Не сум ти тебе налутена и бесна. Бесна сум на себеси. Многу,многу ретко грешам во врска не со луѓе,ами со мажи во мојот живот. Очигледно,со тебе погрешив. Те мислев дека си маж,а тој уште да ти било детиште несозреано. Ме разочара.. И сега ако сакаш и на главата качи се,џабе ти е .. Јас можеби многу пати ќе пресечам пред да кажам крај,но ако кажам дека овој пат е последен,така и е. Биди ми поздравен,се најдобро у животот.
Премногу стана сигурен во мојата љубов и премногу се опушти...Толку ли ти е тешко да ми докажуваш ко порано колку ме сакаш? Да правиш непредвидливи работи? Да искажуваш чувства во моментот кога не очекувам да ги чујам? Не, не го чекам принцот на белиот коњ, само сакам внимание. Истото тоа кое ми го даруваше пред да започнеме врска. Не ти се заканувам и не правам ништо од инает.....но, не си свесен колку ми е лесно да се откажам од тебе. Затоа што знам што заслужувам!
Пола година заедно, пола година радост и среќа, но најмногу од се љубов, доверба, почит и разбирање . Ти благодарам за се, за секој поминат ден со тебе, за сите убави заеднички моменти, за тоа што знам дека ме сакаш и дека сум ти се! Знаеш дека ТЕ САКАМ и јас тебе. Не би те менувала за ништо на светот, те сакам онаков каков што си, за мене совршен!!
Те видов после 2 месеца,се поздравивме...се потресов малце,почна срцето да ми чука посилно,ама да знаеш тоа беше само неколку секунди...се си има рок на траење,а твојот веќе помина
1. како да те замразам? како да те заборавам? зошто не ми дозволуваш? 2. прочитав сега една група на фб нешто у смисла не очекувај љубов од штипјанец.. шо ке кажеш на тоа?
Молим те овие два дена шо останаа да не ме неривраш. Па и да ме нервираш гајле ми е. Ќе се видиме па ќе видиме кој на што е. Два дена а биле а не биле ќе издржам, шо мислиш малце ли ме нервираше до сега?
Ти благодарам што си со мене. Ти благодарам што ме сакаш... Ни мене не ми е лесно. Се сеќаваш ли на ветувањето од вчера? Јас верувам во тоа. Верувам во твоите допири. Гушни ме... Ми треба твојата прегратка. Ми го правиш денот поубав.