Најсладок си! Таман си реков дека готово сум ги побркала работите и дека тоа што го кажа не го мислеше, и ти повторно ме разубеди. I love you too. http://www.youtube.com/watch?v=oLwccfUjdUk Our day will come, and we'll have everything...
наскоро ти е роденден, а ти незнаеш каде сакаш да го прославиш и знам дека ми завидуваш што имам срека во игрите на срека, ама што да правам кога ти ниту едно денарче не сакаш да потрошиш да учествуваш во некоја игра, стипса невидена си бе и не ми недостигаш ама ич-се прашувам дали да ти купам нешто за валентајн или не, и онака нема да те видам камо таа срека да имам срека во наградните игри-можеби автомобил ке добијам па ке ме молиш да те повозам малку повеке си го сакам мечето што ми е од тебе отколку тебе
Си го исќутивме денов денеска ама баш ни беше убаво. Некогаш помалку зборови значат многу повеќе. Ако секој збор што мислеше да ми го кажеш го претвори во бакнеж, многу си имал за кажување. Сакам кога си така зборлест.
Кога ќе ти покажам колку си ми недостигал? Знам дека јас си се поставив вака и јас сум си виновна зошто на почетокот требаше да ти покажам заби, наместо обратно.. но, помина многу.. Те гледам, но како да си ми далеку на дофат. Како да ми е забрането да сторам нешто. Проклети да се случувањата претходниов месец! Ама знаеш дека и ти имаш удел. Низ што се поминав, а си молчев за ти да бидеш среќен. Ме тешат твоите зборови кои ми ги кажа.. Тоа е всушност се што барам од тебе. Мир и спокој, како и досега. Сега знам како стојат работите.. И не менувај ги! Немој да си ја коцкаш среќата за помала добивка. Биди покрај мене, сакај ме, имај потреба од мене. Во овие студени ноќи сакам да си до мене, да те гушнам и да заборавам на светот. Не заборавај, довербата е темелот на сето ова. Ако почнеш да го нишаш, се што сме изградиле ќе се сруши.
На мојот веќе бивши, би му рекла оти не мора више да ме теши, оти не знае да го прави тоа. Уште повеќе ја упљаскува работата. И ако ти беше тој што ме познаваше најмногу, е сега ќе се насмеам на тоа едно убаво ... ... сум била во заблуда! Ти појма немаш за мене! Исто ко и таа што кажа дека треба да се прати на лечење! И двајцата само си ја игравте таа улогата што требаше да ја играте, но појма немате која сум јас. Само со една разлика, таа уште си ја врши нејзината улога, а ти твојата веќе не ја вршиш. И да, фала за убавите зборови упатени на нејзина сметка. Тоа ме утеши, да ... Многу убаво. Знаеш, постепено нема да знаеш ништо више за мене, ама баш ништо ... Јас веќе не планирам да зборувам со тебе. Таа надежта што си ја имаш, удави си ја. Јас сега ти викам дека е дефинитивно КРАЈ. И, знаеш зошто? Оти никогаш, ама баш никогаш не си ме разбирал, и не си знаел ништо правилно да кажеш. Ни другар не можеш да ми бидеш. Оти другарите не те нервираат, и знаат да те утешат. Јас тоа веќе од тебе не го очекувам. Ќе најдам некој кој наместо да ми вика - ех, ништо не е тоа, ќе знае да се однесува како треба. Ќе најдам некој кој после жалењето од моја страна, нема да му биде тешко да каже нешто убаво. Некој кој ќе знае да ме почитува. И некој кој реално, ќе ме сака. А ти, ти не си ова. Затоа, нема причина зошто уште да си ми во животот. Збогум!
Ех...читам за породување и ми залета умот...Ајде уште малце имам да дочитам...ама си замислив како би било кога би родила и после пораѓањето јас не можам да мрднам а ти си седнал до мене и си ме галел по главата,онака,за сигурност,додека спие бебето,а јас преморена... Ама многу фантазирам нели? И речи после дека не те сакам,глупчо еден...Можеби ќе го доживеам тоа некој ден...Надежта последна умира. Уффф многу читање ми дојде...од тоа ќе да е
зарем ти штедливко невиден, имаш 2000 денари сметка на мобилен и АМАН веке престани да се жалиш како немаш пари, ти требале за ова или за она бе воле едно, заработуваш 18000, мајка ти има пензија, татко ти има пензија, а што да речам јас што само со една плата живеам (малку поголема од твојата) а 4 луге сме дома и не се жалам ко ти кога ми кажа мајка ми колку е во минус на картичките, ке се онесвестев,ладен туш леле леле и пред да кажеш нешто РАЗМИСЛИ оти повредуваш бе гнасо една скржава