Многу беше мил и нежен вечерва, те сакам, а знам дека ти мене уште повеќе што ме прави во овие моменти најсреќна и поскакувана односно го обожувам ова чувство
После цела недела ќе те видам ах колку се радувам на средбава, исто како да ни е прв состанок најубав мој
Знаеш, кога си дозволив да го отворам срцето, бев свесна дека ќе те сакам и по цена на голема болка. И тешко ми е кога гледам како се средуваат работите, како се она што не кочело веќе не е пречка, а не можеме да бидеме заедно. Не знам веќе што е најдоброто за нас. Истрпев без тебе еден месец, а сега кога треба уште малку, не можам, зашто си ми толку близок. Кога те гледам сфаќам дека само ти си ми доволен за да сум среќна. И кога ти гледаш дека сум станала поблага, со мирен тон ги решавам проблемите, и ти се менуваш. И токму тоа ме боли. Што може да биде толку убаво, а сеуште не смее. Не знам, можеби ќе биде најпаметно да ти кажам да не ме бараш засега. Иако ќе те мислам и ќе полудам од грижи, поинаку не можам. Сакам да си до мене, а не можам да ти го кажам тоа. Зашто не знаеш да си ги контролираш чувствата. Не сакам да ја зафркнеш работата ради емоциите. Морам да те оставам уште малку. Како ќе издржам, не знам, само знам дека си дозволив толку бесконечно да те сакам и не ми е криво дури ни да патам. Само ме плаши кога го гледам твојот начин на размислување. Толку си добар, што се плашам дека нашата среќа ќе ставиш позади среќата на другите. Сакам да бидеш малку посебичен и да гледаш за нас. А воедно, толку ја љубам таа твоја добрина, таа способност да простиш, да помагаш....Те сакам!
Многу си чуден,незнам што да мислам повеке???????Ке те послушам уште овај пат и ке стегнам заби ке почекам....Дури сега ке докажиш навистина што мислиш и каков си......
Од денес официјално решив, моиве чуства за тебе да ги оттргнам, и да почнам да те гледам ко другар, ко ти мене. На сам чекор сум кон успехот, и така и ке остане . Епа драг пријателе ти честитам за новото пријателство . Ветувам дека ке ти бидам верен и лојален пријател Имај убав ден
Ама колку и да се обидуваш дека си студен , ‘‘лош‘‘ кога ќе ме погледнеш во очи застануваш. Не се жалам повеќееее никогаш повеќе убаво е нека остане доста е веќе со лоши мисли ова го кажувам по 10000000 пат помина најлошото што може полошо да биде ?? Се приближува пролетта ајде да бидеме среќни и весели . Те обожавам