Просто не можам да поверувам дека дојдовме до тука. пресреќна сум што те запознав. Си ги имав и јас тие моменти додека се да се среди, и прости ми за истите. Знам дека најтешко од се е да разбереш човек во таква ситуација. Не знам што би правела ако си заминеш. Денес секој твој еден бакнеж ме навраќаше во детството. Гледајќи те и седејќи покрај тебе на сонцето, ти мирисаш на дете. ах, да знаеш само колку те љубам. Да знаеш колку многу те љубев и во оние моменти кога одбивав да го признаам истото. Душа моја најмила, одвај чекам да те гушнам повторно.
Оф,стварно не ја видов пораката,знам дека ќе си речеш оваа ме избегнува,дека си немаме пишано 2-3 дена,па сега уште и не ја видов,а ти чекаше да ти вратам...има да те чекам до 3 да се прибереш,да си пишеме....ах,ептен глупо се осеќам,ептен
Аххх да не си ти шо би праела јас со ваков свет полно со лоши и неразбрани луѓе...Те сакам и знам дека не си ти за ништо крив
те сакам!многу,многу,мнооооооооооогуу... не ме интересираа тие двајцата, не знам зошто се мрштеше така? Ама прост си што сакаш се на готово, ајде не биди толку горделив машко си да му се плукнам ! Spoiler те сакам м н о г у!
Сега сфаќам дека навистина сѐ што човек посакува, може да го добие. Ако намисли да го измени другиот, треба да се промени прво себеси. Додека порано не можев да ја смислам таа твоја потреба да ти кажувам колку ми недостигаш, колку ми значиш, сега го правам со радост. Зашто така чувствувам дека треба. И не е полошо, туку напротив подобро. Ми се допаѓа тоа што сето она што го бараш, го нудиш за возврат, свесен дека истото ти се пружило и не треба човек да те потсетува дека треба да го направиш. Бараш, но враќаш десет пати повеќе. Сите твои мани кои сум ги мразела, сите твои испади, сега повеќе не ми сметаат. Зашто научив на кој начин да одговарам на нив и да не те повредам, а ти кога ја гледаш мојата смиреност, свесен си за своите грешки и се извинуваш. Брзо созреавме, зар не? Паметам кога бев детиште, толку многу ме сакаше, што го поднесуваше секој мој груб збор со молчење. И кога ќе ти се извинев, велеше - "Уживај, те сфаќам." Не ти беа потребни зборови, ниту објаснувања. Беше толку искрено детенце, што кога ќе ти ги видев тие очиња како ме гледаа, се мразев себеси што не можев да ти вратам на чувствата. Ама издржа толку години. Се бореше и се бореше и ниеднаш не ми плесна колку си направил за мене. Остави сама да видам. Ниеднаш не ми укажа на грешките. Сега кога ќе се потсетам колку шетавме во парк во тишина, а ти ме сфаќаше подобро од било кој, се прашувам како не видов што имам до себе. Долго се сомневав во тебе и твојата искреност. Но, кога гледам како се однесуваш и со другите, кога гледам дека си подготвен да вратиш на луѓето кои те предаваат со добро, сфаќам колку голем човек си, И отсекогаш си бил. Мислев јас ќе те поттикнувам да бидеш добар, ама ќе да е обратно. Имаш толку многу љубов во себе за сите, а себеси се ставаш на последно место. Колку и да не те ценат, ти не се откажуваш од луѓето. Милион лоши работи да ти направат, а една добра, неа ќе ја паметиш. Дури сега гледам каков си навистина и сфаќам дека го добив сѐ она што го посакував. И кога ќе дојде нашето време, не те испуштам од раце. Порано гледав што можам да добијам од тебе...љубов, внимание...