Дали е љубов, дали е навика? Што и да е, ми го разубавуваш денот кога изненадно ќе ми се јавиш сабајле, ќе ме разбудиш. Што и да е, сакам ова да трае.
Не знам што е повеќе не знам дали сакам да ти раскинам а длабоко во себе знам дека не можам и не сакам или пак само онака си замислувам зошто во последен период ми е досадно само спиеш и не ме сакаш многу не знам може и таков е периодов мрење ,тиња не знам бе па мука ми е секој ден веќе секој ден а ти тоа не го цениш не знам . Сакам да се подобри сакам човеку разбираш ли ? МОра да бидеме ок зошто нема да можам ..
Мислев дека те избришав, мислев дека ќе ми биди сеедно како што ми беше секогаш, мислев дека нема да боли, ама боли. Се гушам, ми се лоши, а не можам да заплачам и да извадам се од мене. А тој е тука до мене, ме мази и ме пази, му значам знам и ветувам дека до вечер ќе се опоравам од тебе и ќе уживам со него. Ти и онака не ме заслужуваше и онака не можев да се замислам со тебе, но не знам зошто боли. Проклето многу. Биди среќен. Јас само сакам да заборавам на се, да немам ниеден спомен од тебе, да ги замрзнам спомените и да не се сеќавам, да не воздивнувам кога ќе те замислам, да не ми значи ништо твоето име кога случајно некој ќе го спомни, да престанам да се борам со самата себе да се почувствувам повторно слободна.
Не знам што си мислиш со таа твоја црпка понекогаш ама знаеш да ме извадиш од такт со една проста ситница. Колку што те сакам, ете толку многу си глуп!
Конечно, сонце! Не ти се обраќам на тебе со сонце туку се радувам што конечно сонце не огреа нас. Ти ме имаш мене и јас те имам тебе, е тоа беше тоа што се бараше. Уште не има, уште сме тука, и уште сме обострани што е најважно. А најмногу од се, сакам да ти кажам дека ТЕ САКАМ, и сакам веќе да имам храброст да ти го кажам тоа во лице. И да ја дознаам причината зошто не ти го кажувам воедно. Чудно е времево и чудни сме ние, ама навикната сум, впрочем ќе се чудев да бевме нормални. Нема снег за нас сепак, пролетта е во душата. Јас и ти не сме ние, ама сме едно, и никој нема да не сфати, ама и никој нема поим колку не ми е гајле за нив. О не знам дали си свесен дека ќе те силувам кога ќе дојдеш .
Мразам кога изигруваш ладен тип на кој воопшто не му се допаѓам.Мразам кога гледам други девојки околу тебе.Ме нервира тоа што не сакаш да го направиш првиот чекор и чекаш јас да го направам тоа. А нема да го направам,бидејќи ми е страв и срам. И се надевам дека вечер ќе те видам и ќе те гушнам,онака школски и другарски де. Ми се допаѓаш премногу,најмногу од сите во овие 7 месеци,капираш?!
Еден ден не сум те видела, а веќе ми недостигаш. Не требаше да се заљубам. Не беше планирано. Сега ќе трпам, што друго ми останува. Иш љубов, иш.
Ајде гушни ме ова ми личи на добра причина да се предадам и стиснам во тебе http://www.youtube.com/watch?v=-46b8yvF2cw
[СДК] Сакам да кажам... Дали понекогаш ти се свиваат сеќавањата од миговите кои ги имавме? Се насмевнуваш ли кога ќе помислиш на мене? Којзнае колку си се изменил сега. Дури и моментите во кои сум била тажна поради тебе сега ми се смешни. Понекогаш ми недостигаат нашите караници, но тоа е сосема нормална работа после таа прва љубов, нели? Таа, најсмешната, најчудната, прилично-искрената. Всушност има една работа која никогаш не ти ја кажав, а сега би било и глупаво да ти ја кажам откако и двајцата се разделивме, се преселивме па и си најдовме нови партнери: Се гордеам со твојата упорност. Со тоа што издржа толку работи поради нас. Со тоа што знаеше да ме сослушаш колку и да бев досадна. Јас сум сега среќна, повеќе од среќна. Имам се што ми е потребно за да се радувам. И благодарна сум за тоа. Не те сакам повеќе. Всушност, можеби и никогаш не сум те сакала. Но има една работа за која сум повеќе од сигурна : Ти ме направи подобра личност. А зарем тоа не е прекрасно? Ајт, се сетив на тебе вечерва поради еден статус што ти го прочитав на фејсбук. Ма, дечко, ти си едно од најубавите нешта кои ми се случиле во животот. Ти посакувам многу,многу,најмногу среќа, најмногу љубов, некој што ќе ти пружа радост и топлина постојано. их, ќе ми капне солзичка од што ми навреа тие убави моменти кои сме ги поминале заедно. Ете така. Сега чаосно.