Така треба да биде веројатно. Се' се менува со тек на времето,така и јас и ти двајцата,кој повеќе кој помалце. Малце не сме синхронизирани,не се менуваме како целина..но, тој факт не го менува тоа што го чувствувам за тебе. Cause I don't wanna let you go I'd be lost without you. By your side, Thats where I will be.
Колку и да се прам силна џабе ми едноставно не можам без тебе..Шо ли правиш во моментот спиеш излезен си гледаш телевизија?? Шо чуствуваш можиш без мене јас не можам без тебеее јави се издрадвајме дајми војла за живот детееее те сакамммм колку и да неќам да те сакам јас сепак те сакам кога ќе помини ова тагаа
Фино, лути се. Монолозите не ми се јака страна, јави се кога ќе излезеш од 3тиот пубертет. Ме разочара повторно. Сериозно размислувам да ставам крај.
Уморна сум, не разбираш? Мораш ли секој ден, секој момент да ми го правиш уште потежок? Знам дека одамна за мене немаш поддршка, ама осудувања уште помалку ми требаат.
Драго мое другарче у кое изглеа сум заљубена ... ја би само да ти кажам, дека можи ке ти бидам досадна, напорна и ке замарам до бескрај... Ама ја ни за жива глава не те оставам сам периодов пошто знам како е и знам низ што поминуваш .... ! така да очекувај друштво од мене односно позитивни енергии од моја страна ... Па после и на трепки оди ако сакаш ! Навикни се
Зошто сме такви ние жеништава ?? Толку многу се нервираме , коси ќе поискубеме но на нив ама ич курот не им чуе зошто е тоа така ? Зошто толку многу се грижиме за нив а се помалку за себе ? Малку оф тема ама изреволтирана сум па . А ти бе мрулко еден што убаво си мрзневме и те изнервираа и јас сум ти крива ?? Ааа па оди таму легни спиј си утре можеби подобро ќе ти биде а јас јас не можам толку да се замарам морам да помислам на себе бар на минутка затоа ќе си легнам порано ќе си се средам утре имам работа да си ја завршам и после ќе ти дојдам да ти побаам малку ако не ми правиш пак муабет ти ебав матер
http://www.youtube.com/watch?v=W-w3Wfgp ... re=related If you ever leave me, baby, Leave some morphine at my door Cause it would take a whole lot of medication To realize what we used to have, We don't have it anymore. Cause there'll be no sunlight if I lose you, baby There'll be no clear skies if I lose you, baby Just like the clouds, my eyes will do the same if you walk away Everyday, it will rain, rain, rain
Неможам да поверувам во каков човек се измени. И уште илјада пати да се прашувам,нема да дојдам до одговорот.Од најдобриот човек на планетава,од човек што ме правеше од среќна,посреќна,од човек на кој му се дивев на неговата добрина,ти стана личност која со секој нов ден се повеќе ме повредува.Стана причина за мое страдање,за моите солзи. Уште колку ноќи ќе легнувам расплакана додека ти безгрижно спиеш? Без ни малку грижа за мене,без ни малку. Уште колку ќе страдам за тебе,додека тебе око не ти трепнува за таа што некогаш ти беше СЕ? Покрај сите мои проблеми и страдања во животов,зарем и од тебе требаше ова да го доживувам? Кажи ми,те молам кажи ми-Зарем јас ова го заслужив? Кажи ми! Не си свесен колку ме повредуваш.Не си свесен на колку парчиња ми ја раскина душата. Јас бев таа што секогаш се грижеше за тебе,која ти беше најголемата поддршка за се. Јас бев таа која им го сврти грбот на најблиските само за оваа врска,само за тебе. Јас бев таа која без ни малку размислување за себе,за својата жртва,правев се за тебе.Без ни малку криво да ми биде.Во ниту еден момент,не помислив на себе,во ниту еден.Те сакав безусловно.Прифатив да имам пеколен живот само за да бидам со тебе.Имав соништа да си градиме сопствено гнездо,наше гнездо исполнето со љубов,разбирање и поддршка,а ти сето тоа го сруши. А што добив јас за возврат,што кажи ми.Само налутен глас,кој секојдневно ме повредува.Тоа ли е твоето благодарам? Додека јас секојдневно те потсетував колку те сакам,кажи ми дали ти еднаш ми го рече тој збор? Зошто не ми признаеш дека НЕ МЕ САКАШ ПОВЕЌЕ? Свесна сум дека не ти значам ништо во животот,само се прашувам ЗОШТО,ЗОШТО? КАДЕ ЗГРЕШИВ ЈАС? Ако е грешка тоа што те сакав повеќе од себе,тогаш ја признавам својата грешка. Јас многу те сакам и не дај Боже некогаш ти ова да го почувствуваш,некој и тебе вака да ти прави.Затоа што многу боли,многу,а јас и покрај се не сакам ти да страдаш. Само едно прашање душата ми ја јаде-КАДЕ ЗАМИНА ЧОВЕКОТ КОЈ СВЕТОТ ГО СРУШУВАШЕ ЗА ЕДНА МОЈА СОЛЗА?
