И знаеш што? Она што најмногу ме прави среќна е кога после сите насоки кои ти ги давам, силно ќе ме гушнеш, со значење "Среќен сум што те имам"
Знаеш што? Нема да биде по твое, и крај. Доста беше, заради тебе имам страшна главоболка, научи да се контролираш еднаш засекогаш!
Ти и јас, тоа нема да биде. Знаев. И знам. И денес го увидов тоа. Повторно. А, ми значи. Твојата насмевка. Твојата прегратка. Твојот поглед. Кога си намуртен. Кога си расположен. Како го изговараш моето име. Те сакам. А, ми требаше долго време да си признаам. Нема да ти кажам. Нема да кажам на никого. Тоа ќе си биде моја мала тајна. Ќе те гледам. И ќе се радувам. За тебе. И за неа. Не и’ љубоморам. Знам дека ти значи. Знам дека и’ значиш. Вие двајца. Одлично си одговарате. Не сакам да се полнам со патетики. Ниту ми е срце скршено ниту душа ранета. Ти си со мене. Во мисли. Доволно ми е. Те сакам. Неописливо многу.
Знам дека не ти е досадно да ме слушаш како ти викам дека `Те сакам`. Знам дека знаеш дека те сакам, ама не верувам дека некогаш ќе дознаеш колкава е мојата љубов кон тебе. Знам дека колку и да ни е добро во врската, пак ќе се сомневаш и пак ќе ме прашаш: `Абе ти ме вараш?` Ваљда ОЗБИЛНО ама баш озбилно, не го помислуваш тоа сега ... не сега кога сме поминале све и свашта, од брда и долини до рајот, од препирки до воздишки во кревет, од љубов до казна. Малку се зборовите `Те сакам`. Малку се чувствата да ти ги ставам на тацна и да ги одмериш колкави се. Ваљда тоа што се топам кога те гледам, тоа што ти легнувам на рамо и ти ги впивам зборовите, ваљда тоа што те гледам во очи и молчам, тоа што на сред секс ти кажувам дека си ми се, ваљда тоа што твојата прегратка ми е најтопла, и сакам да се будам само покрај тебе, ти значат повеќе од `Те сакам`. Вреди милион пати да ти кажам `Те сакам` затоа што со цело срце го изговарам тоа.
Е значи каков си чудно е знам јас ако ти така мирно збореше ти не збориш мирно ти се лутиш со молк така и беше ама кога почнав јас прозборе како може да си помислиш на такво нешто м ? Зошто не ми веруваш бе не би те лажела тебе посебно не за ова па како бе алоо и виде дека ме смири одма без гушкање без бакнежи гледаш колкаво влијание имаш врз мене а ? Една другарка му рекла на дечкото ти си дел од мојот живот а не мојот живот ама она таква е така и размислува јас не јас сум сигурна и знам дека ти си мојот живот зошто да не бидеш кога си ? ? Те сакам и не те пуштам и ти како што рече моја си и крај !
Сакам да ти признаам,но КАКОО ?!?! КАКО ?! Се фрлив во вода,а ЗОШТО ?!?! -Барем да имав одговор! Те Сакам..несакам да те повредам,не беше намерно...незнам што ми беше..не те заслужувам Предобар си,се што парвиш го правиш на најдобар начин,ти си моето сонце..но овде повеќе нема зраци за мене бидејќи бев глупава,друг одговор немам Самата неможам да си простам,затоа тоа не го ни очекувам од тебе...Се каам искрено,но залудно е..нема враќање назад,штетата е направена...ќе те загубам..знам..
