Или ми е до пмс-от или ја стварно нејќам да прам муабет со тебе и стварно не ме занимаш ... Spoiler Ама сакам д ате видам бре сакам да си у моја близина
Сакам да се шетамееееееееееееееееееееееееееееееееееее човек многу тешко може да те натера ладно ти било па јас ќе те греам брееее хаххахаах ајде исполни ми неколку желби како што јас ти исполнувам година и на 14 ти 3 месецииии вааааааа
Гневна сум си самата на себе, што толку време те трпев таков! Како можев да го дозволам тоа? Како сум можела да бидам толку глупа, тупа... ? Како сум дозволила да си го фрлам достоинството, самопочитта во вода? Па и ти, глуп што си, си... Што немаш никакво домашно воспитување, немаш... Што си потпросечен, не изживеан, не амбициозен, таков си! Како сум можела воопшто да се заљубам во тебе, па уште и да планирам иднина со тебе? Нема да речам глупава сум била, ќе речам наивна и дете сум била, оти сепак ми дојде паметот навреме!
Во ситуација кога џенцка нема ни за лек, а учење има на претек, ќе и’ се обратам на мојата „мила, драга, сакана, неодолива...“ госпожа англиска книжевност (Анџи). Значи, кхм: Анџи душо, анџи мила мори... !!!УМРИ!!!
Не очекував да заврши вака. Не очекував денес во тебе да го видам човекот кој беше години наназад. Ниту дека ќе ја признаеш вината и дека си согледал дека си се сменил. Посакувам да се искаравме, да те замразам од дното на душата. А ти ми покажа дека си човекот кој секогаш ме ставал на прво место. Во чие срце секогаш ќе имам место и никоја нема да го заземе. Дека вредам толку многу, што нема да дозволиш да ме повредуваш. Дека не треба да се менувам, туку требало да ме прифатиш каква што сум. Ќе те послушам, нема никому да дозволам да ме смени. Зошто дозволи со такви убави зборови да се разделиме? И како јас сега да продолжам понатаму ко што ме советуваш, знаејќи каков човек изгубив? Денес, кога видов во твоите очи колкава е болката, ги видов сите мои грешки. Ти кажав многу болни зборови, а од тебе очекував да бидеш добар со мене. Очекував ти сѐ да правиш за мене и да го трпиш моето однесување. Сега сфаќам која вина ја имам јас. Но, имаше право. Во моментов сме двајцата недозреани. Јас што не се трудев околу нашата врска, ти што сакаш уште да бидеш дете, да се забавуваш, а јас сум онаа сериозната која те кочи. Ти си многу паметен човек, оставаш времето пак да не спои. Оставаш да запознаам други луѓе и да сфатам дека никој нема да ме сака, цени и почитува како тебе. Дека требаше да гледам позитивно и само тебе да ти верувам. Ќе ги научиме сите тие лекции и тогаш ќе дојде нашето време. Некогаш...кога јас ќе сфатам што изгубив и колку требаше да те ценам и некогаш кога ти ќе си проживееш и ќе ти дојде време да созрееш. А дотогаш, ќе ја издржиме оваа болка двајцата. Нема веќе кој да ми дава совети, кој да се радува на моите успеси. Нема да можам да прашам како си со здравјето, а ќе умирам од грижи. Не знам како планираш да се носиш со тоа сам и не знам како јас ќе издржам да не прашам дали си жив. Ти ветив дека ќе сум силна, дека ќе издржам без тебе, но те излажав за да не се грижиш. Го изгубив човекот кој душата ја даваше за мене и те молам не се осмелувај да бараш од мене да ми биде лесно. Јас знам дека сето ова е за добро, се разделивме да сфатиме колку сме си значеле и да поминеме низ настани и околности кои ќе ни покажат колку сме биле еден за друг. Само, не се споивме во вистинското време. А додека не дојде тоа, ќе те држам за збор. Ќе чекам да поминат месеци и години и да ми затропаш на врата. Еден ден ќе ме побараш и тогаш ќе бидеме помудри, посозреани. Тогаш ќе сме еден за друг. Со душа ќе чекам да си го одржиш зборот. Ќе се молам за тебе, никогаш нема да те заборавам! Ќе мислам на тебе, ќе молам други да те чуваат. Најдобрите одлуки не се секогаш најлесни
Многу сум нервозна, многу! Па кажи бре кога те прашува човек дали да те чека или не?!! Љубомората за себе да си ја чуваш!
Квалитетно ни измрзнаа носињата прееска нели? Знам знам, јас сум баксузот, од сите денови мене денес ми текна портата да идеме да ја видиме, кога она да ти била затворена. Вицот џабе отидовме така ? Барем се прошетавме низ гтц, и си купивме книги од Мисо! Сега ќе и седнам да ја прочитам, а потоа ќе ти ја земам и твојата! Што убави палачинки ми направи ммммммммм за мерак. Иако морам да признаам беа ПРЕблаги, ама нели се од тебе па ќути и јади . Дали бевме премрзнати или бевме премногу уморни не знам, само знам дека ми се допадна кога на сред филм и двајцата ненадејно сме заспале гушнати... аааааа љубов, те обожавам. И обожавам кога ме будиш бакнувајќи ми ги образите!! Можеш ли да бидеш уште посовршен од сега? Мислам НЕ! те сакам
срце мое, обожавам кога утрото ми започнува со твојот глас, обожавам кога ме галиш по косата и ми правиш да се чувствувам како да сум на небото. ти си се она што ме прави среќна, ти си љубовта моја, ти си животот мој!! ТЕ САКАМ
Не знам дали е љубов, страст, хемија, совршено добар секс... што и да е - уживам што толку долго трае!
Спремај се-утре те ставам на најважниот тест и само од твојата интелегенција зависи дали ќе го положиш...
Празнина,неисполнето време,жал и копнеж-тоа чувствувам. Грижа на совест за која и не сум сигурна дали треба да ја чувствувам. Колку е само тешко...да си растргнат на милион страни,а на ни една не можеш да застанеш,да се исполниш,мирно да спиеш...без ни една грижа,барем за миг. Да заспијам и да се пробудам во едно полесно,поубаво утре...
на лагата кратки и се нозете мило мое .... а кога ке излезе лагата твоја убава што ја кажуваш за една мн глупа и небитна работа ја ке бидам она која ке ја напраи голема и битна зашо така мил мој заслужуваш,у твоја лага сам ке се закопаш пливај злато сам ке се удавиш