Е шо убо ни беше денес на шопинг Едвај ја чекам веридбата од брат ти Абе да поиграм малку не за друго
Драгии моој нека ни се множат деновите заедноо и секако нека бидат многу подобри од овие кризни деновии Љубоовче Те обожаваам!
Знам дека сакаш да ме правиш љубоморна. Знам дека е намерно. Ама верувај, колку и да сум љубоморна тоа пред тебе нема да го покажам, нема да ти приредам такво задоволство! Толку многу те сакам... а во исто време го мразам тоа чувство. Во мене владее хаос.
Идиотче мое најмило, што да правам јас со тебе?Многу те засакав, но истовремено многу ми е страв од таа љубов.Не дека нема да биде возвратена, туку дека нема да биде остварена.Да знаеше барем колку очекувања имам за вечер, а страв ми е дека ќе ме повредиш.Страв ми е дека нема да се случи тоа што најмногу го посакувам...Знам дека треба да се одлучам-или те сакам, или те оставам и знам дека треба да сум поголем оптимист-кога сите веруваат во нас, и јас треба да верувам...Те сакам и сакам да си мој.И...знам дека ќе бидеш...еден ден...
Ме нервира оваа неизвесност.. не знам што е ова нашево? Не можам ни име да му дадам на ова нашево.. Знам дека и јас претерувам со мојата претпазливост но верувај не можам поинаку.. Барем со тебе не сакам да ги повторам истите грешки.. дали заради тоа што премногу те идеализирам, сметам дека сум премалце за тебе?! Не бегам од тебе, едноставно не знам како поинаку, не ми даваш никаков знак.. Ме бараш, па ми откажуваш, па повторно се гледаме, па пак не се гледаме! До кога?
Чудно е што воопшто не ми недостигаш, ниту па имам желба да те слушнам. No boyfriend no problems. Оххх мој Фернандо Хуан Де Виља како не си останев вечно заљубена во тебе...
Не те можам на моменти. Верувај сакам да успееме, но за мене врската е повеќе од гукање. Предизвикај ме на интелектуално ниво, сакам да дискутираме, не сакам одбегнување на теми. Вака никаде не одиме. Не дозволуваш да продрам до тебе. Бегаш кога ќе згусти. Споделувам за да и ти споделуваш со мене. Сакам да созревам со тебе.
нема веќе назад, се е кажано! секој проклет збор, кој не треба да се каже! А оние што требаше мирно си молчат. Мудро велам јас. Близнакот во тебе конечно се појави, исплива на површина. Кажани се сите зборови, факти, дела... нема потреба од кажување. Молчи, само полошо го направивме. Јас и ти. Нема веќе простување, нема веќе размислување, размислено и пресметано е се. Загубивме дел од нас, а не сакаме да го признаеме тоа. Детски е не викам не, од двајцата. Ама ова е крајот. Крајот кој носи нов почеток. Погрешно е вака, сосема, од корен се е погрешно. Збогум засекогаш.