на сегашниот сум имала и други занимации, па не сум јас ти бе да седам дома пред тб е што треба според тебе да те чекам за секое излегување, или сакаш една специјална покана ми одиш на нерви да знаеш, и мислам дека свати вчера што сакав да ти кажам, така да пази што правиш на бившиот што ми е гајле мене за твојата поранешна снаа со кого се омажила и сл и НЕ МИ Е ДРУГАРКА ниту ми била, ниту ке ми биде, и не си го замислувам МОЈОТ живот ко неа, и незнам веке колку пати сум ти кажала дека НЕ САКАМ да се омажам, ако толку сакаш ти ожени се-на времето ти беше опсесија женачка со мене, штета не се случи па да видиш ти како ке леташе за партали на улица при првата караница(за да сватиш дека не треба да си ја бараш бељата) и не ми пишувај некои љубовни пораки што НЕ ДОПИРААТ до мене аман веке РАЗБЕРИ МЕ кога ти зборувам
Водам инает со мојата гордост. На секое нивно прашање ’ Би се вратила ли со него?‘ одговарам со ’ Ма, нема шанси, не.‘ Но, длабоко во себе посакувам пак да сме заедно. И знаеш што, секогаш кога си пишувам со тебе или кога те слушнам, бликам од радост, си го чукам срцето како забрзано ми чука. А, ти секој ден ми пишуваш, но знам дека ништо не чувствуваш, ни барем мал трепет на твоето срце. И денес кога те видов, ќе ми излезеше срцето. Штета што се брзав и не ти се доближив за повторно да го осетам твојот мирис. Толку многу сакам да сме заедно сега. И не мислев дека ќе го кажам ова, ама ми фалиш, најискрено.
Нема да ми недостасува ниту твојата насмевка, ни твојот глас, ни твојот поглед. Нема да ми недостасуваш ти. Ќе си недостасувам себеси онаква каква што ти ме правеше додека бевме заедно.
Одбра кафе преку мојата бајадера?! Е па не знаеш што пропушташ! А јас со толку љубов ја одмрзнав... Знаеш дека во однос на готвењето, главна сум за делот наречен „дегустација“.
Некогаш чувствувам дека што и да ти кажам е џабе, исто како што ти чувствуваш дека се што правиш е џабе. А понекогаш навистина е така ... џабе е, џабе ми викаш те сакам откако ме повредуваш, џабе ми викаш ми недостигаш кога со постапкие рпавиш да мислам нешто друго. Не го сакам твоето лице кога ќе ти речам дека џабе е се, ама длабоко во мене се крие страв дека можеби стварно е така. За мене љубовта е едно, а за тебе е друго. Мака ми е веќе да пронаоѓам заеднички јазик. Научи да се однесуваш со девојка, читај, зборувај со некој, гледај ... не знам како, најди начин, ама научи. Нема јас да ти кажувам и укажувам постојано. За мене љубов е да мислиш дека без некој не можеш, да сакаш тој некој постојано да го гледаш среќен, да сакаш да го гледаш како се смее, и да правиш се за да ја видиш таа насмевка, тој некој треба да ти е се, да е твоја друга половина, да можеш се да споделиш со него, да си ја соголиш душата сосе последниот слој на чувства, да сакаш да ја гушнеш баш таа личност во најтешкото, да направиш некоја жртва, не да заколиш крава да жртвуваш, ама еднаш еднаш во сите години да им речеше не на другарите па да не ми е криво, зошто јас постојано да сфаќам се, сфати ти еднаш што сакам јас. Сфати дека од 9 до 8 бев надвор од дома преморена бев, а пак се спремив да се видиме за да ми речеш не можам да му речам не... не можеш само нив, а можеш мене ... и кое ти е извинувањето, знаеш дека те сакам не можев не да му речам не се лути. Не може човеку. И јас имам другарки, и јас се сфаќам како е ама мука ми е. Што денес сакав да се мушнам со тебе под кебе, да лежиме и да ти зборувам, да ме галиш и да бидам со тебе на целиот умор, а ти ... а ти не знам. За една врска да функционира како што треба треба секој ден да