Podseti me sto to bjese ljubav..i bar na tren biti zaljublen http://www.youtube.com/watch?v=5ipg1AFN ... ture=share
Море ако ти дојдам таму и ќе се збуткам до тебе и цела вечер ќе те закачам...уфф колку е ладно,а колку ми недостигаш...
Му благодарам на небото што постоиш. Бескрајно му благодарам. Уште повеќе што те познавам и ја имам привилегијата да си ми другар! Најдобар другар си. Да те нацртав немаше да си толку погоден! ах, ах, ах.....
Ок, некои раб ми се расчистија пополека, сеа мисли му ја твојата состојба да се расчисти, зашо више е алармантно .... И дај аман насмеј се
О, ти, човече мое сексуљаво и згодно, о ти љубов моја најголема.....Да знаеш дека ме остави без коментар Да знаеш дека со ова последново што го правиш за мене ме правиш најсреќната личност на светот. Знам дека за тебе е ситница....за мене е многу. Премногу. Значењето ми е преголемо, гестот ми значи најмногу на свет. Тоа чудо е како менуваш некои работи и пред да ти укажам на истите...Ми читаш ти мисли, вештерче едно, признај си, не ти е првпат вака! И пак се докажа дека јас само зборувам за моите чувства, ти си оној кој докажува и покажува. И прави се' за нас. Немаш претстава колку се радувам. И едвај чекам! Те сакам, среќо. Си знаеш ти. Ама за секој случај, да те потсетам.
Да, сега станав!Воопшто не ми е гајле што ќе речеш, јас важно си се наспав.Твоите коментари од типот стани порано искористи го денот,не е убаво да спиеш долго и.т.н. ама баш воопшто не допираат до мене,имуна станав срцко
Овој пат сериозно сум затрескана, не е од досада па колку да се занимавам...а тебе не ти е ни гајле, онака буквално не постојам за тебе. Направив милијарда филмови за нас двајца, само еден толку ми се врежа во глава и ме збудале цел ден... лежиме кај тебе на кревет, афтер секс си пушиме цигари и си муабетиме нешто, јас сум поткрената и свртена на кај тебе. Ти ми збориш, јас без престан те бацувам по цело лице, не те оставам да докажеш...и очите, и слепоочниците, и челото, и косата, секое сантимче. Ми се смееш така фраерски како што знаеш и викаш те сакам... Ми иде да се расплачам од желба за ова... Еве ти ја твојата...знаеш дека ти ги знам сите омилени? http://www.youtube.com/watch?v=knbkFOvfucQ
Биди до мене, со мене. Ако те видам на кратко после, ќе се расплачам. Ако не те видам воопшто денес, ќе ми биде мака Знаев, знаев дека е до сиве овие женски маки. Да ме чува Виша сила само, ти ништо не можеш веќе да направиш. Доволно направи. Ич не ги сакам овие втори смени. Не ја сакам оваа нетрпеливост на февруари и тензија што се лепи по коса како снегов. Те чекам, секаде. Како што напишав и во Февруарска.
На враќање од работа,купи масло за јадење „Брилијант„ - 2 литра,не ми се излегува од дома само за тоа.