5 месеци не сум била во твојата прегратка и уште колку ли нема ?!?! Ми требаш! Сакам да се почуствувам сакана...дојди си.. уште колку ли треба да чекам...знаеш ли дека се би дала за само еден единствен ден да го поминам со тебе...ја мразам далечината! Ги мразам оние 1600 километри кои не разделуват кои не дозволуват да бидам во твоја близина живеам за денот кога ќе те видам повторно Те сакам!
Е значи кога ќе речеш дека сите се промениле и знам дека индиректно тоа алудира на мене, абе мислам дека можам да те убијам во тој момент. Да, се променив. И ти ако никој друг, треба да се радуваш на тоа!!! Да не бев променета сега немаше ни да бидеш тука кај што си. Не сум веќе толку јака како порано, зошто морав да омекнам за да можам да поуживам со тебе; не сум со истите ставови, зошто ги сменив за да ти дадам тебе шанса; не сум повеќе истата, за да можам да бидам со тебе бре идиоту! И не сум само јас променета. Тебе просто некогаш не те препознавам, само не сакам да кажам зошто можеби и ти си со истиве мисли ко мене. Мислиш дека старата јас би го трпела новиот ти? Мора да се прават исклучоци сонце, ние не преживуваме без нив. Не може да бидеме рандом пар, јас се помирив со тоа одамна, ама ти никако да го сфатиш тоа. Никогаш не барав да бидеш типичен!!! Наметнувај го тоа колку сакаш, јас само сакам еден мал дел од твоето време, колку да знам дека постојам во твојот живот ко и ти во мојов, не ни сакам типична врска, убаво ми е тоа што го имаме, само ти упорно ми го расипуваш.
Ајде за тебе сум пак сингл, ти така сакаше, тебе ти е ред ... направи ме среќна, направи да ги доживееме ланските денови кога на секој повик твој бев од 6 до 6 насмеана, кога плакав од среќа знаејќи дека ме сакаше, престани да мислиш што ќе мислат другите за нас ... знам дека уште ме сакаш, ти се познава и вчера погледо не го тргна од мене ... ах будало будало уште те сакам ич да не ти е гајле тоа што моите другарки не те сакаат за да бидеш со мене битно е тоа што јас те сакам и покрај се што се случи ...сега знам дека ми требаш повише од било кога ...<3
Сакам да дојдеш вечер. И ти сакаш,знам. Ама не зависи од нас. Ништо ново... Ама мене ми е мака веќе други да ми го креираат секојдневиево,да не речам животов. Те сакам многу.
Незнам како да изреагирам на твоите постапки....стварно се чуствувам чудно....уствари како ништо да не чуствува...е тоа ми е чудно!
убав сончев ден денес а ти ми го направи уште поубав...дружењето со тебе и со мајка ти добро ми дојди ...епа ке се видиме за ден-два...биди добар
Љуби ме страсно вечерва и речи дека утрото никогаш нема да дојде, прегрни ме нежно, дај ми ја раката и шепни ми тивко дека никогаш нема да дојде нашиот крај. Таму каде што нема пустоши и каде стварноста е поубава од соновите, таму ќе заминам со тебе и никогаш нема да се вратиме...
Спојлер ми помина времето за редактирање ако е точно тоа шо го мислам т.е.дека имаш девојка значи имам добри детективски способности озбилно сеа...ако е точно со срека нека ти е а ако не е епа супер
Чудна сум. Мислам дека колку повеќе ме нервираш, толку повеќе се заљубувам во тебе. Очигледно сакам да се измачувам себеси. Ти ми го причинуваш најубавото страдање и најслатката болка.
Ја упропастуваш добиената не знам која по ред шанса. Немој, затоа што не можам повеќе, не ме нервирај, подобро ќе биде за двајцата ... нема потреба да ми бидеш дополнителна мака кога и без тоа ми е премногу тешко. Ако продолжат вака работиве до недела, ми е страв дека ќе си ја носиш на душа нашата врска.
Сакам да ти се заблагодарам за убавиот телефонски разговор. Многу те поштуем коа ќе ми се јавиш ќе кажеш што имаш да кажеш и на сред моето зборување ќе мораш да одиш и ич не ти е гајле. Поубав начин да напраиш будала од мене и да се почувствувам коо идиот - стварно нема. А, да, и ако толку ти се заарнило деновиве без мене нека бидат и четири дена уште без мене, без разлика што јас задутре ќе си дојдам. Немаш фрке. Е,доста беше господине, сега ќе видиме кој може повеќе да напизди - јас или ти.
Јееееееееееееееееееееееееееееееееј Што слатко ми навиваш. Се што правиш ми е мило и слатко. Спреми се за нареден натпревар, да знаеш дрес ќе си облечам. love you.