Те сакам и посакувам околностите да се сменеа. Да бидеме многу повеќе заедно. Знам дека немаш нерви, но те молам истрпи уште малку. Барем да можам напишаново да ти го пратам па да видиш и сам што сакам да ти кажам секојпат кога заустувам да изречам нешто, а наеднаш зборовите ми секнуваат. Знам дека е тешко и знам дека си осамен. И јас сум. Само уште малку...
http://www.youtube.com/watch?v=FHp2KgyQ ... u_in_order I wanted you bad,I'm so through with that... Aбе некако многу сакам да ти го посветам стихов,ама осеќам дека сеуште не сум преминала преку тоа...знаеше ти убаво како да ја играш играта,па затоа сега ми е малце потешко да се откачам од тебе...знаеш,го памтев датумот на нашето прво здраво,последните денови кога сум те видела ги памтев,се трудев да бидам блиску до тебе...често се случуваше да те сонував,па целиот ден бев среќна,ама помина и тоа...кога и да испаднев се ѕверев насекаде да те видам,ама тебе те немаше никаде...еднаш во 2 месеци одвај те гледав...а сега кога конечно почнувам да те подзаборавам,се појавуваш пред мене,па наму на фб се занесуваш...туку знаеш шо? сега ќе се обидам да бидам во твоја близина една вечер,ќе се погодиме заедно во друштво,можам да го суредам тоа,ама овој пат нема да се лепам до тебе,туку ладнокрво ќе се однесувам,па да видам кој прв ќе се задева,и ќе се лепи до другиот...е тоа кога ќе го направам,осеќам дека ќе ми биде мирна главата,на некој начин да ти докажам дека си имал можност,шанса да ме запознаеш подобро па потоа да одлучиш што сакаш,дека не треба да ги слушаш другите,и да обрнуваш внимание на туѓите мислења,ама дека веќе ти е касно...ете така,ај сеа добра ноќ и сонувај ме
абе детенце мало па подобро знае да се однесува од тебе!!! ШТО ТИ Е ЧОВЕКУ? Ако има нешто КА ЖИ МИ!!! Душава ќе ми излезе од нервозА!!! е. да си знаеш. чао, пријатно.
