Ако не бев кучка немаше да го издржам ова, нели? Фала му на мојот "кој те врти" однос, ме спасува од многу солзи и нервози.
оо душичке моја малечка жал ми е што не можеш да јадеш со новите запчиња се надевам ке успееш да се навикнеш
Знаеш што си ти?Ангел симнат од небото...ти благодарам што ме сакаш и што ме чуваш како капка вода на дланката
Сакам да се стуткам во тебе како клопче, и да те изгушкам. Одамна не си ми се насмеал така збунето и слатко како што знаеш, леле бе, де малце разнежни се..
Дали некогаш ќе се заситам од тебе? Дали е можно со секој изминат ден да те сакам се' повеќе и повеќе? Дали е можно секој ден се' повеќе и повеќе да го заслужуваш тоа? Дали е можно и после пет и пол години поминати со тебе, меѓусебната страст да расте, иако уште од самиот почеток била голема? Дали е можно по секој надминат проблем или кавга ти уште повеќе да ја заслужуваш мојата љубов? Не ги знам одговорите на ниедно од прашањата. Само знам дека сакам да трае. Или како што би рекол Трендо, „нека постои“. Душо бре
хмм ако ти е така подобро веднаш раскини,собери храброст...зошто машко кога ќе почне да биде таков нема да се смени се дури не покажеш малку заби кажи крај и почни да имаш самодоверба,ќе боли но никако не покажувај,издржи...почни да бидеш често во друштво,да шеташ,враќај со иста мера...верувај ќе сфати што изгубил,ќе те бара но некое време не попуштај...ќе приметиш кога ќе почне да пати...на крај краева ако не се смени ни тогаш,друг некој ќе те направи среќна Ти посакувам многу среќа и храброст
фала бејб, ова е животот, не е генерална проба If you can't handle me at my worst, how could you handle me at my best, anyway
Уште од првиот момент јас и ти сме едно. Само ти знаеш вака да ме сакаш, да ме почитуваш и да ме трпиш. Само пред тебе без срам си ја соголувам душата, зошто знам дека никогаш нема да ме осудиш. Само за грешките направени кон тебе се каам. Ти ме правиш подобар човек, ти ми даваш подршка и мотивација за да успеам. Само од тебе слушам -Мораш и можеш! Само ти со мене ги читаш истите книги, само ти ме галиш додека учам. Ги сакаш луѓето што ги сакам иако знаеш дека не те сакаат. Само ти правиш се за мене. Дали ти враќам доволно?
Слушај копук низаеден! Нема да ти го кажам ова лично зашто од денот кога ќе се видиме ќе ти дадам до знаење дека веќе ништо поврзано со тебе не ме засега. Можеш комотно да си се гледаш со бившите, да си правиш што сакаш со нив, зашто знам до што ти е. Задоволи си ги комотно со неа потребите! Ама знаеш што? Се надевам ќе не можеш во очи да ме погледнеш. Иако си толку добар глумец, што веројатно и нема да ти е проблем. Многу бев проста знам...Ти се прилагодував, сметајќи дека е најдобро за нас. Станав нешто што не сум, изгубив од својот карактер, слушајќи те дека така треба.Ја прифаќав секоја вина во караниците. А ти што правиш? Одиш по кафиња со бившата за која се изнајаде *****. Ако, ќе преќутам и мирно ќе го завршам ова. Зашто сум поголем човек од тебе. Благодарам на Бога што ми даде шанса со тебе, да видам кој кретен си. Инаку цел живот ќе мислев дека со тебе би ми било најубаво. Како се претвори во ваков? Или таков беше, ама јако глумеше. Не се секирај, јас не изгубив ништо. Ти си тој кој нема да најде културна, девојка со манири, девојка која ќе ти плаќа за превоз и било што, иако не е во ништо поволна финансиска положба од тебе, некоја која секогаш ќе гледа за другите,најпосле за себеси, некоја која нема да ти се даде од прва ноќ, како што си учен до сега... Не сум јас ко современиве цури, ама не знаеше да го цениш тоа. Јасно ми е со каква ќе завршиш ко што си тргнал, џабе се убаво на збор знаеш да кажеш. Ќе си најдеш некоја што нема да ти приговара, мирна, послушна, добра во кревет. Мене остави ме за некој подобар, а ти теши се дека си најдоброто што ми се случило. Времето ќе покаже. Не те засакав доволно силно за среќа, се пазев, ама затоа да видам дали твоите чувства ќе избледат. Сам го уништи ова, фала му на Бога што не сум виновна за распадот на нашата врска. Имај убав живот! Спојлер Се извинувам на оние кои мораа да го читаат моето празнење.
Абе мали,коа сакав да те видам,да те сретнам,те немаше никаде,сега што почна да ми се појавуваш,шо се буричкаш кај шо не ти е местото...сега не сакам да те видам,а баш сега те среќавам почесто...те видов 2 пати у рок од 2 недели што е премногу,инаку дали еднаш у 2 месеци ќе те видев некаде...што фалеше па за те сретнам тебе,таман убаво си ја поминав вечерта,мораше да ми се расипе поради тебе....поради тебе одев сама до дома,со наведната глава,размислувајќи за многу работи...ај молим ти се,не ми се појавувај пред очи најмалку еден месец...поздрав
.................................................................... немам што да ти кажам Сам ќе си видиш, ќе си осетиш, ќе си сфатиш што губиш... А јас, навистина се чувствувам добро, самодоверба на нивоу... Пуца ми штикла за тебе „бејбе“ ! Не сакам повторно да се заљууубаааааам!!! Сакам да си ја живеам младоста откааачеееноооооо, како што живеев пред да те сретнам тееебеееее!