ТЕ САКАМ НАЈМНОГУ НА ЦЕЛ СВЕТ. Би се качила на некоја зграда и би се дерела на целиот глас, колку те обожавам . Ти си моето најголемо Сонце и ти благодарам за прекрасниот поклон
И ај кажи ми молим те, како да седнам да учам кога на секои 10 минути ми пишуваш пораки !? Знаеш дека немам срце да го исклучам и отерам у пет лепе телефонот, знаеш и пак упорно шврцкаш пораки. Ех, лошотија си.
Ахххх фала ти,ми требаше тоа...Си го поправи тоа од пред некој ден,само не требаше да ме нервираш.Ме доведуваш на работ на лудило.На се да мислам,па и ти да создаваш нервози...Ама добро шо се свести. И ти ме сакаш,м? Ми требаше да го слушнам тоа Пошто проклето ми недостигаш,а морам овде сама да седам Ќе издржам уште малце...После? Е после тоа спремај се http://www.youtube.com/watch?v=rIHwxWAypBI&ob=av3e
1. Импресивна и интересна литература си, ама не сакам да те читам по втор пат. Те враќам во библиотека, други нека те читаат. 2. Тебе ништо не морам да ти кажувам, се‘ што треба знаеш‘. Остај ме тогаш да ти покажам нешто
Глупава ситуација беше...глупаво мислење имаше. Се борам доживотно со нарциси и сезнајковци, зарем сега и ти?!? Ох колку го мразам некогаш тој биковско-јаречки спој во тебе виновен за безграничната тврдоглавост твоја! Уште повеќе го мразам кога ќе се судри со мојата скорпионска сурова вистина и стреловска отвореност кон светот и можностите! Колку тажно, колку жално...зарем љубовта да се сведи на тоа кој ќе го каже последниот збор? Ме познаваш срце, јас сум доследна на себеси и своите верувања. Прифатиме или потчини се од љубов. Друг начин нема! Нарцисоидноста ќе те убие! Ќе не убие...
Тоа е тоа, проклета да е импулсивноста во мене, проклета да сум јас, која упорно сама уништува се најубаво во тебе!! А тебе би ти кажала, извини, големо колку мене, од сега ветувам, ќе се затнам, зашто молчењето е злато, а моето молчење, не да е злато, целото богатство не му е рамно!!
http://www.youtube.com/watch?v=Vs6OWHRvfow Ете тоа сакам да ти кажам. После толку време ... Знам дека ме виде, знам. Никогаш нема да заборавам што ми рече последно. Ми гушна и ми рече Не плачи, тие зелени очи никогаш нема да ги заборавам, во сите други тебе те барам, ќе бидеме заедно ти ветувам, макар и на оној свет Вака ли требаше да биде ? Еден господ знае ...
Чудни и необични ми се овие сушниве периоди кога ќе не зафатат, немаме секс недела дена, и ми фали. Знам дека е период, од време на време се дешава, ама па чудно ми е. Јајнициве викаат дека менструација се спрема, а јас не планирам уште една недела да немам секс. Ако не добијам до сабајле, ќе те силувам кога ќе станам. Чаооо.
Те избркав од реалноста..........но не и од мисливе ........ Откако ти реков да не ме бараш само на тебе мислам Ама ќе издржам...... Денес многу....утре помалку од денес.... и еден ден ќе заборавам дека те сретнав и ќе бидам слободна...... Знам дека вака е правилно ......Не е важна хемијата....реалноста е таква и не можеме против неа..... Се надевам дека ќе имам сили да не те побарам ....и дека и ти ќе ја почитуваш оваа моја одлука ......... и ќе дојде еден розев ден во кој ние ќе се заборавиме и ќе бидеме со некои со кои можеме да бидеме
Срце,не знам моментално дали те сакам ама твоето однесување ме изненади.Ми беше убаво со тебе но додека не се промениш ништо од бизнисот....И знаеш дека ни малку не се замарам?Ајт.
доброутро спанко душичка, преморен си од минатата вечер ти како старосват ке уживаш во славата, а мене со медитација ке ми се одмори главата
Знаеш, ти ми го отвори срцето. Пред тебе бев имуна на болка. А сега сфаќам кое кревко суштество ме направи. Ме остави сама да ги применам советите кои ми ги даваше и сама да ја осетам суровоста на овој свет. Зашто додека ти беше покрај мене, ретко слушав што ми збореше.Интересно е што порано ти се водеше според срцето, јас според мозокот. Сега ситуацијата е обратна. Ама паметен си...и силен си. Знаеш дека вака мора да биде. И дека ти заслужуваш нешто подобро, барем засега. Некоја кој ќе те чува, пази и цени. Отвори си го срцето за друга. Ќе се појави и подобра од мене, верувај. Јас, можеби цел живот ќе се обвинувам што го расипав ова и што останав без тебе, но мора да научам дека сите одлуки не можам само јас да ги носам. Треба да почувствувам како е да си отфрлен, одбиен. Да почитувам што се прави за мене и безрезервно да враќам. После тебе ќе станам подобар човек, а се надевам исто и ти. А ако некогаш Бог одлучи дека треба да сме заедно, ќе бидам среќна. А ако не, ќе го молам барем ти да си ја најдеш среќата. Мислиш дека ова кај мене е минлива состојба, но денот кога повторно ќе се сретнеме, а знам дека ќе дојде, ќе видиш дали во мене избледеле чувствата. Ти си посилен од мене, толку време се мачеше, трпеше одбивања, игнорирања, да не се цени сето тоа што го правиш и сѐ собираше во себе. Сега е мој ред. Ќе го издржам и јас тоа, само што сега јас ќе се држам на страна за да не ти го нарушувам мирот и да продолжиш без мене. Ќе биде тешко, но ќе се обидам да бидам силна, барем пред другите. Ќе го најдеме ние својот пат, јас во мислите не се откажувам, само се надевам дека Бог го дели моето мислење. Секогаш ќе си ми во мислите.