и тек сега свакам со како инает, и вообразенко си имам работа, ама хаа ти не знаеш очигледно со кого си имаш работа,кога ке бидеш на игнор ин лајв џабе ке ти биде во врска на ф.б. ме гледаш така фина, мила, ама не ја знаеш мојата лоша страна-еден дел знаеш, но не целата
Сакам да си бидеме мутав пар. На пример, како ножички и шарена хартија. Соларниче и биберниче. Два компира. Сакам да имаме куќичка на дрво, кучиња и мачки. Да сонуваме. Да се возикаме со точаците и мене да ми лета шеширот каде годе по улици. Да ти правам сутлијаш и утната овошна салата. Да ми ги бакнуваш дланките пред спиење. Сакам да сме Си. Тоа си сакам.
Абе знајш шо? Кога си 2ра смена а јас дома,многу ми недостигаш...Се чуствувам осамено :geek: :geek: Те љубам
се по заслуга, а верувај не заслужува типов во последно време да сум фина кон него, ти на мене јас на тебе око за око, заб за заб
Со нетрпение чекам да дојде утре. Еден продолжен викенд со тебе....Прекрасно... Снег, ладно, јорганче ммммм ке биде убавини....
Да те барав, немаше да те пронајдам! Ама само Еден те пронајде од сите и те доведе кај мене. Секој ден ти кажувам и докажувам колку те сакам и секогаш ќе го правам истото. И кога ќе одмине времето и кога косата ќе стане седа, секогаш! Иако многумина викаат дека во бракот љубовта станува еден вид навика и ја нема таа убавина како на почеток, но кај нас таа се зацврстува од ден на ден, од миг во миг... Станува како карпа која е штит на сите бури. Те сакам и кога си ми лут понекогаш, но со право. Понекогаш знам искрено да ги преминам границите со моите совети, ама сакам да знаеш дека тоа го правам од љубов. И моите прашања што, како, кога... се можеби малку досадни, но тоа го правам за никогаш да не се почувствуваш дека не ми е грижа за тебе. Со огромно право викаш: „ Се мора да забележиш во книгата! ’’ . Те сакам ангелче мое! Ти благодарам што ме чуваш како зеницата во твоите очи, како капка роса на дланките... Ќе те чувам многу повеќе и секогаш ќе се спротиставувам на сите, па макар и тебе, ако видам дека нешто не е за твое добро, па и на крај би го понела и целиот товар. Ќе бдеам над тебе! ТЕ САКАМ МИЛО МОЕ!
Врска немаш од давање подршка,ВРСКА НЕМАШ! Наместо да ми дадеш сила малце сега кога ми е најтешко ти се буниш за глупости! Уствари имаше врска порано,беше право бубаче,а сега што ти стана не знам, ама ич не ми се свиѓаш ваков,да знаеш. Ама не си ме видел во најлошо светло,затоа си земаш многу за слобода,тоа ќе да е. Не си бил на мое место и никогаш немаш да бидеш,но ти од сите луѓе треба да ме разбереш. И: "...he changes his mind, more than a woman."
Веќе немам сили да се замарам со тебе, а ти правиш да ми е уште потешко. Те молам ДОСТА!! Доста ама ! Добро, сфатив! Сфатив дека не ме сакаш! Добро, сфатив!! Немој веќе, те молам! Каква игра и да играш, доста ми е веќе !! Имај барем маалку милост!!
И тоа што дојде денес во мојот град да ме молиш да се смириме не е доволно.Дојдоа моите пет минути,и ке траат 10 Си ја прокоцка твојата шанса.Нема повеке назад.И вака ми е убаво...без тебе до мене.Не си единствен. Еве ти ја нејзе,си одговарате
Зошто се мора да биде комлицирано. Посакувам само да пробавме, а не да судиш пред време дали си одговараме или не...