се работи на неа и да се вложува во неа, јас сум веќе all in, треба да правиш некои отстапки и жртви, да правиш некој баланс, некоја рамнотежа помеѓу ова и она. Јас сум цело време на факултет и пак наоѓам време и за тебе и за другарки и за домашни и за комшии и за се, а ти си цело време дома и ... и ништо. Можеби јас грешам, не викам не, можеби не треба да е така како јас што сум замислила, ама сеедно, ако не со тебе тоа ќе го најдам некогаш и негде со некој... нема да трпам да ме шиткаш за овој или оној на договорено, нема да трпам да не се јавиш два дена, нема да трпам, нема и нема. Гајле ми е колку сум инает, гајле ми е колку сум тврдоглава, гајле ми е колку ги правиш жалните фаци, гајле ми е за се. Уште малку три години како сме заедно, поточно 6 ако гледаме по стар календар, и колку што те сакам, понекогаш толку и те мразам, те туркам од себе, а не можам без тебе. Разбери што е тоа врска, сериозна врска, ти кажав, и ти кажувам и тука ... или се ќе се среди и ќе биде не онака како што сакам јас ама како што треба, или можеш од сега да пишеш пиши пропало. Јас не сум идиот, престани да ја користиш мојата добрина, затоа што и кога ќутам многу работи кажувам ... женската тишина е најопасна. а има тишина и тишина, и ти кај мене знаеш да ги препознаеш ... не сакам утре кога ќе се видиме да се доведам во ситуација да бидам тивка онака, знаеш како. Мука ми е и од обратни психологии, и од спуштања, и од карање, и од глупирање. Се ми е прекипено. Наредниот пат кога ќе направиш нешто како вечерва, или кгоа нема да се јавиш два дена, или нема да вратиш на порака, или ќе ми спуштиш слушалка, рачунај дека се ќе се промени. Можеби болката ќе биде енормна, ама вака повеќе нема. И да, гајле ми е што не пишуваш пораки, ќе научиш. Така како што јас за тебе научив да се контролирам, и си ги редуцирам лошите навики ... направи и ти една жртва, покажи и докажи колку ти значам, од денес секој збор што ќе ми го кажеш е џабе ... џабе додека не го докажеш! Јас не се опуштам повторно, додека не видам дека се трудиш доволно, и додека не почнеш да се отвараш, јас не сакам дечко камен, јас сакам дечко маж, да знае кога треба да покаже емоции, кога не, да знае да заплаче, а и да се насмее ... Знаеш како во филмот ... кога тој се жалеше на пријателот, не знам што да сторам ја сакам повеќе од себе а не можам да ја усреќам, што треба да сторам? одговорот: едноставно сакај ја ... Епа едноставно, затоа што јас знам дека ме сакаш, тоа и покажи го, како јас што покажувам секој Божји ден! ги приметувам ситниците што ги правиш, а и големите работи, не викам не, ама не сакам тоа да го правиш откако ќе ме повредиш или налутиш. Треба да сакаш тоа да го правиш, да го посакуваш и да го чувствуваш, не ти барам кревет послан со рози, ама неколкуте ситници можеш да ги исполниш ... не се сносам повеќе со твоите периоди. кога ќе споредам колку јас вложувам во врскава и што се правам за да успееме со тоа колку ти вложуваш и правиш... не можам ни да зборувам веќе, можеби е себично, а исто толку е и реално, а исто толку и ми е сеедно, но малку ми е ... Или биди 23 годишен маж и однесувај се како што ти долекува за годините а и за сериозноста на врската, или можеме да си кажеме збогум. А сега убаво помини си со другар ти, и не се секирај не се лутам.
Втора шанса ? ! Потребна ли е ? Како однапред да знам дека е изгубена , но сепак ти ја должам ... Нека ја биде вака овој пат , кога маслото и водата ќе се спојат тогаш и ние ќе профункционираме . Ок ќе се потрудам да биде добро . Приспособи се на мене ! Поинаку нема да може .