Сеуште незнам како се воздржав да не те згмечам од гушкање Каков мек дуксер имаш аааааааааааааааааа полудечу
Знаеш, мислев ќе ми помине со тек на време, како и секогаш. Мислев дека мојава тврдоглава и досадна Јас ќе успее да ја убеди мојата ранета и чувствителна Јас дека ти не вредиш, дека ќе те заборави брзо, ќе и‘ помине и се‘ ќе биде како ништо да не било. Но не... Веќе со месеци заспивам со мислата за тебе. И само така и можам да заспивам, само така ми успева. И секогаш кога патувам и се ѕверам низ прозорецот во главата си ги враќам тие два проклети состаноци. Секој збор, секој допир и бакнеж. И чувствата ми навираат со ист интензитет како и тогаш. И нема да речам Камо никогаш да не се случеа затоа што не го мислам тоа. Затоа што не жалам. Жалам само што не можам да го замолчам оптимистот во мене кој секое утро ми всадува нова надеж дека ќе се сретнеме по скопскиве улици. Дека ќе ме најдеш смрзната по снегов и ќе ми го бакнеш од снег руменото обравче. И тешко ми е за тебе да зборувам, затоа што сите ми велат Заборави го, а никој не знае да ми каже како. Никој со тоа не ми помага, само ме спречува да зборувам (и со право; дури и самата себе си сум досадна). И глумам насмевка, глумам среќа, дека не ме повредува и боли тоа што од нашето не бидна ни Н. Се преправам дека си како и многу други кои ми поминале низ животот. По ѓаволите, се сеќавам на датумот, на часот, на твојата дуксерка падната на тревата, на бојата на мојата рамбовка! Се сеќавам што носеше кога те видов прв пат во животов! И вториот, и третиот.... на секоја наша проклета средба се сеќавам ко вчера да било! На разговорите до доцните часови, кога ме испраќаше на спиење па заминуваше на журка таму, преку големата вода. Ти го паметам гласот рано наутро, зарипнат, само што си слегол од авион. И омилената боја. И омиленото кафе.... И да ме чита сега некој ќе помисли дошол крајот на врска некоја, и девојката, така романтична и ранлива, не може да го преболи. Но тоа е само ладнокрвната Јас која дури денес си призна дека нема да и‘ е така лесно да те заборави. По толку месеци, дури денес.... денес, си ја соголив лагата која си ја продавав самата себеси толку време. И грда е, и ми тежи на градите, и вечерва знам со часови ќе се превртувам во креветот како синоќа, од истава причина. Не сакам да го прифатам она што знам дека е вистина и тоа ме мачи, мир не ми дава, тешко издишувам. И не, нема да речам дека кон тебе го чувствувам она на Љ затоа што ти тоа Љ не го заслужи, а можеше. П.С. Не мораше да најдеш работа во мојава улица. http://www.youtube.com/watch?v=C69lDom1JVg И порасни веќе еднаш. Хормоните од петтоодделенец дај ги во добротворни цели, не те личи, срамота е на 26 години.
Ми недостигаш секој миг изминат без тебе,не можам да спијам,да не мислам на тебе...Се будам со помислата за тебе,така и заспивам. Тешко е што чувствувам дека те губам,секој ден се повеќе и повеќе,се чувствувам осамено,немам повеќе сила да се борам за ништо на светов.Од тебе зависи се,што ке направиш и одлучиш ти,тоа и ќе биде со нас и со нашата врска. ПОстојано мислам дека мислиш на други,дека не чувствуваш исто што чувствувам јас,знам дека си ветивме дека ке бидеме силни,но јас не можам,навистина не можам.Повеќе не се препознавам,ова не сум јас,очајна сум,осамена,депресивна.... Се чувствувам како светот да се движи а јас стонирам.Ми недостигаш....Ти си љубовта на мојот живот...Само тебе те сакам и никој друг...Јас можам да сакам само еден, тоа ќе биде мојот сопруг,барем така тврдев и се убедував, а сега те сакам тебе,искрено и безусловно...а сега што да правам? Што ако те изгубам,далечината си го прави своето...знам дека ти значам,но дали доволно за да бидеш со мене до крајот? Дали? Секој одминат ден јас чувствувам дека те губам и дека некоја друга ке го добие што сега јас го имам,но сепак е платонско. Се молам да не се случи тоа,јас без тебе не можам....Ќе треба да го проживеам животот сама, ако ти не си со мене...Дали сум многу емотивна,дали се случува секому јас не знам, ама знам дека прв пат во мојот живот,22 години се чувствувам заљубено,целосно посветено само на тебе.... Животов ми е за никаде овој момент,но ќе биде подобро,знам да...ама само ако ти си со мене.Те сакам те сакам те сакам најмногу срценце мое најслатко! Гушкам те