Веќе и сама незнам шо да кажам... Абе џабе и да кажам...Веќе ми е преку глава се.Или ќе направиш и ти нешто или пропаднавме,готово.ЈАс кревам раце.Не можам поќе,се уморив.САмо ќе си чекам.Шо вика Ади,само чекан да не ме мани.Ама знај,нема вечно да чекам,планирам и јас да си го средам животот,не само ти.Треба да мислам после и за работа и кај и со кој ќе живеам.Прекини да бидиш себичен! Ете тоа не доведе до овде...Себичен,самоуверен и тврдоглав.Е ај да видам до кај ќе тераш така... Направи нешто додека сеуште можиш!
Кажа дека ке се јавиш, нигде те нема.. Веќе сеедно ми е верувај, толку траеше загреаноста за тебе прави што сакаш, нема да терам инат ама сеедно ми е
Песната се' си кажува. http://www.youtube.com/watch?v=ZYZYqkAM9uI In a haze A stormy haze I'll be round I'll be loving you Always, always Here I am and I take my time Here I am and I'll wait in line Always, always
Не сум ти тебе лута, зошто би ти била? Ти беше нормален пред да ме запознаеш мене. Ова се само последици од моите постапки, ништо повеќе, јас те направив ваков.
Јас ако молам тогаш ќе се вратиш...епа не молам дете свати јас не пишам прва ти пишиш шо значи неможиш без мене..јас колку толку издржвам...јас не згрешив за да молам..ќе се акам од земја ќе плачам ама да молам никогаш па знаејќи дека за ништо не сум крива..офффф
Спојлер Јебем ти матер! Екс Само се надевам дека ќе дојде ден кога ќе ме молиш и работите ќе се свртат!Јас со тебе фино,културно,а ти помочко ??! Ме тераш у пм Ејј незнам дали си слушнал за КУЛТУРА! Простак ни еден! А ти па дебел?!? Ти пишам од вчера,колку ми фалиш и се тоа и не ти е страм после се тоа што го имам испишано да не ми вратиш ни со смајли ? Божееее
Love is all that I can give to you ... А ти давам уште еден куп други работи, разбирање, поддршка, толеранција, трпение, доверба, утеха, тука сум во било кое време за тебе ... Само на едно прашање одговори ми, зошто, зошто по ѓаволите ја злоупотребуваш мојата добрина? Некој ѓавол од внатре ли те тера така да се однесуваш, до психа ли е што ли ти е не знам, не разбирам, и губам сила. Мислам, за што се извини овој пат? За тоа што во најтешкото не можеше да одвоиш две минути? За тоа што во најголемата болка ми спушти? За пеколниве поминати три дена? За се што ми приреди во Јануари? За што се извинуваш? Кажи ми, затоа што не е една работа на списокот, да знам барем што да шкртнам. Ниту нешто ти е забрането, ниту барам од тебе кој знае што, и не разбирам како можеш да ми речеш ти си ми се во животот, а некако со делата друго да покажуваш. Или не знаеш да покажеш, или си неискусен, недоквакан, непрокопсан, не ни знам кој збор да го употребам, или не знам што е работата. Не знам зошто ако се тргнам од тебе правиш се и сешто да не ме изгубиш, штом простам по одреден период пак стануваш рамнодушен. Дали ти станува досадно затоа што сум добра? Затоа што на твое а јас на, затоа што ти ваму јас ок таму? Дали треба да се преобразам? Што да сторам повеќе не знам, навистина не знам. Мислам не викам да не се караме, нормално е да се караме, ама смаено ми е од нашите кавги. Или тече мед и млеко, или пукаат громови, се кршат телефони, се урла, се навредува. Последниот пат работите што ги кажавме ... па ајде да речам дека уште ми тежат и ме жежат. И навистина ако денешново јавување и муабет ти беше со најдобра намера, тогаш слободно можам да кажам дека врската ни оди во правец пиши пропало. Среќа што знам дека не ти беше повикот со таа намера со која ми рече. Со години сме заедно, сериозно мислиш дека не знам кога лажеш? Сериозно ли? И се обидуваш со мојата психа да си играш ... не ме зезај човеку. Мука ми е веќе. Над главата ми тежат триста други проблеми, зошто си ми додатен проблем? ОД тебе се бара само да бидеш добар, а не идиот... знам дека ме сакаш верувај ми не сум се посомневала, ама сакам да знаеш тоа да го покажеш, како што јас знам да покажам дека твојата среќа ми е побитна од некои други работи. А дали ти сакаш да ме гледаш среќна? Кога последен пат си направил нешто за да си речеш, еј чекај ова ќе биде за мече, да ја видам како ми се смее како што знае само таа ... кога беше тоа паметиш ли? Или сега јас кога сум во најголемата болка не можеш да излезеш, гости имаш? да ти се случи тебе нешто јас ќе истрчам и не знам кај да сум. Тоа е малата разлика помеѓу нас, што јас давам се, а ти си себичен кога се работи за љубов. Затоа што знаеш дека сум тука, и ја пружаш само кога сум на работ да прекинеме. Ако навистина ти значам колку што викаш, научи се да го распоредиш убавото однесување за постојано, не само во разделбите, и ќе имаме многу ... Не ме терај да бидам идиот, не сакам и не сакаш, а знаеш дека можам. Имаш 23 години, ако навистина не можеш без мене почни така и да се однесуваш. Нема да трпам повеќе да ме шуткаш и да не бидеш тука кога ми требаш, и да не можеш 5 минути да одвоиш, а на две минути живееме, никогаш веќе не прифаќам ни еден банален изговор ... Ако навистина не сакаш да ме изгубиш, ако насолзените очи не се лага ... освести се те молам. Пред навистина да биде касно, затоа што јас сум само човечко суштество ... и се што ти пружам тебе, можеби ќе се најде некојд руг што ќе ми го пружи мене... Тогаш нема да ме боли, затоа што нема да е љубов ... А љубовта боли, со тебе тоа милион пати си го докажавме... но кога болката на вагата ја победува љубовта сиот труд е џабе ... Епа не дозволувај сиот наш труд да е џабе. Љубовта е игра од двајца ... не сакам да ја играме сам по сам затоа што те сакам, исто како и секогаш ... исто како и првиот проклет ден на скаличките кога за прв пат ми ги допре усните ... и беше зима ... можеби затоа и зимата толку ја сакам ...
Спојлер http://www.femina.mk/забава/видео/видео-романтичен-предлог-за-брак-на-плоштадот-во-скопје Некогаш, нешто слично?