Се обидувам да се опуштам, и да заспијам додека те гледам како спокојно спиеш. Во овој момент сета љубов на светот е собрана во мојот поглед, а ти неможеш да видиш. Па и не треба да гледаш, кога веќе се знаеш. Туку... Ми доаѓа сила да те истепам, да те дигнам на клоци зошто... се плашам дека премногу те сакам. Едноставно те чувствувам како дел од мене, без тебе јас...не сум јас. И тоа ме прави среќна и немоќна истовремено. Како и да е, само нека трае. Ти го дадов животот, ти се дадов себе а за возврат не барам ништо освен тебе. Продолжи да спиеш, и имај убави соништа, а јас ќе те чувам. Те љубам, вистински, целосно, проклето те љубам.
Не, не сакам да те видам! И не, не морам да се правдам зошто. И уште 99999 пати да прашаш одговорот е тој. Прифати го веќе еднаш!
Леле бре бомбоно моја, што си најсладок кога ме љубиш така нежно... Уфффффф, те сакам многу. И ти благодарам за убавите нежни и груби моменти, вчера. Ми го наполни срцето бре!
Шо да ти кажам? Шо? Дека си луд! Јас сум причината или шо? Прво прајш кавга,а после идиш на автобуска. Сега веруваш ли? Ти докажав ли? Епа ТЕ САКАМ будало мое! Зошто нервози без потреба? А знаеше да дојдиш на автобуска и да ме испратиш... Шо ќе прам со тебе,а? Ми го сврте умот пак ко ме бакна...ама и јас тебе! Прегратката твоја поќе од се ми значи...Не можам да се откажам од тебе,ти си ми како дрога што секој ден ми треба! ТЕ САКАМ (и покрај се!) Чувај ме и чувај се за мене и пази во што и кој веруваш!
Денес изминуваат 5 месеци од кога ме бакна под таа стреата кај шо се криевме од првиот дожд у есента. И покрај се, уште си ми истото тоа мило човече што го прашав зошто ме бакна. Будалче едно,утре конечно ќе те видам! Одвај чекам. А бе, те сакам. Е,денес е и светски ден на прегратката, а и синоќа по полноќ почна да врне дожд.
Па не ми се гледа ракомет сама, срам да ти е, цел ден си на работа!! Ќе видиш ти убаво вечер, има да платиш за сите овие денови
Се нервираш што не се нервирам? Сам нѐ доведе до оваа ситуација. Немаш веќе толкава моќ над мене. Сеедно ми е како ова ќе заврши. Зашто очекував нешто многу подобро, очекував повеќе од тебе. Се сменив на подобро, а ти на полошо. Епа сега извини, ама ќе си ги трпиш последиците. Се силеше дека ако ти преовлада гордоста можеш лесно да заборавиш на годините кога си се борел за мене и да ме заборавиш...ако дојде нашиот крај, баш ме интересира со колкава леснотија ќе се носиш со тоа.
Заборави на кошулата,не ти ја вракам И да,следен пат можеш да ја подготвиш кадата со таа мирисливата купка бидејки мразам туширање Спојлер А за оргазмот?Таков и Чак Норис не може да приреди
Љубов со цвикерата сега и косата шо само кога седам дома и не и правам ништо е секси изгледам како....знаеш шо ти...замисли ме И денеска било светски ден на прегратката, а ние не се гушнавме еве ти виртуелно.