Дојде таков уморен и скапан, се гушкавме со сите салтанати, романтичарко-блудничко-перверзни, и кога те прашав - зошто дојде за толку малку кога ти се спие и си уморен, требаше да одмараш дома, ми рече - ама така немаше да те гушкам тебе... ... и моето срце се стопи.
ме разочара, целата сила ми ја исцрпи, со твоето понашање верувај, кога и да се јавиш или пишеш не е исто!? Што сакаш прави, само знај дека јас дигнав раце, само знај дека само ме губиш и ништо повеќе.. Ти си знаеш ..
Хмм.... Во последно време сум ти наликувала на Stepford Wife. Не знам дали да го сфатам како комплимент или навреда Ај колку да те извадам од памет, ќе средам денес баш како stepford wife, фризура како во 1950 тите, широк цветен фустан и престилка. На врата ќе те пречекам со насмевка од 6-6 и со мартини во рака Тек тогаш ќе бараш дали имам дугмиња на грбот, дали сум вистинска жена или робот
http://www.youtube.com/watch?v=WoT8tXku ... r_embedded Ohhhhhhhhhhhhhhh my loveeeeeeeeeeeeeeeeeeeeee ohhhh darlingggggggggggggg
ЗОШТО? Зошто сакаш да знаеш како сум и да изиграваш поштен испектор Зошто прашуваш,зошто ми пишуваш зар не ти кажав да се тргнеш на некое време или продолжуваш со твоето да ме понижиш само.Тебе ти било гајле оди таму да не те гледам.И ти си ми бил некој грижлив,само да повредиш некој кој ќе те пцуе те бива. И што сега? Си направи муабет со мене,виде дека не сакам да те смислам и сега јас да си а тепам главата што ми ги уништи сите планови.Те мразам,Бројче.
И после јас виновна?Не бе чоек,ти немаш поим од животот...Ајде излези малку надвор,да те фати студеното и да ти го разбистри тоа глупаво главче што го имаш.
Дали си ти нормален? Мокра сум од глава до пети,неможам да се досушам Ама акооо,ќе видиш ти вечер убаво
„ Другата недела сум прва смена, ако сакаш можеме секој ден да се гледаме. “ А ти? Сакаш да се гледаме? Ете, тоа е тој проблем во врска со тебе, дури сега сфатив. Ако не сакаш да бидеш со мене, ако не ти се излегува, ако немаш време за мене а имаш време да излегуваш (по студот како шо викаш кога треба да се видиме) со другарите, тогаш кажи ми и не барај ме да ми отежнуваш. Преку глава па веќе.
жал ми е што заради новонастанатата ситуација нема да можеме да се гледаме често епа злато ти работиш и заработуваш, сакам и јас да заработам некое денарче а седејки дома да со он лајн бизнис ама некако страв ми е посакај ми срека, ке ми треба
Ако имав шанса, ќе ти кажев: "Ми недостигаш. Сакам да одам по снегот со тебе, сакам да ми ги топлиш рачињата. Да ми се јавиш во сон, да лежиш до мене...Би сакала ти помогнам, да имаш доверба во мене и да знам што те мачи. Да ти бидам поддршка и да не те оставам да минуваш сам низ што и да е тоа. " Нема да те мразам, те излажав. Ја познавам твојата душа, ко што ти мене ме знаеш повеќе од себеси. И не можам повеќе да си правам лоши сценарија зашто знам дека ме сакаше. Ја чувствувам болката во твојата глас и грижата за мене. Ми е страв дека еден ден кога ќе дојдеш да ми објасниш поради што ме отфрлаш мене и другите, ќе ја наведнам главата. Ќе се чувствувам толку бедно што ми паднаа на памет милион работи поради кои решаваш да биде вака, а всушност причината ќе биде благородна. Сигурно се жртвуваш, но прости ми, во моментов не можам да те оправдам. Зашто ти ме учеше да се борам и дека сѐ е возможно. Време е да сфатам дека можеби и ти имаш грижи и проблеми и затоа се однесуваше така. Наместо да прашам што те мачи, јас сакав да бидам центарот на твојот свет. Не можам веќе да бидам крај тебе, но ќе се грижам. И ќе продолжам напред, знаејќи дека е сето ова со скриена цел, верувајќи дека Бог го знае најдоброто за нас. Ќе оставам на него да ја реши нашата судбина и времето ќе покаже дали требало да бидеме заедно. И секогаш кога ќе ми дојдат црни мисли, ќе се сеќавам каков беше кон мене и кое срце го имаше. Дозволив овој месец да го урне мислењето што го имав за тебе со години. Ти се извинувам за причинетата болка, се извинувам за моето силно его. Само, немој да мислиш дека се откажав од тебе. Не сум учена да се саможалувам, нема да дозволам да патам. Сето ова е за добро.