Незнам дали да бидам среќна за тоа што сеуште те имам, или да бидам разочарана размислувајќи за сите тешки зборови што ми ги кажа. Само знам дека си се подалечен... Се обидувам да те задржам, не се откажувам лесно но од твоја страна нема реакција. Ништо нема да биде како порано, се помирив со тоа но во мене има празнина што никој и никогаш нема да може да ја исполни. Џабе ми е да плачам, солзите не решаваат ништо. Ништо не помага, знам дека треба да оставам се на времето, јас сум во случајов немоќна. А тебе ти е сеедно. Штета што мене не ми е...
Ме разбираш, од првиот нормален муабет, знам дека ме разбираш, немаш појма колку е добро чувството. Знам дека сме слични, скоро исти и знам дека може да се испоубиеме меѓусебно некогаш, ама не знам што е тоа што ненормално ме влече кон тебе. Се заљубувам бре...
Вистина е тоа што го рекле: Кога еднаш ќе се скрши чашата колку и да ја лепиш и составуваш таа секогаш ќе си остане скршена. Ахх бе сонце. Толку си ми блиску а те чувствувам предалечен. Зошто ми е вака ? До мене ли е ? Вистина ли е или мене филм ме тепа ?!
Ти си најголемиот скитник што постои на светов! И ке те поздравам со песнава! http://www.youtube.com/watch?v=jOcCSPP-oDg
Направив се за да не се заљубам повторно. Избегав од таа страст. Но само за миг. Кога те видов повторно срцето почна повторно да ми бие, чувствував повторно пеперутки во стомакот како и првиот пат, се вознемирив..незнаев што попрво да направам. Ти си мојата слаба страна. Ти си мојата слаба точка. Кажи ми како да не се чувствувам вака. Цврста сум и одлучна. Но тој пат паднав. Тој пат попуштив. Не успеав да те заборавам, затоа што ми беше потребна твојата љубов. Изгубена бев, неможев ниту да се преправам.. Не знам како успеав толку да се заљубам. Понекогаш ме боли оваа љубов. Ах.. Ако го прочиташ некогаш ова те замолувам да не ја повторуваш истата грешка. Периодот ни беше убаво се надевам дека и така ќе остане. Морав ова некаде да го кажам затоа што ми застана грутка во грлото. Која ниту можам да ја истерам, ниту да ја голтнам. Боли. Те љубам.
Море дете ќе те акнам абе ќе те прекршам .со зборови ако немам машка сила ....еве ти ја конкуренцијата а ти играј на тоа плејстејшанот или на што и да е ебана машка игра . Како тинејџер си најдов симпатија од која лигиииииииииииии ми течат
Ех љубов, 16 убави месеци, исполнети со убави моменти, караници, па понекогаш и солзи .. Најбитно е дека секогаш се имаме еден на друг и во најдобро и во најлошо. Секогаш од доброто може уште подобро! Те сакам таков каков што си со сите твои маани, несовршености... Нека ни се множат.
Убаво ми беше цела недела сонце Сакам почесто да правиме вакви нови и интересни работи. Вечер спреми се, многу забавно ќе ни биде love you.