто жал за тебе
Прекрасно е...птиците тоа го прават,пеперутките исто така, дури и пчелите тоа го прават. Дали сакаш и ние тоа да го правиме??? Заборави..ние не можеме да летаме..
Знам дека те боли. И мене ми тешко кога си ваков. Некогаш не се одвиваат работите како што сакаме. Знај дека јас сум до тебе и ја имаш мојата безрезервна поддршка. Те сакам, иако освен тоа немоЖам ништо друго да ти понудам во моментов.
Колку и да го сакам него секогаш еден дел од мене ќе ти припаѓа тебе. ПОсакувам тој и таа да не беа во нашите животи, не ни знам дали си сигурно со неа, но длабоко во себе посакувам само да сте другари. Не сакам да бидеме заедно, но сакам некогаш да имам можност да ти кажам дека сеуште чусвтвувам нешто за тебе, а и ти да го потврдиш тоа. Неблагодарно е од моја страна по се што поминавме да посакувам да чувствуваш нешто за мене, но не можам против себе. Го сакам оној сјај во нашите очи кога ќе се погледнеме, а потоа од лутина и бес го тргаме погледот. Сакам онака случајно да те допрам и да те почувствувам зошто на моменти ми фали твојата топлина. Знам дека со тебе никогаш немаше да има страст, но ќе имаше вечна љубов и топлина, ако не оплескавме. Немој да си со неа, биди со било која само со неа не.
Ништо повеке нема да ти помогне ако продолжиш со тоа однесување.Навистина ништо.Вакви испади не толерирам повеке.Олади бе човеку едвај 2 недели се познаваме ти почнуваш со љубомора.Немам коњски нерви и со тебе да се замарам.Не ми е гајле,што се однесува до мене можеш да правиш што сакаш.
Фала ти што не ме ни почека да ти честитам . Фала и што не ми ни пиша оти ќе спиеш, за да можам јас да си чекам ко некое теле! Гледам колку сум ти важна . Навистина гледам ... Фала ти и за тоа што 2 вечери по ред си легнувам плачејќи и веројатно и утре пак ќе станам со солзи. Фала што ми го олеснуваш периодов на губење луѓе околу мене, со губење и на тебе. Фала ти и што минутка по минутка правиш таа малце останата надеж дека ќе се вратиме на старо да ја изгубам. Навистина фала ти, што се повеќе ме уверуваш дека си идиот и дека заслужувам нешто подобро. Фала што ми правиш полесно да те оттргнам од мене за ден-два. Среќен роденден!