Кога ние се лутиме , тоа е нешто страшно потврди од најтврдиот камен сме ......како мачори гледајќи се и чекајќи кој прв да прозборе ......па книга ми читаш ми се праиш важен па тоа досадата наречена OFFICEEE ма трц и прц многу ми е гајле .....хахахха ок бев крива јас али мачор си невиден бре, аман бре.....а јас си правам кавги кавгоман сум знам па послее кога ќе ги опрчиш тоа мустајќите криво ми е ама устава побрза од јазик ми е лелелле комедии сме па ќе ти дам дали сакам лиснато и киснато се тоа ти беше фарса да се помириме
Се надевам дека некогаш ќе го смениш мислењето за љубовта. Се надевам дека ќе најдеш некоја која ќе ти покаже дека не си заборавил да љубиш. Јас ќе те гледам среќен од страна. Се навикнав на тоа. И да, прекрасен си. Буквално. http://www.youtube.com/watch?v=hDbUjraK6-Q
На овој ден пред една година ми стана дечко ...првпат се бакнавме Сега сето тоа е една бледа прашина одвеана од ветриштата на животот ...... Не попуштам да знаеш , нема да биде како што ти кажа дека јас прва ќе те побарам . !!!!!!!
Ај,молим те смени го бројот. Ништо нема да ти биде,ништо не губиш,само јас добивам нов телефон. Не е голема 'жртва', аман. Те сакам.
Посакувам дa можев да ти кажам колку те сакам, и дека ми е криво шо си со неа, посакувам се ова да е еден сон откој еден ден ќе се разбудам, и ништо од ова нема да биди вистина. Криво ми е, проклето ми е криво шо го напрај то нешто, иако се искаравме, ти е криво шо се разделивме или да?? ..Мене така ми делуваше или грешамм?? Ми рече дека никој нема да ме сака како шо ме сакаше ти, но сети се дека ти избрза ти се вери, Јас не напрајв ништо. И да си среќно разведен, јас не можам да ти простам ништо, гордоста не ми дава... Криво ми е, многу ми е криво сега ќе бевме 1 година заедно без никакви препреки, зошто ??? Зошто ова ЗБОГУМ не можи да биди еднаш засекогаш??? ЗОШТО?.....
А толку многу бев радосна за нас. Незнаев дека ќе те повреди толку многу ако отидам на ручек кај родителите на најдобирот другар. Извини незнаев дека си толку чувствителен и дека многу лесно избувнуваш.Ама барем сега знам што навистина мислиш и чувствуваш за мене.
Јас како така си продолжувам со животот....па не се врти светот околу тебе...вечерва можи ќе си излезам и знаеш што ќе си гледам убо да си поминам..ааа ти кога тогаш ќе сватиш шо изгуби и дека ниедна друга нема да те сака како шо те сакав јас..и знаеш што поубаво шо не ми пиши не сме еден за друг колку и да ми е тешко морам тоа да го признам..ова моја тага ќе помини..ќе ти докажам дека знам да бидам среќна и без тебе.. а ти слободно посветвај си песни со друга кој последен се смее најслатко се смеј чаоооо
Јас толку многу се трудам да ги разберам и оправдам твоите постапки,а тебе баш ти е гајле.. Јас зборам за тоа дека ќе бидам во градов до четврток а тебе тоа ти е супер и не го криеш истото. Јас зборам за себе а ти како да не ме слушаш ми расправаш за филмот кој го гледаш. И кога ќе речам нешто - претерувам. А ти си премногу уморен од обврски. Навистина? Знаеш дека ми се одмилуваш? Колку би сакала да ти кажам дека ми се одмилуваш, но ти ништо не би разбрал,зарем не? Епа не знам и не можам повеќе. Од сега нема да чуеш збор од мене. Пак ќе се сведеме на лаконските одговори кои ти пречат а никако да се погрижиш да ги снема. Ма е се!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Јас морам да упатам една порака до една пропуштена шанса која никогаш нема да ја прежалам алијас мојот бившо-најдобар пријател. Т. ти ми беше сродната душа со која требаше да останам до крајот на животот, онака филмски, драматично со доза на патетика, ама што е така, така е. Жал ми е што не го видов тоа на време, што се разминавме на најглупавиот начин и што бевме „на погрешно место во погрешно време“. Се надевам дека сега си среќен со неа, ја заслужуваш сета среќа на светов навистина, не го кажувам ова колку само да се каже туку навистина и го мислам. И ми фалиш, како другар пред се, ти ги делеше најдобрите совети и секогаш беше искрен со мене, колку и да беше болна вистината. Сега по толку време, кога сретнав секакви идиоти и шупаци, сфатив колку само требаше барем да пробаме, пријателството ионака ни пропадна. Ама можеби и подобро е вака, си се помниме по добро, ако ме прашуваш мене по најдобро, ти беше еден од најдобрите периоди од мојот живот, а животот е долг и можеби има време и за нас, можеби овој пат ќе бидеме на вистинското место на вистинското време. Иако сум со „љубовта на мојот живот“, пак ти ми требаш.
