Ахххх колку е убаво така, на нишалка, под ведро небо...уште да ме задржеше покрај тебе, па да ти бидев најубава невеста ќе немаше ко тебе ајде ќе си почекам јас...уште малку...
Се извинувам што улетувам овака, ама и јас и ти Кате и Иреннче на мажачки мислиме И јас, барем некои 3 години ќе си почекам
^^^Знам мило, те читам и тебе, и да ти кажам молам Бога во последно време ај можда трите заедно ќе одиме в тавче Да не бидам оф топик- и ова да знаеш- не прави се луд, знаеш дека тоа сакам
Не дека ми се брза ...ама па ми иде времето, освен тоа сме 5 години во врска, он има 27 и него од дома го запнале И да не бидам офтопик, би му кажала : Лека ноќ сонце мое, убаво спиј
срценце мое колку брзо ни заминаа годиниве, дури 2 години и 4 месеци. паааа знаеш дека паметот ми е кај изненадувањето, не мораше да ми кажеш дека ми спремаш нешто, сега не можам да заспијам. ај ќе ти кажам утре. многу те сакам мое најмило
Мило ми е што си знаеш дека за тебе сум најдобра и најубава и дека подобра од мене никогаш нема да имаш
Не можам повеќе сфати ме!!! се толерирав и твоите лаги, и твоите испади, и твоето неразбирање!!! се!!! ти простив веќе премногу пати! Ми ја повреди личноста, ми го повреди лицето... Ми го скрши срцето и пак бараш прошка?? До кога со лажни ветувања а? јас веќе не можам!
Или јас како жена сум комплицитана или ти пак си со променливо расположение. Знаеш да ме налутиш и расплачеш без ни малку грижа на совеста.Ме тераш да се заљубувам одново и одново , да те мразам и истовремено сакам....и ајде сега крајот не се наоѓа, ми иде да ти ја залепам една и веднаш потоа силно да те гушкам како да те држам в прегратки за последен пат