Мило мое, најмило, колку само те сакам, те обожавам . Значи после тој наш разговор сфатив дека со тебе човек секогаш ќе се разбере, мило ми е што знаеш за компромиси. Никој како тебе не ме сфаќа, ти си ми потполна поддршка ама ќе пукнам, значи мора да те видам, ќе полудам ми се чини кој ќе издржи уште една недела, кој кажи мииии? Многу ми фалиш па сакам да заспивам и да се разбудувам покрај тебе! Тоа ми треба сега
Главата ми е полна со прашања, на кои за жал никогаш нема да најдам одговор. Знам дека не треба, но ете...ми недостигаш
You are the hole in my head You are the space in my bed You are the silence in between what I thought And what I said You are the night time fear You are the morning when it's clear When it's over you'll start You're my head You're my heart
Џабе ќе ми се сите работи што ги кажа,од нешто ќе извлечам поука,некои нема никогаш да ги сфатам.Ми викаш смири се и легни да одмориш Ех,да беше така лесно...Веќе ниту една вечер мир нема да имам,дури ни кога друг би легнал до мене (ќе биде баш ко во 3 метра над небото,ах колку само сме тотално истата приказна,само ова поќе боли,пошто беше подолго) Никогаш нема да посакам друг да ме допри,нема да потонам во прегратка и да го погледнам в очи,пошто ќе ми биди незгодно,неубаво... Како е можно ова,и викаш ко ѓаволчето и ангелчето слушаш гласови во себе,едната ти вели јас,другата без мене,и ти мислиш дека нема да функционираме и да се разбираме....Ова како да го сфатам,се плашиш од мене,мислиш дека нема да успеам,дека ќе чекаш уште долго,дека ти пречи се што правам,дека немаш поќе чувства (само останало она милото кон мене) како? И сама сум свесна дека засега тапкам во место...Ама и мојот живот ќе тргни во некоја насока,ќе завршам со испитиве наскоро... Или можи еден ден,ќе ме побараш,ама ти ме оставаш на други,не ме сакаш веќе крај тебе,не сакаш да сум секој ден покрај тебе,мислиш дека ништо не сме направиле...Тогаш ќе е касно.Ако некој друг ме има,прекасно ќе е.Ми викаш сакаш да сум среќна и да си најдам некој што ќе ми одговара и ќе ме разбери,а ти? Зошто не се потруди? Велиш си размислувал со ноќи и си се обидувал...Епа изгледа не е доволно...Ако ме сакаше би направил се за мене,би ме сфатил,би ме прифатил ваква... Жалосно е ова нашето да пропадни. Не сакам друг! И од една страна си мислел за веридба,од друга страна си се премислувал... Незнам...можи кога некој ден некоја со поинаков карактер ќе застани покрај тебе,тогаш се ќе сфатиш.Можи ќе се разбирате,но нема толку да се сакате.Можи никогаш поќе нема ова да го доживееме. А јас сакам само добрите работи да ги памтам.Несакам на ништо лошо да се сеќавам. Уште една средба за да се разделиме како што се запознавме...Како само ќе издржам? Срцев удар ќе добијам! Па и нека...Што ќе ми е ова скршено срце што за ништо веќе не ми служи? Те сакам...Знам дека ме сакаш како и јас тебе.И ова ќе ти е најголемата грешка во животот што си ја направил...ТЕ САКАМ и јас! Добра ноќ ....Добра ноќ (а во себе мислам ниедна веќе нема да е добра...за кого како,веќе и се ќе стани само рутина и навика без никакво чувство...) Проклето боли кога една искрена љубов вака ќе заврши...Кој го доживеал ова,ќе ме разбери
Дивајн, ајде, легни и одмори се . Ништо не правиш жалејќи и плачејќи, па прашувајќи се што и како. Од кои и да било причини поради кои морала да престане вашата љубов, сигурно така и требало да биде, Господ ти го одзема тоа што во моментот мислиш дека е најубаво, за понатака да ти донесе на пат нешто уште поубаво Знаеш што иде по една завршена љубов? - Нова, поубава, и уште повистинска љубов
Повторно пијам чај. И повторно сум тажна. Ама овојпат ме удри многу јако. Како земјотрес неколку секунден кој убаво ќе те продрма, а ти самошто си заспал. Траумата е вечна. Се сеќавам дека не можев да заспијам кога пробував последниот пат. Уморот се обидуваше да ми ги склопи очите, ама тие упорно се отвораа. Шараа наоколу и го бараа. Попусто. Некако и некогаш, сум потонала во сон. Имав кошмари како и секогаш кога спијам без него. Се будев препотена, преплашена, со искривено лице и изгубен поглед, со страв кој не можам веќе да го кријам, со плач во градите кој го допира, но не може да го предомисли. Станав уморна.