сега гледам што можам да ти дадам. И работите се менуваат. Кога човек мисли само на давање, сѐ добива назад. Мило ми е што си толку сигурен во мене, што гледаш дека созреав, што конечно сум она што го посакуваше за себе. Убаво ми е кога ми велиш дека само јас сум ти доволна и дека си среќен со мене. И додека бев она мирно девојче што чекаше ти да го направиш возрасна жена со насоките и советите, сега станав токму тоа. Без твоја помош, без да чекам некој друг да ми го средува животот. А уште помило ми е што конечно ме сметаш за дорасната и чувствуваш потреба да чуеш и мој совет и мислење. И на крај да ми кажеш- "Во право си." Душата ми се полни. Сакам да се грижам за тебе, сакам да ме чувствуваш како дел од себе. Сакам да ми кажуваш убави зборови и да ни ја планираш иднината. И да ми кажуваш како отсекогаш си сакал да завршиш со мене. Некогаш се прашувам со што те заслужив. Навистина не знам, ама ќе се потрудам да те задржам. Нема да си играм со твоите чувства. Веќе немам ни потреба да играм игри, да глумам гладна. Веќе ни ти немаш потреба да ме правиш љубоморна. Убаво е што првенствено гледаме да не се повредиме еден со друг, нели? Убаво е што себичноста и гордоста веќе не се дел од нас. Убава е оваа приказна што ја делиме. Убава е и сета болка што сме ја доживеале. Убаво е кога знаеме што ни значат погледите, тишината...Знам дека никој отстрана не го разбира нашево, ама мене не ми е гајле. Само јас знам што си направил за мене. Оние што не те познаваат, ќе направам да те запознаат и да се каат што не ти дале шанса и ми го труеле мозокот против тебе. Ти не си заинтересиран да им докажуваш на другите, не те интересира туѓото мислење. Но, јас сакам да видат колку голем човек си. Ама твоето срце е само мое. И ништо друго на овој свет не ми е важно. Сѐ додека те имам, не ми е битно што друго немам во животот. Којзнае колку се чудиш за мојата промена. Не сум виновна јас, Бог ја всади таа љубов во моето срце. Ќе те направам среќен, мудро ќе ги избегнувам кавгите, ќе ти ја докажам љубовта. Не сакам да биде во идно време, ама ќе почекам. Морам, за нас. Фала што и покрај сѐ што направив, не ја фрли во вода твојата љубов. Ти се восхитувам на силата која ја имаш, а за која не си свесен. Секоја чест на борбеноста и упорноста. Фала што виде нешто вредно во мене Ќе те чекам и ќе издржам, за нас.
И што разбравме? Пак ми ја размрда утробата со серијата вечерна гимнастка, салто бре - стомачножелудечно салто - да бидеме на чисто! Еве, јас признавам дека се испозатрескав до коски, а ти како сакаш.
Што и да ти кажам ти нема да разбереш ,не оти си глупав туку оти не сакаш да разбереш.....знаеш сеуште потајно се надевам и верувам во убавите работи кои посакувам да ми се случат со тебе ,дека ќе дојде денот кога двајцата ќе се искрадеме од градов,ќе заминеме на еден убав викенд далеку од сите и од се .
Навистина е убаво што ТИ си си ТИ, а ЈАС секогаш си го имам она ЈАС. А толку се радувам што двајцата заедно одлично функционираме/живееме/дишиме/радуваме/доживуваме како НИЕ. Те љубам.
Рече ќе ми се јавиш,ќе ми пишеш порака,еве те нема...ајде оди таму у Св.Николе,не се занесувај многу,чим требало да одиш со твоите,тргај и не им откажувај за да испаднеме,секако не планирам ништо да направам со тебе вечер Се надевам дека си отишол веќе и убаво да си поминеш
Нашава љубов е луда, зарзно луда... се сакаме, не сме заедно, а секој ден се гледаме, се слушаме по 2-3 пати, ус пат порака некој луда... нас врската не гуши изгледа целата таа формалност, сакаме и јас и ти некој чудна слобода... несакам формалности, уфтитиљесност, строгост. Сакам да сум луда со тебе, ти таква ме правиш. http://www.youtube.com/watch?v=rv4KaSHO8LU И целава песна ти ја пишувам и посветувам, целосно.... нема нешто што ни ја опишува повеќе состојбата... луда но искрена...