Колку и да е долго времето, кратко минува со тебе. Доста заеднички моменти, компатибилни мисли, истомисленици во повеќето области, а од друга страна контранапаѓачи, спротивни карактери и акциореакциони персони. Можеби е подобро за кратка т.н пауза. Колку лошо звучи, а сакав поинаку да проформулирам. Тука ќе биде се‘, тука ќе бидеме Ние, нашето заедничко место каде секојпат ги веземе нашите соништа, сите бакнежи кои лебдат во воздухот и таа емоционална вибрација што си ја пренесуваме. Само јас не сум таа истата во овој период што запаѓа во замислени депресии, што сум исфрустрирана и ги истура нервозите врз тебе. Што чекам секоја слика од нас да ја удрам од под за да се скрши и онаа рамка за некогашните Јас и Ти.. да е сменета. Се‘ знаеш, самиот си свесен за ситуациите, а јас несвесно реагирам затоа што сум едно пубертетлиско к*пиле кое не знае што сака, ниту што има. Имам однапред спремен говор за утре, чекам реакција.. изненадна, лоша, трауматична. Ма не знам веќе што зборам.
1. DON'T offer me your modern methods. Не однесувај се како жртва, не си. It was you who choose to end it like you did. 2. Знам дека сакаш да ме видиш, не грижи се, ќе надокнадиме
прости ми што некогаш се однесувам ладно и незаинтересирано,но морам така еднаш те изгубив не сакам пак...а сакам да сватиш колку ме повреди и да научиш да ме цениш
Кажи ми, што ќе правам без тебе догодина? Ме сечеш од корен, ама си траам. - Постои скајп, исто е. Е исто е, ама не е исто! Спојлер - Јас без тебе сум мртов човек гојдооооооо, акоо?
Кај си сега па? Само ако не се јавиш утре,тешко тебе! Ти кажав,јави се кога сакаш,шо ти е сега? Затоа сега ќе чекам да се јавиш,пошто јас сум достапна anytime и нема да те барам поќе.Шо па јас да се нервирам,нервирај се ти зошто не сум ѕвонала или пишала.После па ќе речиш не се видовме,е како да се видиме ко не можиме да се договориме?
мило ми е што конечно свати што конечно се вразуми и се мењаш малку по малку, што конечно разбра што сакам да ти кажам и што ме гуши и напина,колку е вака поубаво помирно и колку ни е поубаво коа сме заедно
Она пред 2 дена беше последниот повик и последната порака што ги добиваш од мене. Те избришав од фејсбук. Уште да те избркам од мисливе и од срцево. Самата си ветив дека повеќе нема да те барам. И овој пат навистина ќе се придржам до ветеното. Само едно ми е криво. Тоа што немаше храброст да дојдеш и да ми го кажеш в очи тоа што имаше да го кажеш. Признавам. Некаде длабоко во мене копнеам да ме побараш... Сакам да знам дали мислиш на мене. Каде сум ?! Со кого сум ?! Ти недостасуваат долгите разговори со мене ?! Сакаш ли да те бакнувам пак ?! Ти недостасува ли времето кога ја чувавме ноќта јас и ти. Сами. Некаде далеку од градот... Тоа сакам да го знам. Дали ти недостасува времето поминато со мене ?! Мене ми недостига... Но што е тоа е. Ќе пробам да се задоволам со спомените.
Абе Убав, зборевме пред саат време и тоа 2 и нешто саати ама.. Ми фалиш бе па. Ама спиеш ти сеа, сто посто кома си. Ако, убаво е коа со сигурност знам дека кај и да си и што и да праиш.. Коа ќе си дојдеш дома, ја ќе бидам таа на која што се ќе и кажеш, отворено и искрено. Омилено, кога сме и двајцата скоро заспани а ти ми збориш нешто така опуштено и само ќе се насмееш.. Priceless. И еј, биди добар
Зимзеленооооо ах ако ти ја треснам една....залудно, пак ќе останиш дрво, само јас раката ќе си ја повредам. А знаеш што сакам а ? Која ти е целта само тоа не ми е јасно. Сме поминале мал милион пати низ ова, зошто сакаш уште ? Интересно е да. Тоа сме НИЕ, но пази можеби еден ден ќе се уморам и од ова. И да, мене поубаво ми стои
Душо, уживав!!! Цел ризик се исплатеше бе. И знаеш што? Пак би го направила истото да треба Само криво ми е за тоа, знаеш за кое . Ама убаво рече дека ќе има и други прилики (се надевам ) . Ај сега ќе чекам да ми се јавиш да се полигавиме малце и на телефон, зошто малце беше ова до сега И знаеш што? Знаеш? Знам дека знаеш. Те сакам
Ако уште еднаш те послушам што се тиче пиење ја Најубава да не се викам. Се изначукавме вчера, ко пубертетлии бевме, за срамота. И се ќе беше супер да не ме разбудеше оваа ужасна болка во желудник. Ах, да ти е*ам племето босанско, спиј, спиј ќе видиш после што ќе те снајде. Ако е грев нека ти умрам, али Нино е добар, интелигентен, ама и секси. И ова све би ти кажала во фаца, збогатено со неколку сочни пцовки, ама неможам спиеш стоко, спиеш ццццццц....
Можда изгубивме време слушајки други, ама изгледа не било така. Да беше, немаше ни да помислиш дека е касно за се..и да одлеташ....
Нека не трујат балади, да се отруеме од љубов, испрепелкани од страсти, во твојот најубав кревет... Ми треба доза од нашата дрога наречена љубов... Ми треба очајно...
само сакам да те гушнам вака само од напред и да го осетам твојот предобар парфем. ми недостигаш како и секогаш
Абе убав,само јас да те барам? Ќе умрам ќе промашиш... Mи недостига времето кога те гледав секој ден..ама не те барам дури ти не ме побараш... макар чекала вечно