Денеска, кога сакаше да ме прашаш нешто и кога застана позади мене и кога го осетив твоето тело припиено на моето, кога се завртев да те погледнам,а ти беше веднаш до мене, кога го осетив твојот прекрасен мирис...заборавив на се што мислев досега за тебе-и на тоа дека сум out of your league, и на тоа дека можеби и ти не си за мене, и на тоа дека можеби твоите намери не се искрени...Прави што сакаш со мене, премногу ми се свиѓа се што ми се случува со тебе за да можам да те одбијам
Нека те води патот на Животот, бегање нема. Ги помина сите препреки сега чисто можеш да продолжиш безразлика дал со мене или без мене, јас сум тука наоколу..
Не очекувај после ова што ми го кажа денес дека ке останам иста Успеа да ме изнервираш толку многу што бев на раб на плачење.Разбирам дека сакаш да помогнеш и на другите,ама сети се и на мене....Ништо не ми значи тоа што ми кажуваш дека ти фалам
Иако не вреди да пишувам или зборувам било што во врска со тебе, еве што имам да ти кажам за последно. Не ми е жал што ми беше прва љубов, што ми внесе посебен мирис во годините, што ми ги обојуваше деновите и ноќите и ми предизвикуваше тахикардии, непреспиени ноќи и ноќи во кои сум измислувала топла вода. Жал ми што не се разделивме со добро и што дозволив да се надевам без основа, ама за тоа сум си сама крива, не те обвинувам тебе.Што се однесува до последните зборови што си ги рекол за мене ќе ти кажам дека беа погубни за се што некогаш сум чувствувала за тебе. Те отсакав во делот од секундата, а се мачев толку години да престанам да те сакам. Изгледа кога толку многу вложуваш во една личност и кога те боли повеќе тебе отколку него, доволно е да каже една таква глупост каква што си кажал ти за да те пресече од корен. И знај дека се што било позитивно како чувство што сум го имала за тебе сега е негативно. Ако еднаш беше џин за мене сега си 3 метри под земја. И не постоиш, не допираш до мене повеќе. Се спасив од тоа гнасно, отровно нешто што го имав за тебе, што ми го тровеше мозокот а тој пак упорно му велеше на срцето, не ти го сакаш него. Глупо срце, уште еден доказ дека не смее да му се верува на мозокот. И денес верувам во твоите зборови дека јас сум предобра за тебе затоа што драги , можеби не сум убавица од бајките ама сум човек и никогаш не би рекла такво нешто за било кој, посебно кога не е вистина. И верувам дека ќе најдам некој кој ќе ме сака и почитува и кој на секоја моја добрина ќе враќа со три. И благодарам за сите работи што ги научив благодарение на тебе во последниве месеци. Ти беше моето најголемо школо. Ме научи да се ставам самата себеси пред се, да не жалам за некој кој не ја заслужува мојата љубов, да се стремам кон подобро и да не дозволам никој никогаш да направи да се чувствувам помалку вредна од тоа што сум. Ах да, и годините минуваат и бев сама и осамена и можеби сеуште ќе бидам ама, знам дека еден ден ќе се исплати.
Каква среќа имав јас да те најдам тебе? Не, не викај дека не те заслужувам. Никој во животот не се грижел толку за мене. Никој не направил ни најмал дел од тоа што го правиш ти. Ех, пиле мое. Фала ти. Искрено, ти ме крена на нозе, твојата грижа. Знам дека и самиот го знаеш тоа, а знам и дека не признаваш. Што и да се случи, кај и да не однесе судбината, верувај... ова никогаш нема да ти го заборавам